Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 12.11.2015, Thursday, 15:36:46

Title: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: DX-er on 12.11.2015, Thursday, 15:36:46
Темата ја отварам се со цел да си споделиме искуства, колкава моќност на излезниот степен даваат радио станиците кои ги имаме.
Радио станиците кои ги мерев беа поврзани на вештачки товар од 50 оми.
Батериите им беа целосно полни а тестот го правев на радиоаматерска фрекфенција на VHF опсегот.
UHF не бев во можност да мерам поради фрекфентното ограничување на Watt/SWR метарот.

Мерев рачни станци и тоа:

- Baofeng UV-B5
Оваа радио станица даде точно 4W на голема снага а на мала снага даде 1,2W.


- Baofeng  UV82
Во случајот со оваа станица снагата која ја даде беше за влакно помала од минатата, па може да се каже дека е 3,95W а на мала снага точно 1W.
Чудно беше кај оваа станица што кога ке стиснев на тастерот после некоја секунда паѓаше снагата можеби до кај 3,8W и не ми е јасно зошто така се намалува ?


- Baofeng UV 5R
Станицата даде околу 3,5W но батеријата иако беше со сите цртички може да беше малце користена пред тоа.


- Kenwood TH78E
Поврзана на надворешно напојување од 13.1V, снагата која ја даде беше меѓу 3 и 3,5W на висока моќ, на средна 300mW а на ниска едвај мрдаше стрелката.

- Motorola GM300
Мобилна станица која е декларирана како 10W а даде 11W што е бонус 1 ват :)

Кинескиве станци Baofeng се декларирани како 5W но даваат помалце. Kenwood станицата е премногу стар модел, може 35 додини да е стара или повеке па вероватно има заслабнато со текот на времето и со работата а декларирана е како 5W висока снага.

Голема благодарност до Z31HG и Z32AL за нивната помош.
Title: Одг: Колкава е моќноста на вашите радио станици?
Post by: Z31GH on 12.11.2015, Thursday, 17:43:15
Еве и јас да дадам известување :)

Motorola GP300, полни 5 вати  

Yaesu FT-1500m, даваше полни 50 вати, но не знам што е работата со неа, сега дава само 30 вати максимум, иако секогаш антените ми имале одличен SWR, речиси чиста единица.

Kenwood TS-700G декларирана на 10 вати, дава максимум 12 вати  ;)

Icom IC751 декларирана 100 вати, мерењето покажа еден или два вати повеќе

Yaesu FT-101Z дреме на полица, не е уште измерена, тоа ќе го сторам овие дена
Title: Одг: Колкава е моќноста на вашите радио станици.
Post by: MilerovEfekt on 12.11.2015, Thursday, 19:30:08
@Z31GH

Мерењата ги правиш во 50оми товар или на антена ?
Title: Одг: Колкава е моќноста на вашите радио станици.
Post by: Z31GH on 12.11.2015, Thursday, 19:56:17
Преку вештачка антена, иста како на сликата
Title: Одг: Колкава е моќноста на вашите радио станици.
Post by: Z3nesto on 12.11.2015, Thursday, 23:57:14
DX-er Kenwood TH78 e модел од почетокот на 90-тите :)

Alinco DR130e - 5W/50W
Baofeng B5 - 1W/5W
Yaesu FT 227RB - 10W
Icom 745 - 100W
Title: Одг: Колкава е моќноста на вашите радио станици.
Post by: DX-er on 13.11.2015, Friday, 10:18:01
Baofeng B5 - 1W/5W

На ват метар ја мереше дека дава 5 вати Баофенгот? Што имаше поврзано на излез, антената од станицата или вештачки товар 50 оми?
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: ivica.s on 13.11.2015, Friday, 11:23:56
Во мојот случај при полна батерија:

Baofeng UV-5RA - околу 5.2 вати со 1.8 вати на 145 мегахерци мерено во антена.

Baofeng UV-B5   - околу 4.3 вати со 1.5 исто мерено во антена на 145 мегахерци.
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: DX-er on 13.11.2015, Friday, 12:42:33
Во мојот случај при полна батерија:

Baofeng UV-5RA - околу 5.2 вати со 1.8 вати на 145 мегахерци мерено во антена.

Baofeng UV-B5   - околу 4.3 вати со 1.5 исто мерено во антена на 145 мегахерци.

А на вештачки товар имаш мерено ? Оти кај мене на антена покажа 6W и како ја мрдам антената така варира снагата. Така да со отпорник 50 оми мери.
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: MilerovEfekt on 13.11.2015, Friday, 13:11:10
Излезна моќност на предавателен уред се мери _исклучиво_ во вештачки товар од 50 оми.
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: GoGo1 on 04.12.2016, Sunday, 23:17:44
SWR Red Dot.
Па вака: Баофенг UV5-RTP  (triple power) декларирана како 8 вати, добив максимални 5,5вати на uhf и 7,1 ват на vhf, претежно при средните фрекфенции на даденото подрачје vhf или uhf.
Следна, TYT UV8000E, декларирана како 10 ватна, добив максимум 6 вати на uhf и 8,5 вату на vhf.
LEIXEN NOTE, декларирана како 25 вати, отчитав максимално 18,3 вати на 436 Mhz,  со ref. 0,23.
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: nsu on 07.12.2016, Wednesday, 00:13:30
Zastone V180 7W е на high а на low 1W. На low точно скоро ват вади. А на high кинез вика 7вати али не е 5. нешто е. 8) ;D
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: DX-er on 19.12.2016, Monday, 22:24:11
Zastone V180 7W е на high а на low 1W. На low точно скоро ват вади. А на high кинез вика 7вати али не е 5. нешто е. 8) ;D
Не разбрав добро, на high на 145,500 дава помалце од 5W ?
Title: Одг: Колкава е моќноста измерена со ватметар на вашите радио станици.
Post by: nsu on 27.12.2016, Tuesday, 18:28:44
Точно пет ај не 4.8 еднаш на почеток 5 меревме кај човек што има ВФ ватметар па не е лошо