Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: Otpor on 21.03.2014, Friday, 21:19:46
-
Разгледувајќи така стари броеви на Сам-ови,налетав на проекти за звучници кои користеа Dynaudio компоненти кои користеа ферофлуид во високотонците као за подобра линеаризација и слично.Е сега колку беше реално тоа подобрување не знам но составот на ферофлуидот беше строго чувана тајна.
Работава е следна-бидејќи читам,овде има некои дечки кои имаат добра опрема за аудио мерења,еве му една ,,домашна" ;)
Ако имате некои високи за фрлање,доодуша скоро сите кај нас се такви,нека земат нека измерат карактеристики пред да го отворат но да се внимава на положбата на калотата и бројот на вртења на штрафовите при отворање бидејќи ќе им треба при центрирање во затворањето.
Е сега еднаш отворен викаат дека не е истиот како фабричкиот ама кој знае...
Како ферофлуид нека се користи ,,нешто кое трпи висока температура да речеме сае 15,се нанесува само 1 капка на намотката и потоа се затвора внимателно.И повторно се мери ,нормално. За резултатите верувам ќе не обавестите ;D
Ако озбилно се пристапи кон ,,проблематикава,, истата можи да се користи при натпревари па и поозбилно...
-
Не може да замениш ферофлуид со обично масло, самото име ти кажува ferrum - на латински железо, тоа е некој течен медиум во кој што има мошне ситни честички железо, поради што ферофлуидот може да се магнетизира.
Инаку служи за подобро ладење на намотката од звучникот.
-
Пред дваесет години( и повеќе) се одеше во Бугарија по звучници во Благоевград.Имаа фабрика ,добро опремена и покрај се правеа и некои звучници за извоз.Тие 15-ки ги добиваа во картонски кутии,комплет,па ги составуваа и пробаа ,а им лепеа налепница ОБЕРТОН,Кој како сака нека кажува,ама тоа беа басови со одличен квалитет ,И денес многумина употребуваат Обертон,да се знае.Е,сакав да кажам дека ги подмитивме мајсторите да ѕирнрнеме малку и тогаш за прв пат видов бугарски ферофлуид.Тие ги премачкуваа шпулните со мешавина на SAE 90 и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.Тогаш се чудев,ама навистина *има нешто*,Имам пар високотонци и ке пробам :D
-
Тие ги премачкуваа шпулните со мешавина на SAE 90 и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.
Каква е оваа субстанција?
-
SAE е градација за вискозитет на моторни масла
моторно масло SAE 90 се користи за подмачкување на менувач кај моторни возила
-
Хахаха ;D, SAE90 и графит - „оригинал“ ферофлуид... 8)
-
Високотонци со ферофлуид на пазаров кај нас се ТЕЛЕ-СТС110х, Visaton - G20SC, SC10N.
Ферофлуид е магнетна течност. Способна е да ги засили и центрира магнетните силови линии во магнетната пукнатина. Помага при ладењето и значително ја намалува дисторзијата на повисоките фреквенции. Но заради нејзиниот вискозитет, сепак малку ја намалува СПЛ на дадениот звучник.
Ферофлуидот многу лесно седи како да е залепен и ја зафакја целата магнетна пукнатина, но не излегува од неа токму заради магнетните карактеристики. Значи не е целиот звучник полн со ферофлуид туку само магнетната пукнатина.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/speakerSchematicSmall090210.jpg)
Не се става во драјвери со поголеми одови на мембраната бидејки предизвикува :плескање: Се користи главно во среднотонци и високотонци.
Еве вредни модификации за високотонци, кои сигурно ке го подобрат нивниот квалитет
(http://www.speakerdesign.net/tweeter_tweaks/pole_piece_felt/tweeter_tweak_ppf_725c003.html)
Преку интернет може да се нарача ферофлуид за звучници но е многу скап, јас лично сакам да ставам во сите мои високотонци кои ги користам.
Батка, дали има магнетни својства и останува во пукнатината таа смеса? Можеш ли да пробаш и да кажеш на форумов, дали навистина работи?
Отпор, кај нас повекето високотонци се многу лошо центрирани, секој пат пред да ги истналирам во некоја поозбилна кутија, првин ги мерам и пробувам дали се точно центрирани, а ако не се тогаш пристапувам кон центрирање (макотрпен процес) :D
Споено мислење: [time]22 Март 2014, 11:45:23[/time]
Други модификации на високотонци се, нивно премачкување доколку се голи софт-домци, додавање на магнет, дифјузер, вејвгајд,
-
Да,SAE 90 е масло за менувачи или за некои машини.Имам пар AUDAX високотонци со ферофлуид и ке отворам еден за да споредам оригинален ферофлуид со *правениов*.Имам некоја графитна прашина во тегличка,само не паметам со каква градација беше.Но сепак ,во погоден момент ке направам две три смеси со различна густина ( вискозност) па ке пробам со високотонциве.Да појаснам дека Бугариве ставаа во басови Обертон од таа смеса со намена за ладење на калемот.И тоа работеше навистина.Значи во прва погодна прилика ке средам нешто и ке извршам мерење,да видам дали ке отстапат ( и колку) карактеристиките на оригиналните драјвери.
