другарче ми имаше дадено една педала дека не му се свиѓала, па ми викаше прави и што сакаш па ај си викам друга некоја плочка ке направам (и оваа беше правена од некој друг, плочката е ОДВРАТНА или грда) на папучата има 5 потенциометри Level(volume претпоставувам) Distortion (дисторзија) и attack, punch, edge, што стварно незнам за што се, па ке може ли некој да ми преведе на електроничарски јазик што значат тие...дали се како bass middle treble или нешто сосема друго...
Сосема друго се тие, ама не може баш да се објасни на електроничарски јазик, :S, треба малку барем да имаш познавање од принципот на кој се створува звукот кај обичните (аналогните) музички инструменти и како се еквивалентираат тие појави кај synth-овите.
Attack сигурно знам што е, малку е тешко да се објасни... ќе дадам пример, кога некој свири на виолина и кога со гудалото многу полека и без притисок поминува преку жиците, тивко се слуша, нели... ако почне повеќе да стиска и побрзо да го мрда гудалото преку жиците, звукот се слуша се погласно и погласно... епа attack е „синтисајзерски“ еквивалент на тој ефект, од тивко и нечујно да дојде до погласно и погласно. Најпросто кажано, со attack всушност се дефинира времето кое е потребно да се зголеми volume-от од минимум до максимум и потоа определено време останува на максимум, или се додека се трза жицата или се држи дирката (кај клавијатурите на пример). Иако и ова не е баш најточна дефиницја, најпросто објаснето би бизгледало некако вака
.
Останатите два параметри изгледа се карактеристични за гитарски процесори (punch и edge) или така ги викаат кај гитарските процесори, а бидејќи повеќе се разбирам во клавијатури, ќе треба да испробаш што се, ама најверојатно повторно се некои параметри со кои се штелува анвелопата на јачината на излезниот сигнал
.