Author Topic: TL звучник и полнење со лио  (Read 1936 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
TL звучник и полнење со лио
« Opened on 23.02.2015, Monday, 17:20:20 (Edited 23.02.2015, Monday, 19:13:12) »
Еве нешто интересно.
       Ова е трансмисиона линија звучник со 8 инчен драјвер, должина на линијата е 220цм, а звучникот е наместен на 1/5 од почетокот на ТЛ. Така се елиминираат 2,3,5 хармоник. Ѕидовите се рамни со плоштина на линијата од 200цм2
       Дампирана е не прегусто на почетокот од линијата како што е прикажано на сликите. Другиот дел од кутијата не е дампиран, но само крајот го дампирав и удрив неколку мерења. Резултатот е интересен.

    

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 Ѕlidermc ,понекогаш ме чудиш  8) Што е интересното?? Па најнормално е тоа што го добиваш.Цитирам:*Така се елиминираат 2,3,5 хармоник...*.Па ? Тоа е најнормално. Јас секогаш велам дека треба малку повеќе да се експириментира со дампирање,разместување,свртница... Нема здраво за готово.Мораш да признаеш дека со ниедни параметри ова не можеш да го сознаеш,туку само со проба и експериментирање. Не е ова никакво лицемерие или омаловажување ,навреда.Не го сваќај ова така.Пробај лесно да ја исполниш целата кутија,па ке видиш промена. 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка сподели искуство. Јас тоа го правам тука. Кажи нешто ново да се разврзе темата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па за почеток залепи на секоја страница ( ама да не биде во низа!) по еден прст тервол или сличен компактен материјал. Да ме сватиш- прво започнуваш од површината позади звучникот,па продолжуваш долната страна под звучникот ,па наредната е едната бочна страна и се така наизменично.На крај отворот на ТЛ го дампираш лесно (растресито влакно ) во должина од околу 10 см.Мери и пиши.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: TL звучник и полнење со лио
« Reply #4 on 23.02.2015, Monday, 23:24:55 (Edited 24.02.2015, Tuesday, 13:10:00) »
Пробував со сунгери на зидовите, и недампирано. Има многу бас. Тоа го гледав од ПМЦ звучките, идеологијата им је бајаги интересна. Еве едно линкче демек за нивната АТЛ технологија.

The ATL™ (Advance Transmission Line Speakers) from PMC®

Споено мислење: [time]23 Февруари 2015, 23:29:03[/time]
Но е доста чудно, мора барем мал дел да е дампиран од звучната кутија со лио, особено почетниот дел.

На тој начин мислам дека помагаш при дампирање на рефлексиите кои би се случиле во самата кутија близу звучникот кои ке имаат одзив на звукот во средните ФР.

Плус така се намалуваат оние дупки на секој хармоник од резонантната ФР на цефката.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: TL звучник и полнење со лио
« Reply #5 on 23.02.2015, Monday, 23:42:25 (Edited 24.02.2015, Tuesday, 16:02:17) »
Сум пробал да поставам позади басот сунгер,ама не од обичниот ,ами од оној црниот,проводниот ,од заштитата за матичните плочи ,дебелина 2 см.Дава интересен ефект.Потоа сум лепел лепенки од тер- хартија(хартија со битумен прелиена ) во два -три слоја,на која се налепува накнадно тервол во размаци,не континуирано.Точно е дека ке се зголеми бас подрачјето,добива колорит,па затоа е потребно прецизно решавање на должината на линијата.Направив еднаш една кутија на која предната плоча можеше да се поместува ,укосува по хоризонталната оска и да се стеснува горниот премин,а долу да се продолжува и отвора (шири) отворот .Ти треба тврд ,не гумиран бас ( јас имав 6,5 инчен Филипсов бас ,премачкан со дрвофикс и најситна песок).За ова пишував мислам. Таа кутија имаше потисок од некаде 102 дб,што е право чудо за толку мал бас.Веќе реков дека нема време да експериментирам,одамна.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: TL звучник и полнење со лио
« Reply #6 on 24.02.2015, Tuesday, 12:06:38 »
Имам забележано, што полош бас-звучник, со пониско Фс и висок Qts дава многу повеке бас. Во истава линија пробав неколку баса, и оној најлошиот по карактеристики свиреше најдобро :D Целата кутија пробував место со лио, со сунгер ептен иситнет на парчиња, ја наполнив целата кутија, но резултатот беше лош. Го пригуши скроз басот. Па и терволот е нешто приближно до лиото, само многу густо спакувано. Со нив во ред звучи.