-
На ова не му верувам, ЧИСТИОТ графит е малку диамагнетен, значи оваа смеса не би требало да се однесува како оригиналот во кој има ЖЕЛЕЗО. најдобро е, наместо графит, да се стави тонер во прав, тој содржи железо кое е многу ситно измелено. Пробај така батка, претпоставувам дека имаж таков тонер во продавница кај тебе, а оригинал течен тонер, ако содржи железо (што е многу веројатно) би требало да е многу добар во оваа функција... ;)
Еве видео, кое според мене не е многу за верување, ама вреди да се проба... ;)
How to make Magnetic Fluid (ferro fluid) (http://www.youtube.com/watch?v=vsQh1AT6qUE#ws)
-
Кило,за линков ќе те предложам за Октомвриска награда... ;D само кај да најдам оригинален тонер за ласерски печатачи а ова маслово (вегитабле) го има негде кај нас ?
PC.Коло,од кај си дечко ?
-
Кило,за линков ќе те предложам за Октомвриска награда...
Ова беше иронија??? ;D
-
Отпор,она со прашината за тонерот нема да ти пројде. ;D Прво многу е ситен,па густина нема да добиеш со малку тонер.Второ ,овој графит што го имам е малку појадер од прашината за ласерски тонер,па мислам дека ке оди подобро.Трето ,*вегетабле* е многу ретко .Ова што експериментирале некои не значи дека е и * конечна верзија*.Ке пробаме. ;)
-
Само напомена, не си играјте со тонер од ласерски принтер, затоа што е канцерогена материја.
-
Сите што работат со прашина, обавезно наочари, маска за уста и нос и нараквици, за течниот немора, не лета на сите страни, но затоа многу флеки прави, и тоа трајни (или тешко се чистат).
*вегетабле* е многу ретко.
Многу ретко ??? , па секое масло направено од растение е "vegetable", растително, а и она што го спомнавте, SAE 90 би требало да работи ако тонерот содржи сурфактант...
Споено мислење: 22.03.2014, Saturday, 16:14:47
Под прашина, мислев на "тонер во прав" ;)
-
SAE 90 е многу погусто од обичното масло за мотори.Под *vegetable* се мисли растително масло .Во случајов јас не би користел тонер прашина туку ке пробам со графит. Најдов некоја литература па да прочитам прво некои работи.После ке коментирам.
-
Кило,за линков ќе те предложам за Октомвриска награда...
Ова беше иронија??? ;D
Шега ,нормално... ;) и едно мало фала за линкот како за идеа
-
SAE е градација за вискозитет на моторни масла
моторно масло SAE 90 се користи за подмачкување на менувач кај моторни возила
Аха ;), благодарам за информацијата ;).
-
90-ката е дебело ( како мед) масло кое се става во мемувачот.Воглавном е со синтетички состав.Ферофлуидот ја има истата конзистенција,само е потемен ( темно кафеава боја има).Ако го ставиш меѓу прстите се сеќава дека во него има многу ситни гранули од феро материјал.Јас сепак ,како што читам не би ставал тонер прашина,ами ке одам со графитна прашина.
-
Дефинитивно графит нема да пројде. Треба се многу ситни честици со магнетни својства дадени како многу примери на интернетот како железо(III)оксид. Но ако е само магнетен прав и масло, тогаш при првиот контакр со магнет, честиците ке се одвојат од маслото и ке се залепат на магнетот. Токму затоа се става емулгатор, за да ги заобиколи магнетните честици и да ги спои во некаков сразмер со маслото. За тоа користат олеинска киселина.
Имам пријател, професор по хемија на Хемиски Факултет, ке го замолам да помогне во оваа тема.
-
Јас сега читам некои материјали и гледам некои примери токму со графит.Тоа е некоја руска техника,која се базира на намалено триење на калемот и негово присилно ладење во медиум кој не е воздух.Ова не е ист принцип и состав како ферофлуидот,но е поевтин и како гледам веќе испробан и до некаде прифатен медиум.Но,додека не се проба не се знае како ке функционира.
Споено мислење: 22.03.2014, Saturday, 19:53:10
Иначе теориски,да направиме домашен ферофлуид не држи.Не е во секој случај толку скап,ако лесно може да се направи дома! ;)
-
тонерот не мора да е оригинален, тонер си е тонер и е составен од железо, дали фероксид некој или ферит (што е слично) и пластика многу ситно издробена. Со разредувач(е сега не ми текина дали уљен или нитро или па бензин ставав..) се седименрира феритот а пластиката останува горе. Мислам дека баш платиката ако се вдиже може да предизвика мозочен удар или други компликации, но затоа ќе работите со маска и нараквици. Секако кога ќе се натопи со разредувач станува како вода и не може да се вдише, значи не може да се вдише, но сепак може да навлезе орално или реку порите. Одкако ќе седиментира смесата, истурете го горниот слој така да во садот да остане само феритот (или што и да е)
и постапката повторетеја уште еднаш. За побрза седиментација садот поставете го на магнет. Нс крај одвоениот ферит ќе биде како катран, и ако го оставите да се исуши ќе се стврдне, па затоа измешајте го со масло. Вискозноста и количината на маслото одредете ги експериментално.
