Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: antonio@arsenal on 07.09.2010, Tuesday, 22:41:02
-
Значи вака, овој засилувач го имам направено во моно верзија и ми е ставен во кутија од комп. напојување засилувачот е поставен во моето стоедно додека во 128ката на таткоми (која ја возам и јас) има радио, Појачалото ми е поставено во колата и го користам како радио..како?? епа вака: Купив од на пазар едни ептен фуш слушалки за мобилниот и едната слушалка дома ја секов и на излез и ставив една бананка која ја приклучвам на појачалото и пуштам песна од мобилниот и песната си свири на звучници пеку засилувачот. Е арно ама сигналот со кој што го побудувам е слаб и засилувачот не е доволно побуден за да извади максимум од себе, Значи ми треба некое предпојачало кое што ке работи на 12в и ке биди евтино и едноставно имав пробано со лм386 ама изгубив живци со него и ми треба нешто друго
-
Еве една проста шема за пред засилувач што ја најдов на нет има bass,treble и volume контрола ;) ;D(http://pic.mk/thumbs/2transisto.jpg) (http://pic.mk/?v=2transisto.jpg)
-
Абе многу елементна е оваа дај нешто ептен сложено, не оти не можам да ја направам ама само ке ми одзема време
-
Еве ти една ''ултра'' проста шема за пред засилувач ;D :D (http://pic.mk/images/preamp1tra.jpg)
П.С: во врска со напојувањето види во datasheet-от на BC109 инаку јас мислам дека 12V нема да прави проблем ;)
-
Можам да најдам bc109 во некој стар уред, како што е телевизор, радио итн.. ??
-
Можам да најдам bc109 во некој стар уред, како што е телевизор, радио итн.. ??
Јас мислам дека можеби ќе најдеш во некое старо радио,ама по исплатливо ти е да го купиш и онака тие транзистори се ефтини! ;)
-
А со bc131 ништо неможам да направам?
-
Незнам дали замена за BC109 е BC131 нека види некој кој го има ECA VRT. ;)
-
Па не е баш директна замена ама може да се употреби.
-
А c331 нема да ја врши истата работа??
-
Ако на него пишува само C331, тогаш е 2SC331 (UHF, 20V, 0,02A, 0,2W, 3500MHz), нема да може, купи си BC109, 7-8 денари се.
-
Значи вака го направив ова од Malecko ама немаше bc109 туку ми дадоја замена c547c и го направив со овој транзистор. Предпојачалото е многу слабо а мене ми треба нешто појако од компјутерскиот сигнал.
На местото на блок кондензаторите ставив електролити , дали тоа е можна причина за слабиот сигнал на излез?? (сепак работи)
-
Во кој смисол слабо, што засилуваш и каде го приклучуваш излезот (на што)? Те прашувам пошто TDA1562 би требало да има доволно засилување?
-
Еве вака сега, предпојачалото кое што го направив го пробав на 4 омски звучник а го побудуав со компјутерски сигнал после компјутерскиот сигнал (без претпојачало) дирекно го врзав на 4 омскиот звучник и се слушаше појако од пред тоа. Замислете значи го добивам спротивниот ефект место со предпојачалото да засилам тоа намалува.
-
Предпојачалото го врза на звучник? Ајде дај шема да го видам тоа како го направи.Обично,пп дава на излез до 1 Волт напон и нема шанса да го пробаш на звучник!? Излезот на ПП треба да го врзеш на влезот на излезниот појачувач со ТДА... и така да го работиш.
-
А нема врска тоа што на местото од двата блок кондензатори имам ставено електролити ??
-
нема.
значи треба да се поврзе..
компјутер--->еквилајзер/предпојачало--->појачало
толку е просто, затоа и се вика ПРЕДпојачало значи се става пред појачалото...
-
И еквилајзер треба??? јас немам такво нешто
-
немора, еквилајзерот е всушност предпојачало, ама со него можеш басот, средните и високите тонови да си ги нагодуваш...тоа е разликата...
-
А предпојачалото нема да функционира како што треба ако не е врзано на појачало
Моето беше на звучник и добив слаб сигнал
-
Предзасилувачот се користи во случаеви каде што влезниот сигнал не е доволно силен да го побуди засилувачот, значи ако сакаш да добиеш појак сигнал стави го на засилувач.
-
предзасилувачот на излез има максимум 1V, и се изведуваат со операциски засилувачи или транзистори кои што на излез може да дадат ептен мала струја, па затоа неможе да погонуваат звучници...
-
Види го овој прилог !
Споено мислење: [time]14 Октомври 2010, 21:39:44[/time]
Еве линиско пп. едноставно како за тебе!
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1917.0;attach=1382)
-
Фала многу дечки профункционира т.е. корни сега :D
-
Супер! Браво.
-
Е сега уште мала ситница, Каков потенциометар да му ставам за да го регулирам сигналот кој оди према појачало? еден имам тој е на појачалото.
-
што потенциометар ти е тој??? а и не ти е доста тој потенциометар???
-
Ова е за стерео влез , доколку сакам за моно влез што треба да модифицирам од шемава :) ?
-
Нема врска се е ок
-
Дај дојди до Велес,да го средам тоа пп и појаќало и да ја затвориме темава,се угушивме! :D :D ;D ;D ;)
-
ахахахах треба да се направи туториал за повррзување на предпојачало ахахаххахаххххахаха ;D ;D :D
-
Луѓе не најдов посоодветно место од ова за да прашам. Ја немав прочитано темава па направив едно предпојачало како на сликата во линкот . Место потенциометар имав клаено 30К отпорник и гласот ми беше вкрај пуштен и по некој сат свирење ми изгореја звучниците. Шо велите вие од што изгореја звучниците? Да го користам пак со некој поголем отпорник или не?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/p13_fig2.gif)
-
Па не даде баш многу податоци за дефектот! Дали со други звучници работи сега појачувачот,дали беа премали/преголеми ( да не клипувало појачалото,ако звучниците биле преголеми за тоа појачало, дали напојувањето беше во рамки на напонот или нешто повеќе,дали појачувачот изобличуваше многу? Што имаше врзано на влезот? Имамногу ДАЛИ и ШТО !? Ајде објасни малку понашироко.Инаку,од предпојачалото не може директно (електрички) да изгорат звучниците.Тие горат од појачалото.!
-
Појачалото со тда7375 го користам нон стоп со влез од мп3 и напојување од компјутер,звучниците беа околу 30W кутии од систем. Го свирев по 15 сати со максимум гласот немаше гајле, го кладов предпојачаото пак го пуштив вкрај, имаше малку изобличување и по некој сат изгоре едниот звучник па по уште некој сат и другиот (басојте ич глас не вадат а високотонците скрос малце шумат).Иначе се друго си е во ред, значи се си беше исто само го кладов предпојачалово. И уште нешто, ова шемата пиши дека е за микрофон
-
Е,па сега кажа имало изобличување! И да е пп за микрофон ,не би требало да изгоре звучник ако било добро направено .Веројатно се работи за нешто друго.Веројатно имало некои транзиенти на излезот ,или диви осцилации од пп кои биле појачани и предизвикале штета.Затоа велам дека не е лесно и обично пп да направиш ,без да мериш и експериментираш.