Author Topic: УВ Штампање Плочка  (Read 3213 times)

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
УВ Штампање Плочка
« Opened on 20.03.2013, Wednesday, 23:03:37 »
Дали можи некој да остави целосен туторијал како се изработуваат овие плочки што хартија се користи ми треба многу прецизно изработена плочка а со обична штампа мислам дека нема толку добро да испадни колку со УВ.
Дали има кај нас во Македонија готови плочки со нанесен УВ спреј видов по интернетов некаде такви ?

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #1 on 21.03.2013, Thursday, 02:26:18 »
Методот се нарекува “печатење плочки со фото постапка“. Нема шанси да најдеш готови премачкани. Позитив лак е мислам дека 1200ден, но ќе ти трае за многу малце. Има на ebay да купиш фото лак, 1 литар е некаде 250USD се раствора 1:3 и добиваш 4 литри боја. Со тие 4 литри имаш рок на траење 1 година и можеш да испечатиш колку што сакаш плочки, нема шанса да го истрошиш а може да извади водови 0.2мм. Ако имаш некој другар или ако сте повеќе можете да нарачате 1L, ќе ви трае таман и нема ќе ви биде толку скапо, а побарај можеби има и помали количини. Доколку не користиш за “сериско“ производство и не ти е за професионални цели, фотопостапката е прилично неисплатлива метода. Тонер трансфер си ја врши работата супер :D

А туторијал јок. Барај на нет ;)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #2 on 21.03.2013, Thursday, 09:30:21 »
Порано имаше готови премачкани плочки кај Ваце, ама тоа беше пред неколку години, не знам дали уште има, побарај негов број во рекламите од емитер и прашај го. Исто така прашај и во логинг, можно е и они да имаат. Иначе, тонер трансфер, во комбинација со ламинатор наместо рачно пеглање дава резултати кои се многу блиску до фото-постапка, еве еден пример колку да видиш што може да се направи така:
Code: [Select]
http://en.electroni-city.com/
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #3 on 21.03.2013, Thursday, 11:07:27 »
Јас барав спреј за фото постапка во логинг ама нема и ми рекоа и дека нема ни да има бидејќи имало некои проблеми со увоз на таква роба и не им се исплатело. Барем така ме информираа

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #4 on 21.03.2013, Thursday, 12:12:10 »
Ти треба добар штампач, што ќе печати квалитетни слики, оваа харијава прозирна што е не знам какао се викаше, фото спреј ув извор(живина сијалица, ув неонки диоди... ) и сода каустик(за сапуни, ја има во земјоделски аптеки). Прво се печати колото на хартијата, која по печатењето се фиксира(се лепи со салотејп) на плочата и се става на зречење блиску до ув изворот така да зракот паѓа под 90 степени. Поради дисперзијата, подобро е печатењето да биде "miror size" односно како во огледало, па хартијата се става така да тонерот е во допир со бакарниот слој од плочката. Исто така хатријата треба да е добро налегната на плочката. Најдобро решение е плексиглас(така мислам се викаше прозирна пластика, слична на стакло), но може да се исечи и рамна поврчина од опаковка за сладолед колачи или слично(знаеш на што мислам... ). Под рамната површина се поставува изворот на светлина(згодно е да се направи како кутија) а над површината се става листот со колото, така да на површината допира на неиспечатената површина, за испечатената површина да дојде што е можно поблиску до бакарниот слој поради дифркција и дисперзија. Одкако е поставена плочката со бакарниот слој на долу, т.е. кон изворот на ув, добро е да се страви некој товар што ќе ја прилепи кон хартијата. Фото спрејот треба да се нанеси "во еден здив", односно во еден потег, почнувајќи од средината па со кружни движења кон надворешноста на плочката, рамномерно, без додатнии префарбувања, препрскуњање, прекини во прскањето или слично. треба некое време да се подзасуши. треба малце пракса во нанесувањето на лак. Дифракцијата и дисперзијата од ув изворот мора да биде рамномерна, па се користат леќи(слични на фарови од ауто), но ако се добрто распоредени сијалиците не мора.. Затоа изворот е составен од повече помали извори, на пример од 50 лед ув диоди, од 7-8 неонки и сл. Живините сијалици се добри од аспект што се доста интензивни(доволно интензивни да ако постоиш пола саат во нивна близина да ти се испече кожата или да сонуваш соѕвездија цела вечер...) но светлината ја даваат од мала површина, па е доста концентрирана, треба да правич сочила од огледала, а ако ставиш 10-тина ампули ќе имаш проблем со топлината. Диодите се доста добри со тоа што може да се одреди точна распределба на елементите и точна оддалеченост од објектот што се осветлува(плочката) за светлината да биде рамномерно распределена бидејќи од дата шитот може да се види аголот на зрачење на диодата. Исто така и не ослободуваат значитена топлина. претежно диодите се најдобро решение. За неонките немам читано, па ќе ги изоставам во мојв коментар. Во зависност од интензитетот на светлината, објектот(плочката) треба да се зрачи одредено време(1-5 саати за зивини сијалици 10-24 саати со диоди) за фото спрејот да се разгради. По зрачењето фото спрејот се одстранува во раствор на каустична сода (не го знам точниот сооднос, но по мое 1:10-1:20) по што плочката се плакне и се става во раствор од хидроген хлорид(hcl, клозетска киселина), вода(h2o по можност дестилирана, ама и "чешмоваќа" брка работа), и 6% хидроген(чист медицински, не со бланш или други додатоци) (1:2:1).
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Hydrochloric_acid
http://www.epa.gov/ttnatw01/hlthef/hydrochl.html
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC_%D1%85%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%B4
Не дека не знаеш, само се осеќам должен да напоменам дека гореспоменатите хемикалии може СЕРИОЗНО ДА ГО НАРУШАТ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ ИЛИ ДА НАНЕСАТ СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ НА СРЕДИНАТА, па ако се одлеваат во околината треба да се разредат најмалку со 1:10 вода, а каустичната сода се неутрализира со киселината и хидрогенот, па може да си измешаш, но е малу ризично поради испаривањата, најдобро е да ги туриш во вц шоља едно по едно со неколку кратно пуштање вода. Мој предлог за кутијата за осветлување на сликата што следи во прилог