Она што ќе излезе како вишак, т.е. пастиката може да ја користите за полнење на фломастери со кои цртате плочи, затоа што кога ќе се исуши станува многу цврста и со таквиот маркер ќе иумате многу подобри резултати него со некои скапо платени маркери. Едина мана е што после 5-6 преполнувања маркерот ја губи бојата а лиијата е прозирна, бидејќи седиментот е прозирен како вода.
-
Тоа е бицикле сосема друга работа и пригода.Ова што го читам сепак кажува дека постапката за добивање на ферофлуидот е скапа лабораториска постапка и макар да имаме најдобра воља ,сепак во домашни услови не може да се направи без соодветна опрема.
-
Батка, може ли линк од рускиот сајт, односно матерјалите каде е користено графит?
Бицикле, дали навистина си ја изработил оваа процедура?
-
Ова за ферофлуидов го читам од книга! 8) На рускиот сајт за пребарување треба да си порано ( многу порано активиран,бидејќи сега не ти дава да се зачлениш),за да можеш архивата да ја пребаруваш. :-\
-
Мене ми е чудно со графит, тој е дијамагнетик, ке се одбива од магнетот. Прикачив поназад во мој пост за ферофлуид кој се користи за звучници (научен труд)
-
Графитот го намалува триењето,а добро се меша со маслото,можеби затоа е тоа направено.Велам руските басови ( некои) имаат вакво * ладење*,барем тоа со сигурност го тврдам бидејќи сум ја видел постапката која ја правеа во Благоевград.Иначе.ова фирма во Благоевград сега е превземена од странски партнер и работи исклучиво за извоз.Да не ве чуди ,ако налетате некаде под бренд-нејм да стои * направено во БГ*. 8)
-
Нема правено твикинг, имам само фломастери полнето а со остатокот само си има играно гледајќи на интернет видеата. Таа супстанца ми изгледа најблиску до ферофлуид, затоа го дадов предлогот. Магнетното поле би требало да е најјако баш кај тие желевцата, па така да нема да се разлее смесата. Со графитот незнам што би се постигнало, нема ни магнетни својства ни некоја добра термопроводност па да лади. Има нови масла за коли(како кастрол маџнетик) кои имаа својство да се прилепуваат за металот, па така да не би требало да се седиментира или да се оддели тонерот од маслото.
Па ова и не е некоја процедура, кој го интересира не гледам причина зошто не би пробал...
-
Се однесуваше исто како ферофлуидот на клипчињата? Јас успеав да најдам матерјали, па следнава недела се надевам ке можам да ги изведам мерењата.
-
Да, го "фаќа" магнет. Патем графит со товатна маст се користи во ситуации каде што има екстремни триења, на приемр осоввина од некое возиле, каде што се пренесува цела снага од моторот, графитот и маста служат за флуидно пловење, т.е. да не дозволат да се допри метал на метал. Ако имаш време и воља може да додадеш и графит па да премериш, иако не гледам некоја птреба овде, секако намотката е оддвоена доволно од магнетот. Инфо: во моливите за пишување фрафитот е измешан со восок од свеќа.
-
Инфо: во моливите за пишување фрафитот е измешан со восок од свеќа.
Незнам за ова, ама сум сигурен дека користат глина и мала количина железо, затоа црнките најчесто се лепат за јаки магнети. ;)
-
Глина може во боиците или во 2H моливите, до сега не ми се деило да ми залепи црнка на магнет. Како и да е ако експериментирате го графит од молив, кој најверојатно ќе го шмирглате побарајте 2б молив(најмеките)
-
Не се лепи многу, ептен минимално (едвај се додржува на магнет од хард диск), но се лепи ;)
Глина има во сите, колку одиме од 10H до 10B, толку има помалку глина во црнката ;)
-
најверојатно прајш муабет за технички молив.. ?
-
Ајде доста офф-топици 8) Па зар мислите со тој графит да си играме?? Имам нешто друго на ум - имам една сива паста за процесори ладење која во себе има метални честички,фино дисперзирани. ;D Можеби и со ова супстанца ке пробам.
-
Има во некои пасти метал оксид, но не знаеме дали има магнетни својства. Како и да е добра идеа може да се проба.
-
Таа мислам дека е со алуминска прашина, исто така е многу вискозна, но во секој случај ќе биде добро да се споредат неколкуте експерименти.
-
Не треба да е многу вискозна течноста, но не знам, алуминиумот нема магнетни својства. Викендов ке добијам тонер прашина од ласерски принтер и ке пробувам.
-
На една тубичка пишува - феро-никел ;D ;D
-
Ако е прилично течна, како масло за јадење(што не верувам ;) ), би била одлична замена за ферофлуид. Би се однесувала исто како него, феро-никел стои за железо и никел, и двата се силно феромагнетни, просто перфектно!
-
феро не значи само железо, туку претставува група од повеке материјали.
силно феромагнетни
како мислиш силно феромагнетни ??
