Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Озвучување => Topic started by: Tarabuka on 26.03.2010, Friday, 13:50:43
-
во кола имав два звучника, и сеа додадов уште два и имам вкупно четири. Јас ги поврзав сериски, па сакав да ве прашам дали е добро така или подобро е да ги поврзам паралелно
-
Колку омски се?
-
4 омски
-
*Ако се поврзани сериски два 4 омски звучни:
Z=Za+Zb
Z=4+4
Z=8
Заедно има 8 ома, ако Zr е импеданса (пример 4) на илзезот од засилувачот а Pr е процената моќност на засилувачот (пример 50W), за заедничката излезна моќност се добива:
P=Pr x (Zr / Z)
P=50 x (4/8)
P=25W
*Ако се поврзани паралелно два 4 омски звучни:
Z=(Za x Zb) / (Za + Zb)
Z=(4 x 4) / (4 + 4)
Z=2
Заедно има 2 ома, и ако ги земиме истите примери од преска излезна моќност добиваме:
P=Pr x (Zr / Z)
P=50 x (4/2)
P=100W
Па по ова мислам подобро ќе е да ги врзиш паралелно...
-
Ако имаш радио на кое пишува барем 4х40W ќе ги поврзеш Паралелно со постоечките и ќе добиеш моќ колку што пишува на радиото, иначе радиото на 4 оми дава околу 24W по канал максимум. Ако имаш постаро радио (произведено пред 2000-та) не ги поврзувај паралелно туку сериски.
-
Сега пак не разбрав- сериски или паралелно?!!?
-
која мокност ти е радиото?
-
А колку излези имаш на радиото?
-
Дечки гледајте дека постот е одавна човекот сигурно се снашол досега.
-
Да но сега прашува batka. :)
-
ако е 4x50w ке мозе да приклучи дури 8 звучника од 4 ома на секој излез по два паралелно
-
не се сложувам со ова бидејќи ако му ставиш два звучници паралелно ке се добие отпорност на звучниците по канал од само 2 оми така што засилувачот ке се оштети кога ќе дојде до голем излезен сигнал од засилувачот ( над 50 %)
-
Не мора да значи дека ќе се оштети, зависи како е дизајниран засилувачот, можеби има заштита од преоптоварување, или можеби може да поднесе товар од 2 оми по канал. Сепак, како и да е, се сложувам дека е ризик ;).
-
точно така но ако има заштита мене ми се случило да засилувачот прекинува односно се активира заштитата и по неколку секунди повторно се активира (се додека излезниот засилувач не ја симне температурата до работната)
-
Знам, тогаш па „сецка“ звукот, нервира... :S
Со 8 омски (па мислам дека и со 6 омски) врзани паралелно не би требало да има проблеми ;). Засилувачот би требало да може да поднесе 4 оми... па мислам дека повеќето засилувачи не би требало да имаат пробеми и со 3 оми ;).
-
Модерните авто-радиа се правени со TDA83xx и тие без проблем работат на 2 оми но најчесто проблем во автомобилите се лошата инсталација.
-
Модерните авто-радиа се правени со TDA83xx и тие без проблем работат на 2 оми но најчесто проблем во автомобилите се лошата инсталација.
Како мислиш лоша инсталација..јас би рекол дека проблем е ладењето.имам вградувано радија во коли и додека не е вградено го вклучувам за да чујам дали е се во ред поврзано.за кратко време ладилникот станува врел не мозеш со прсти да го допреш и тоа поврзано на 4омски звучници а како би било на 2ома не знам
-
Мислам на лоша инсталација е што фабрички вградената инсталација во поголем дел од возилата е наменета за максимум 8 до 10 ампери. со 10 ампери на 12В едвај се напојува радио со 4 поврзани звучници од 4 оми (4х20W) и тоа е многу. Па доколку се стават 2 оми звучници напонот ќе падне (и ќе грее инсталацијата) така да поголема моќ од самото радио нема ни да осетите. Ова може да се среди со носење на подебели жици за плус и маса до самото радио. А околу греењето што го спомнова danix01 е стварно голем проблем и мора да се реши, значи да се види каков е просторот за радио во автомобилот и по можност да се направат отвори или да се сече задниот дел целосно за да може да се лади радиото. На 2 оми (со сменета инсталација за напојување) овој проблем со греењето е уште поголем но ако го решите нема да ви треба дополнителен засилувач бидејќи ќе имате доста снага од самото радио (160W - 8 звучници х 20W ако имате место или има 2 омски звучници многу квалитетни од серијата на JBL и ќе ви требаат само 4 звучници за 160W). Јас имам решено вака (колку за информација). Звучници во маската и во вратите JBL од 4 оми врзани паралелно и ставени на излезот за предните звучници од радиото. Звучници елипси назад на задната клупа JBL од 2 оми и одат директно на излезите за задни звучници на радиото. Радиото е со можност за 2 омски излези (4х45W / 2 оми) со што е невидено гласно и без засилувач, нормално задниот дел од „корпата“ за радио во автомобилот ми е сечена заради ладење и радиото е прицврстено дополнително со метални ленти за шасијата заради подобра маса и против крадење (не се вади радиото, барем не во 1 дел :) ). Се разбира имам ставено посебна жица од акумулатор дебела за напојување на радиото, има голем ефект дебелината на инсталацијата за радио и да не заборавите треба подебели жици и за звучниците, на 2х0.75мм туку барем 2х1.5мм.
-
Батки,кај отидовте - цовекот сигурно ги изгоре излазите до сега.
-
Хаха, штом го нема да пише сигурно ќе менува TDA :)
-
не сум менувал..барем на моето радио не....а дали некое цепкал по ЛГ радио какви излази имаат ТДА ли се и кај нив.бидејки не сум го отварал радиото па не знам
-
не сум менувал..барем на моето радио не....а дали некое цепкал по ЛГ радио какви излази имаат ТДА ли се и кај нив.бидејки не сум го отварал радиото па не знам
Ни сериски ни паралелно,..најдобро куписи радио со 4 излези и потоа ич ќе немаш гајле!!??
-
мисла поентата беше да се врзат 6 звучки... најверојатно че треба некое поефтино и помалку снажно појачалце. така е најдобро, према мене. Инаку на јвц-то имаше некое HA интегрално, али некао доста добро ги тераше елепсите.