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #5 on 21.03.2013, Thursday, 14:08:46 (Edited 25.02.2014, Tuesday, 22:03:04) »
осветлувањето не мора да е со УВ скапи сра*а, доволни се 2 сијалици со голема моќност за 20мин е готово ;)
нагризувањето изврши го со солна киселина HCl и хидроген. Доколку е хидрогенот 12% растворот треба да биде 2:1 (2 солна 1 хидроген) додека ако е хидрогенот “појак“ - јас користам 35% треба 3:1 или 4:1....плочката се нагризува за 2 мин.  Вода додавај доколку имаш малку од растворот и се презасити а сеуште плочката не е готова малку вода би го убрзала процесот ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #6 on 21.03.2013, Thursday, 14:59:42 (Edited 21.03.2013, Thursday, 17:37:04) »
Цитирам:

*осветлувањето не мора да е со УВ скапи сра*а...*. Престани со вакви изрази одти ке мораме предвреме да те *пензионираме* некое време!Не ти е прв пат да те опоменеме за вакви изрази и однесување.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #7 on 21.03.2013, Thursday, 15:04:26 »
ок....со УВ скапи неонки, лед диоди, сијалици и ред други работи. :D

само 1 прашање...ако е напишано со ѕвездичка * дозволено е? како ср*ња...или скроз да се исфрли од употреба некултурни зборови? :))

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #8 on 21.03.2013, Thursday, 15:46:27 »
Подобро нека нема и ѕвездичка,нека биде покултурно 8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #9 on 21.03.2013, Thursday, 17:40:33 (Edited 21.03.2013, Thursday, 17:43:14) »
само 1 прашање...ако е напишано со ѕвездичка * дозволено е? како ср*ња...или скроз да се исфрли од употреба некултурни зборови? :))

Ако ептен мораш, поради „ефект“ или доловување на емотивна состојба (на пример, изнервиран си поради нешто). Инаку, да, не е дозволено пцуење на форумот. batka е во право, се трудиме да го држиме форумов „на ниво“ ;) (културен ;)). Тоа е наведено и во правилата.

4.7. Забрането е користење на псовки во коментарите од членовите на форумот. Доколку е навистина неизбежно користењето на истите со цел да се долови определена емоционална состојба или ситуација, псовките треба да се „маскирани“ со ѕвездички (астериск).



Продолжете со дискусијата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #10 on 21.03.2013, Thursday, 19:14:11 »
Исто така осветлување можеш на сонце, со црни ув неонки (300ден последно купив), бели неонки со УВ светлина (како во солариумите) тоа е најпогодното решение ако успееш да најдеш. Се тоа е разлика на време, во зависност од лакот плочките може да се развијат од 15секунди до 25мин во зависност од изворот на светлина и лакот-времетраењето е зададено од производителот.

Премачкани плочки со фото лак може да се најде во Македонија, но се прескапи....1 другар пред некаде 3-4 месеци купи 210 ден - 10х10цм што е прескапо.

:D

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #11 on 21.03.2013, Thursday, 20:07:46 »
Исто така осветлување можеш на сонце, со црни ув неонки (300ден последно купив), бели неонки со УВ светлина (како во солариумите) тоа е најпогодното решение ако успееш да најдеш. Се тоа е разлика на време, во зависност од лакот плочките може да се развијат од 15секунди до 25мин во зависност од изворот на светлина и лакот-времетраењето е зададено од производителот.

Премачкани плочки со фото лак може да се најде во Македонија, но се прескапи....1 другар пред некаде 3-4 месеци купи 210 ден - 10х10цм што е прескапо.

:D
Па и не е премногу толку скапо значи 350-60 би била 20x20 каде можи да се најдат?

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #12 on 21.03.2013, Thursday, 23:57:24 »
Ги купи од алфа битола мислам дека...или пак побарај во логинг и други доброопремени продавници ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #13 on 22.03.2013, Friday, 01:43:07 »
па не знам диодите колку би фатиле... сепак најпрецизно е со нив... Зависи какво потреба имаш, за што се наменети... а како што се зголемува ув факторот- да ќе може и на сонце да ги печиме наскоро:) Нели требаше да се стават прво во разтвор на каустична сода па во киселина? или гршка сум... одма имам читано за фото постапка...
 stiffy може да објасниш каков е тој тежок тонер, кој штампачи го користат...
добро го објасни тоа со проѕирноста на печатеното коло...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #14 on 22.03.2013, Friday, 16:53:06 »
Најдобри резултати дава оригинален HP тонер.