-
феро не значи само железо
феро доаѓа од латински ferrum- што значи железо, изгледа не сум информиран дека го користат како име за други метали...
како мислиш силно феромагнетни ??
Нели имаш работи што се привлекуваат јако и слабо со магнет, на пример- алуминиумот се привлекува ептен слабо со магнет, а железото пак- многу силно, така мислев... ;)
-
Fe-Ferrum-Железо си е еден ист метал. Nikel i Ferit се супер како магнетни материи, но колку ке може да се екстрахираат од таа паста?
-
Сметајки дека пастата е составена од железо и никел и некои други материјали коишто најверојатно се диелектрици, би требало да може да се отстрани со магнет.
-
Денес,отварајќи РИЗ-ови високотонци,од оние четвртастите,помеѓу магнетот и носачот на калотата има танок 0,2 0,3 мм сунѓераст материјал,нешто како амортизер можеби ....едно мерење да се направи,ако се можи и ако се има време,на било какви високи,дали има некаков ефект ова или само е онака ,,козметика"....
-
суњѓерот мислам им е како маортизер, не е само козметика, а од пастата не мора да се извадат диелектриците, може само да се разреди со некое масло/уљен разредувач.
Богами тешко дека само со магнет ќе усшпееш да ги одделиш никелот и железото.
-
Мислам дека отидовме премногу далеку.Имено,читајки за ферофлуидот јасно и недвосмислено е дека за негово добивање треба технoлогија и процесот е скап,а тоа во пракса значи,секое добивање и супституција во домашни услови е беспредметно.Но,мислам дека има услови да се направи некој * микс* кој нема да биде ниту приближно ферофлуид,ама практично ке видиме како ке се понаша во пракса.
-
...,З цо праксаначи,...
???... тука веќе се збунив.
-
Има некон толни информации што е ферофлуид или како се прави ? Све ми се чино како да е железна прашинја помешана со некој флуид нисто повеќе...
-
Мислам дека отидовме премногу далеку.Имено,читајки за ферофлуидот јасно и недвосмислено е дека за негово добивање треба технoлогија и процесот е скап,а тоа во пракса значи,секое добивање и супституција во домашни услови е беспредметно.Но,мислам дека има услови да се направи некој * микс* кој нема да биде ниту приближно ферофлуид,ама практично ке видиме како ке се понаша во пракса.
;D ;D ;D ;D ;D Не ми оди со таблетиве,веројатно ми се преголеми прстите за тачот :D :D :D :D :D
Сега е подобро,нели?? ;) Има литература за ферофлуидот,ама е многу уопштено 8) Абе,никој дословно технологијата не ти ја * продава*.Тоа е разбирливо.
Споено мислење: [time]27 Март 2014, 18:26:11[/time]
Гледам еден *лик* земал неколку феро-траки за касетофон и со ацетон ги растворува и вели дека добива - ферофлуид! :D :D :D :D :D :D :D Имам цела кутија стари феро-траки ,ако му треба за експеримент!Ако успее да извади ферофлуид од нив,ке го делиме 50-50% :D :D ;)
-
Тој сунгер служи за абсорбција на задната радијација од високотонецот. Секако има удел во звукот, на повисоките фреквенции.
http://www.speakerdesign.net/tweeter_tweaks/pole_piece_felt/tweeter_tweak_ppf_725c003.html
-
за проба дали сакате трансформаторско масло за ладење ? еколошко без полиетиленхлорид.
а со тоа “металните“ честички миксани во маслото не знам како ќе функционира калемот во самиот звучник?
мислам на басови, за високотонците не би било проблем. не сум упатен многу во оваа технологија.
-
мислев на друг сунѓер али нема врска.. @Batka ако ти се големи таблетите на две скрши ги :)
Па има логика да го ваѓа слојот од лентата, ама мислам од пакетот ќе излези едно 5 милиграми, многу е тенок тој слој. Што знам, може да пробаш....Од VHS би требало повеќе да излезе..
А баш ради тоа што Абе,никој дословно технологијата не ти ја * продава*.Тоа е разбирливо.
може да е ова 5 пари работа...
-
Батали сега екологија,се работи само за ЕДНА капка,така да екологија и слични ефекти,другпат ;D...Знаеш дека идеава со маслово не ти е лоша само шо вискозитет е,бидејки треба да биде густо,но не као маст,нормално.Ова со ферофлуидов да не е некој маркетиншки ефект како и многу други за подобра продажба ?
-
Пред десетина години, имав JAMO звучни кутии, коишто имаа високотонци со ферофлуид, и не беа ништо посебно.
-
Затоа велам може да е 5 пари ферофлуидот, од арматура изшмирглана, од тонер... Бидејќи се работи за мала количина во мал простор мислам дека и не мора да е кој знае колку вискозно бидејќи ќе се наоѓа во процепот каде што хидростатскиот притисок нема да му дозволи да се излее. Патем магнетот може да ги одвлече металните струганици, но тука магнетот е најјак па само ќе ги подреди а маслото ќе го намали триењето и ќе обезбеди ладење. Секако магнетното поле тука ќе биде појака со ферофлуид него без него.
