Прво- тешко ке најдеш така големи парчиња фурнир.Фабриката во Кавадарци ја затворија,во Грција исто,за Србија и Босна не знам! Фурнирот во основа е скап- да знаеш! Постапката на лепење е деликатна за аматерски услови(преса,стеги...) Подобра идеа е да најдеш еднострана оплеменета иверка 1,6 см од кои едната страна е сирова иверка,а другата е како босанка(фурнир,маклу погруб,можеби треба да се китува!)
Ама ,тоа е поедноставната варијанта.Во основата е добар алат.Препорака- прво фурнирај ги парчињата-после составувај звучна кутија! Еве уште неколку модели: ЈБЛ со ткаенина(како тенок филц),активна пластична кутија-заден дел со приклучоците,и класика рок-вуфер за бас со 15 -ка активен со вградена електроника.ЈБЛ има звук,ама ако го закачиш на нешто филцот се познава,пластиката е пластика -лесна за транспорт,има изглед,се обновува со спреј и свети!
Овој вуферов е класика шприц со двокомпонентна боја( измеѓу слоевите дури има ѕвезди,месечинки...
Споено мислење: [time]06 Јануари 2011, 15:26:06[/time]
Во последно време гледам дека има нова технологија на нанесување на материјал со зрнеста структура на плочата,а потоа со шмиргла (електрична,разбира се!
) се гланца фино површината. Структурата се гледа зрнеста,ама е мазна и тврда како камен и добро изгледа! Ако некој знае или има познат што работи со таква технологија нека пише нешто ,бар да дознаеме два три реда и секако која е цена на овој вид обработка.Еве и пример!