Значи вака, се користи ферофлуид исклучиво, бидејки само тој може лесно да се вклопи во магнетната пукнатина, и да не истече на калотата од високотонецот. Тоа би било катастрофално. Се користи на високотонци во најголем дел од случаите. Користењето во бас ке направи повеке проблеми отколку благодети.
Маслото воопшто, помага при спроведување на топлината од калемот на металот од магнетот, и ја намалува дисторзијата. Се смета дека и ја намалува импеданцата на резонантната фреквенција. Ферофлуидот во високотонците, е доста течен, ова го кажувам од искуство.
За да биде едно мерење легитимно, мора секогаш да се запазат истите параметри. Да станува збор за ист високотонец, кој ке биде мерен пред, и после додавање на маслото (кажав зашто мора да биде ферофлуид). На иста одалеченост, на исто место, со исто појачало итн...
А тоа од уво е на жими мајка.... Кога се мерат вакви субтилни разлики, и 2 милиметри поместување од стандардниот сетап, може да не излаже за тоа дали има или нема разлика. Имам цела сесија со мерења направено за подобрување на Visaton W200, и не е баш просто.
Се надевам дека во сабота ке успеам да најдам прашина од ласерски принтер, и да видам дали ке се добие нешто слично на ферофлуид, кој ке остане во магнетната пукнатина.
А од батка сум комплетно разочаран. Првин ја буцка темата па после одстапува.
Експериментирајте, можеби мојата проба нема да е успешна, повеке глави се попаметни од една. Секое знаење е добредојдено, секако доколку е навистина испитано а не само од интернет прочитано.
Баш ми е мило што повеке учествуваат во оваа тема, на странските форуми врие од вакви модификации, и некои навистина се успешни и плодни. Јас лично секогаш користам некои од тие модификации.