-
Доста е сега муабет,малку да поработиме на ,,проблематикава ;D
-
Сум имал и јас во раце и * во уши* високотонци со ферофлуид и не сум видел никаква разлика.Ни на уво,а уште помалку на мерењата.Правење ферофлуид во домашни услови??Мислам дека нема да учествувам во тоа. 8)
-
Значи вака, се користи ферофлуид исклучиво, бидејки само тој може лесно да се вклопи во магнетната пукнатина, и да не истече на калотата од високотонецот. Тоа би било катастрофално. Се користи на високотонци во најголем дел од случаите. Користењето во бас ке направи повеке проблеми отколку благодети.
Маслото воопшто, помага при спроведување на топлината од калемот на металот од магнетот, и ја намалува дисторзијата. Се смета дека и ја намалува импеданцата на резонантната фреквенција. Ферофлуидот во високотонците, е доста течен, ова го кажувам од искуство.
За да биде едно мерење легитимно, мора секогаш да се запазат истите параметри. Да станува збор за ист високотонец, кој ке биде мерен пред, и после додавање на маслото (кажав зашто мора да биде ферофлуид). На иста одалеченост, на исто место, со исто појачало итн...
А тоа од уво е на жими мајка.... Кога се мерат вакви субтилни разлики, и 2 милиметри поместување од стандардниот сетап, може да не излаже за тоа дали има или нема разлика. Имам цела сесија со мерења направено за подобрување на Visaton W200, и не е баш просто.
Се надевам дека во сабота ке успеам да најдам прашина од ласерски принтер, и да видам дали ке се добие нешто слично на ферофлуид, кој ке остане во магнетната пукнатина.
А од батка сум комплетно разочаран. Првин ја буцка темата па после одстапува.
Експериментирајте, можеби мојата проба нема да е успешна, повеке глави се попаметни од една. Секое знаење е добредојдено, секако доколку е навистина испитано а не само од интернет прочитано.
Баш ми е мило што повеке учествуваат во оваа тема, на странските форуми врие од вакви модификации, и некои навистина се успешни и плодни. Јас лично секогаш користам некои од тие модификации.
-
Чекам кондензаторски микрофон инаку би удрил некој експеримент од овој вид и јас , инаку и јас одамна сакав да кажам дека ферофлуидот е високотечен така да овие теории за густи масла отпаѓаат , не дека неможе да се проба :).
-
стави 0-30, 0-40, 5-50 тие се поретки масла. тие фул синтетик се поретки и гледајте првата бројка да е 0.
Споено мислење: 28.03.2014, Friday, 00:18:35
Сум имал и јас во раце и * во уши* високотонци со ферофлуид и не сум видел никаква разлика.Ни на уво,а уште помалку на мерењата.Правење ферофлуид во домашни услови??Мислам дека нема да учествувам во тоа. 8)
На една тубичка пишува - феро-никел ;D ;D
Извини батка, ама зезаш и ти..
-
@slidermc-и јас сум на исто мислење за горенаведениот,очекував повеќе од него..Како иницијатор на оваа тема мислев дека сето она изгубено време во разни твикови и сетапи во аудио техниката ќе го потврдиме барем мерно и официјално.Малку сум разочаран и од самиот форум,каде гледам има едн куп сеирџии а само неколкумина активни,мислејќи дека ќе начекаат нешто на гага.
Како DIY audio maker ;D имам подоста модификации и твикови бидејќи аудиото ми е хоби и богами манија,но гледам нема заинтересираност и активност да ги споделам,исто и за вф серијалот што мислев да го постирам.
Но..одиме понатаму
-
Отпорче,ако мислиш на мене,да ти кажам дека овие теми околу ферофлуидот можеби тебе те занимаат,ама мене не,лично.Тоа што си разочаран од Форумов е твое лично мислење,а ако сакаш да постираш теми за кои ти си лично заинтересиран,не значи дека и половина Форум ке ги прифати.Сеирџии има секаде и во секое време.За твоите *DIY audio maker* модификации твое е право дали ке ги ставиш на Форум или не!
Споено мислење: [time]28 Март 2014, 10:44:18[/time]
Што се однесува за SliderMK да му кажам дека и јас од него повеќе очекував,но гледам дека и тој тоне во просек.Тоа што јас ја *БУЦКАМ темата* е моја улога како МОДЕРАТОР,а за ферофлуидот мислам дека јасно и гласно се изјаснив-ако некој сака да експериментира и да го прави,тоа си е негова работа,мене тоа лично не ме интересира.Значи,мислам дека никому во темава не му згрешив,ниту му го згорчив присуството,па не знам зошто мене ме прозивате!?? Терајте си ја темата - на Македонија и треба ферофлуид!
Споено мислење: [time]28 Март 2014, 17:29:21[/time]
И на крај - и на странските форуми ,од кои велите сте стекнувале мноогу големо искуство и многу модификации сте прифатиле, дословно за ферофлуидот е кажано:не секој високотонец може да се преправи и да работи со ферофлуид! Поготово не со секој ферофлуид! Значи,она што го знаете и постирате,превземено од интернет,за ферофлуидот, е само дел од технологијата врзана за овој материјал. Не би сакал јас некому да му предложам модификација која може да му го оштети високотонецот или појачувачот.А со мешање на масла,тонери и струготини, се е можно.Затоа јас и се оградувам од вашите експерименти.
