Подршка за идејата!
Воопшто не дискутирам дали има потреба од ваква служба бидејќи сметам оти оние кои ги споменуваат мобилните телефони всушност не ни одат во природа па тешко разбираат зошто е неопходна оваа служба која без исклучок ја има во сите ’’нормални’’ држави.
Јас сум активен планинар веќе 10-тина години.
Веднаш да ви кажам оти повеќето поголеми планинарски друштва користат сопствени радио станици и тоа во 100% од случаевите нелегално (без лиценца за Радиоаматер).
Најискрено јас мислам дека планинари, ловџии и сл. воопшто и не треба да го полагаат радиоаматерскиот испит или барем да го полагаат во некоја упростена варијанта (пред се практично и тоа на станиците кои ги користат) бидејќи не гледам причина за користење на рачна радио станица да полагаат за антени, DX-врски, радиоаматерски кратенки и друго.
Всушност она што е потребно овде за оваа проблематика да се регулира е АЕК на Планинарскиот сојуз да му додели фрекфенција/фрекфенции за користење, да се обезбедат (донација од фирми, сопствени инвестиции, донации од клубовите и планинари и сл.) радио станици и повикувачки знаци на планинарските домови со што во голема мера се воспоставува оваа служба.
При доделувањето на фрекфенцијата треба да се земат во предвид постоечките радио станици пред се од Кинеско производство: TYT, Baofeng, Motion...) кој наголемо се употребуваат од страна на планинарите, ловџиите, параглајдеристи, крос-моторџии и др. ,а најчесто нивните фабрички предефинирани канали (фрекфенции) воопшто не се поклопуваат со аматерските фрекфенции одредени од АЕК.
Барем првично не е потребно поставување на репитери, антени и сл., а секако би се користеле веќе постоечките како репитерот на Солунска глава, Водно, R0-Тетово ја покрива цела Шар планина слушам Галичица ќе профункционира...
Се надевам со моето мислење придонесов за развојот на оваа идеја, а секако ќе ја пратам темава и несебично би дал подршка за истата како преку донација така и со мој личен ангажман (би влечкал предаватели, конструкција и сл. доколку се поставуваат по врвови).