Едно време водев дневник, но не гледав баш некоја потреба од тоа. Сега исто така, да, но само за кратки бранови. Инаку колку што знам има и електронски дневник, на компјутер си пишуваш со кого си остварил врски. Мојот прв радиоконтакт беше со радиоаматер од Шведска, кој многу се израдува кога му кажав дека ова ми е прв контакт. Инаку најдалечни радиоконтакти што ги имам остварено се Австралија и Јапонија. Така поважни радиоконтакти ги запишувам во дневникот, поготово ако се ептен далечни врски.