-
Испадна батка ошкало :) се зезам
Не гледам што е тука толку параноично некој што има 5-6 пара високотонци, материјал за "home made" ферофлуид и мерна опрема да ја реши мистеријата- има или нема ефект.
Секако на своја воља, никој никого ен фатил во врат...Али гледам некако имаше, барем на почеток интерес.. Е сега што се однесува до мене, пошто немам ни мерна опрема ни високотонци, да му ставам на алипната моторно масло со демек магнетни ефекти да видиме што ќе испадне, секако ми е за премотување...
-
Значи,мислам дека никому во темава не му згрешив,ниту му го згорчив присуството,па не знам зошто мене ме прозивате!??
Далеку од тоа батка, никому не згреши. Само коментирам дека првин се нафаќаш а потоа одбиваш, но не е важно. Јас имам мал проблем со тонерот, немам ласерски принтер, но ми вети пријател дека ке ми даде малку од прашината.
Ни далеку не сум опаднал или сум неактивен. Можеби работам моментално на нешто многу интересно. Развивам практична формула или патоказ за конструирање на трансмисиона линија според даден звучник. Зема многу време и многу мерења, со неколку различни драјвери.
Споено мислење: 29.03.2014, Saturday, 14:37:56
Еве нешто како за проектов
http://www.ferrotec-europe.de/pdf/audio_ferrofluids.pdf
-
Ехее,ти далеку си не одминал...ние уште се валкаме со флуидиве ;D Туку дај опни по едно мерење на половни високи, прво со моторно а после со трансформаторско масло да видиме штоа ќе кажи инструментот.
-
Освен спл не би требало да има друга разлика, маслото е само за пренос на топлина најверојатно и даде флуидност на прашината, но има различна вискозност, затоа ќе има разлики во спл-то. Акустика е друга проблематика, за која треба многу познавање искуство опрема.. Ако најдете некој веќе готов проект може да пробате на своја воља, но не очекувајте кој знае што без многу пресметки и многу експерименти
-
Јас моментално немам ниедна од тие компоненти, осем високотонци. Дали ке може некој на брзинка да се нафати и да проба дали барем ке стои маслото или што и да е во пукнатината на високотонецот? Доколку се успее во тоа, одиме на следна фаза- мерења.
-
Батка,има една народна * Со т....... на свадба не се оди* .Цело време ми приговарате нешто ,а ваму ке правите ферофлуид ... Не е проблемот маслото дали ке стои,проблем е големината на честиците на тонерот ,потоа колкав е зазорот ( пукнатината,каналот) во кој се движи калемот (дали има доволно растојание или е * кнап*!) .Ако ставите поголема количина тонер и ако тој загребе ,ќе го суредите калемот и можеби појачувачот.
-
абе дај купете си ферофлуид го има на ибеј за 20 долари, не вреди да се мачи човек со прашини, масла...
-
Голем проблем е дали ке стои или не!!! Што ке праиме ако маслото цело време допира на калотата од високотонецот? Ако ја измасти се менува ФР, СПЛ, и се по список, мембраната не е иста а тоа не е поентата.
-
За ова со замастување на мембраната си 100 % во право,бидејќи како што пробував,некако протекло масло на мембраната и кога пробав....В од високи немаше ;D Затоа внимателно
-
Имам добри вести. Успеав да добијам ферофлуид. Денеска пријателот ми позајми тонер од ласерски принтер (прашина) и ја измешавме со зејтин за готвење. Со промешување се добива конзистентна течност. Со магнет се мрда по магнетот, и добива онакви боцки, но помали од оние на клиповите.
Следно е дали ке успеам да ја внесам во магнетната пукнатина и да се измери високотонец. Мислам дека и поретко треба да е маслото, ми изгледаше дека е доста густ зејтинот за јадење.
Споено мислење: 30.03.2014, Sunday, 19:35:50
Доколку маслото не е магнетно, секогаш ке протекува на високотонецот или пак во самиот магнет. Тоа не е решение.
-
^ Заради точакот чувам повеќе видови на масла за подмачкување може ако сакаш да ти донесам за проба .
-
Тоа со зејтинот ич не ти требало, бидејќи е растително масло после некое време се разградува и се ќе ти запече околу калемот, многу домаќинки што „поправале“шарки од врати со зејтин ќе ти потврдат какви проблеми прави после некое време... ;)
-
Батки,навистина ви се чудам на упорноста.Не е бадијала 20 ЕУ ферофлуидот.Зачудува што сите вие што учествувате во дискусијата и велите дека сакате да експериментирате,не земете да прочитате валидна литература за ферофлуидот,а не да се подпирате на некои форуми,пишувања на интернет,бабини деветини... Очигледно,ова не е тема за беспоштедни експерименти,ами бара употреба на технологија и опрема (која е скапа).Никому не може да му се забрани да прави што сака со своите звучници,ама со зејтин и пресеклива трева,по рецепт на баба Рада,ферофлуид не се прави.Кој како сака нека свати,ама ова е мое последно постирање во темава која се повеќе заличува на алхемија. 8)
-
Тоа со зејтинот ич не ти требало, бидејќи е растително масло после некое време се разградува и се ќе ти запече околу калемот, многу домаќинки што „поправале“шарки од врати со зејтин ќе ти потврдат какви проблеми прави после некое време... ;)
Тргна на мајтап работава :D
-
Секако дека нема да користам зејтин. Тоа имав при рака. Ама гледам некако има многу паметни глави, ама реализација.....
