Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: kiko_juve on 14.09.2012, Friday, 16:14:43
-
Здраво!
Вака, ќе ми треба помош од Вас ако може да ми кажете што можи да е проблемот со правосмукалката не „трга“ како што треба? Кој дел треба да се провери?
Ви Благодарам!
-
Провери и ги четкиците, може да се отдени и затоа да не тргнува како што треба ;)
-
Фала бато.. ќе проверам за ова. НЕКОЈ ДРУГ НЕКОЕ МИСЛЕЊЕ? :)
-
што подразбираш под поимот „трга“
прво тоа треба да се реши
не мора да се четкиците може да е и котвата отидена ако моторот искри многу додека работи, или пак лагерите да се разјадени, ако мислеше на не „трга“ како не шмука/ нема доволно вакуум тогаш може да е затнат некој филтер, има таму едни платнени филтри (најчесто) за да не влегува ѓубре во моторот, провери исчисти ги
-
од искуство.....
...
.....ко од даааааамна женет....и башка као шеф на девојчиња у фирма...што физикалираат со правосмукалки....ќе се наполнат филтрите со прашина...и ги перат со вода...ко по упатството....со млака...но тоа 5-6 пати...малтене цимент станува....е некад оди до таму и что...“ лел ама добро чисти без филтеров “ и...филтерот е надвор....а кесата пропушта “ микронска“ прашина...и лагерите и малтене четкиците се до гуша во прашина.....чаре ...отварање и едно 3 саати занимавање.....пак ќе кажам - не тврдам ништо - туку моето искуство...
Поздрав
ЗЕЦ
-
Здраво!
Вака, ќе ми треба помош од Вас ако може да ми кажете што можи да е проблемот со правосмукалката не „трга“ како што треба? Кој дел треба да се провери?
Ви Благодарам!
Како што ти рекоа и другите,прво провери ги филтрите и стави нови.Ако и тогаш не влече добро,може дискот со перките од вентилаторот да не е стегнат добро со осовината од моторот,тогаш има лабава врска и не влече добро,баш таков проблем имав пред некоја година.