Споено мислење: [time]30 Март 2014, 19:25:58[/time]
Види друже, која е логиката? Зашто да купам високотонец од 5 долари и да додавам ферофлуид од 20 долари, кога за 30 долари има 3 пати подобар високотонец? Нема логика нели?
-
Батки,навистина ви се чудам на упорноста.Не е бадијала 20 ЕУ ферофлуидот.Зачудува што сите вие што учествувате во дискусијата и велите дека сакате да експериментирате,не земете да прочитате валидна литература за ферофлуидот,а не да се подпирате на некои форуми,пишувања на интернет,бабини деветини... Очигледно,ова не е тема за беспоштедни експерименти,ами бара употреба на технологија и опрема (која е скапа).Никому не може да му се забрани да прави што сака со своите звучници,ама со зејтин и пресеклива трева,по рецепт на баба Рада,ферофлуид не се прави.Кој како сака нека свати,ама ова е последно постирање во темава која се повеќе заличува на алхемија. 8)
@batka:види батка,упорноста е доблест ::) како за пример,Едисон имал над 1000 експерименти пред да ја измисли сијалицата,со Тесла сите се драпале пред да ја измисли трофазната,е сега ...можи ние ќе измислиме ;D важно нешто ќе измислиме...шо дае... ;D и зејтинот не беше зејтин туку сае90 синтетичко,од моторот..така да за маслото (масло се вика а не зејтин) маубет да нема ;)
-
Тоа и јас го велам ! Темава нема логика и освен уништување на високотонци нема да доведе до никаков резултат.Сепак СлидерМК,ако сакаш да експериментираш (не гледам потреба) мораш даси купиш оригинален ферофлуид и со него да експериментираш на високотонци.Во случајов системот * уради сам* нема да даде соодветни резултати.
За Отпор -зејтин се вика батка,а не масло.Барем кај нас во Велес. 8) И топлата вода веќе е измислена и чини 20 ЕУ.За баба Рада веќе кажав.да не се повторувам.
-
Абе вие и пиперките чушки ги викате...не значи ако имате ф-ка за масло во Велес треба тоа да се вика зејтин ;)
Споено мислење: 30.03.2014, Sunday, 20:42:13
Абе вие и пиперките чушки ги викате...не значи ако имате ф-ка за масло во Велес треба тоа да се вика зејтин ;)
А ние можеби ке одиме на тешка вода,слично е...
-
Го цитирам СлидерМК :*Денеска пријателот ми позајми тонер од ласерски принтер (прашина) и ја измешавме со зејтин за готвење.
Значи ,јас за зејтин зборувам. 8) А,наместо тешка,подобро е да одиш на *минерална* вода,подоходовно е.
-
За фабрички ферофлуид немам што да експериментирам. Резултатите се знаат. Немам јас што да експериментирам и да докажувам на веке напишано, црно на бело.
Демек ставање графитни ова она не се алхемија? Ставање масло со никакви карактеристики во бугарските "квалитетни"звучници не е алхемија?
Сакаш високотонец со ферофлуид? Купи си, лесно е ;)
-
Јас не сакам,ниту барам високотонци со ферофлуид.За она со графитот ,го спомнав она што го видов,како можно искуство кое јас не сум го применил,а не верувам и дека ке го применам.Се надевав дека можеби некој друг има слично искуство.Значи ,тука нема никаква алхемија,освен она со тонерот и зејтинот.
-
Незнам зошто ја распукавте работата прво подгревање на тема твикинг на високотонец па дојдовте до алхемија ,легално право на секого е да си проба ако си сака а е во склад со темата и ги поддржувам сите што сакат да си пробаат и да го поделат јавно резултатот , ќе направев експеримент и јас само неможам да мерам во моментов .
-
Изотоп,јас како Модератор учествувам во темава.Моето искуство и мислење си го кажав,со право секој да си прави експерименти.Ама,освен Слидермц ,во моментов не гледам дека некој воопшто нешто работи ( барем мене така ми изгледа).Отпор ја буцна работата,но го снема,а јас сум прозван дека сум ја кочел работава.Која работа? Дискусијата си оди,а дали ке има резултати ќе видиме.
-
Е па ако си го кажа своето,остај не нас да си споделуваме искуство а не да прајме вакви безвеза муабети.Не мора на секој пост да се јавуваш....освен ако не си прозван и ако нешто имаш конкретно
-
Потполно се согласувам. Утре ке пробам дали ке се задржи во магнетната пукнатина и кое масло да го користам. Секако дека ке ви прикажам и слики.
-
Го пробав ферофлуидот, кој е направен од тонер и масло за подмачкување на шивачки машини. Малку претерав со густината, но тоа е нешто што мора да се пробува долго и додатно.
Најпрвин е важно дека ферофлуидот останува во пукнатината, без разлика колку и да се тресе или удира магнетот превртен и обратно. Потоа многу лесно се нанесува, самиот како да се лепи за магнетната пукнатина. Останува течен и по апликацијата и рамномерно е диспергиран. Но дали ке остане така и откако ке пројде повеке време, тоа ке видиме.
Земав малку специфичен прастар високотонец. Дисторзијата е енормна и онака, 5.5% на 3кХз, а по апликацијата дисторзијата остана иста. На графиците на дисторзија сепак може да се види дека некои делови се намалија, додека 3тиот хармоник значително се појача после апликација на ферофлуидот. Најверојатно, густината не сум ја погодил (прегусто е). Но, може да се види дека ФР е значително променета кон подобро, односно е полинеарна.
Споено мислење: [time]05 Април 2014, 01:11:44[/time]
На првиот график е високотонецот со ферофлуид, а на втората е нормалниот. Пишува на латиница под секој график.
-
Супер , значи има надеж за експерименти.
-
Да, треба да се погоди смесата, кое масло да биде користено и во кој сооднос. 1:1 e прегусто, веројатно треба да се оди 6:1
-
То мајсторе ,ова сакав да го видам....и слушнам ;) Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме ;)Само малку ме збуни...требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш процепот...ај другиот пат подобро
Голем поздрав
-
колку помалце масло-поконцентрирана е смесата, најверојатно подобро е со поретко масло повеќе тонер. Може да пробате и да го седиментрате тонерот како што пишав пред некој пост, така би требало да е ушто поконцентиран флуидот, нормално ако имате желба за експериментирање да видите и резултатите кои би биле.
-
требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш процепот...ај другиот пат подобро
Не знам од каде ти е оваа информација, но ферофлуидот го исполнува целиот процеп. И треба да е многу течен за да не влијае на моторниот систем на звучникот
Ecouton Audio Labor Hochtöner Ferro Fluid LQL 150 LQL 120 LQL 130 (http://www.youtube.com/watch?v=7aOTol5gIB0#)
http://www.parts-express.com/Data/Default/Images/Catalog/Original/340-540_ALT_0.jpg
-
тоа ми беше зборот, да е поредок, а поконцентриран.
-
Ова го знам од постара литература каде Dynaudio D21,мислам дека тој беше,се растураше само да се види колку има вистина за ферофлуидот и неговите придобивки..но и мислам дека и колку да е поредок,па и вода да е,сепак ќе претставува отпор кон самата калота предизвикувајќи дополнително греење и можеби изобличување.Затоа 1 капка на самата намотка...е сега можеби е ова нов пристап во ново време,тогаш беа 80-ти....
-
КАко и да е, придобивките се очигледни, подобра ФР, и подобро ладење. Е сега треба да се одреди подобро со што точно д се направи ферофлуидот бидејки со маслово за машини за шиење не ме бендисува баш, плус не ми е погоден соодносот. Ова масло е екстра тенко и течно, но веројатно не може убаво да го промеша тонерот. Реков да пројде една недела, и повторно ке го мерам истиот високотонец, да видам дали се стврднало случајно или изгубило ефект.
Доколку е некој заинтересиран, нека експериментира повеке на добивката на ферофлуид, а потоа на еден високотонец ке удриме и мерење ;)
-
То мајсторе ,ова сакав да го видам....и слушнам ;) Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме ;)Само малку ме збуни...требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш процепот...ај другиот пат подобро
Голем поздрав
Отпорче,прво ја палиш работава ,а потоа те снемува.Освен СлидерМЦ не видов никој друг експеримент да направи,а ти најмалку. 8) И сега, на крај?? Нејасно е дали СлидерМЦ сака да прави ферофлуид, да мери високотонци додавајќи смеса * кобајаги* ферофлуид или што?? Ако сакаш да правиш ферофлуид и со две проби и од едно мерење да се докажеш дека има подобрување ,тоа не е во ред ,бидејќи треба многу повеќе време ,проби и талони ,за да се каже дали е нешто успешно или не.Купи ферофлуид направи експерименти со него и спореди ги со таа смеса која ја правиш.Така ке биде подобро и поверодостојно.
-
Батка а што сакаш ти да кажеш?
За ферофлуидот и неговото користење се правени опсежни истражувања, не од мене туку од други луѓе и тоа со години, и сега јас да докажувам дали работи ферофлуидот? Секако дека работи, и нема што јас тука да докажувам.
Темава беше дали може ние некако да ги подобриме нашите чкарт високотонци со користење на домашно направен ферофлуид кој секако е најефтина варијанта која би одговарала за така ефтини високотонци.
Тоа значи Tweaking на високотонците, што можеме ние да направиме на високотонците за да се добие подобар резултат.
Кој сака и смета дека може да учествува РЕАЛНО во темава, слободно нека пробува, јас сум тука, ке направиме заедничко мерење на веке готовиот производ, но од мене толку за сега!
-
Па за РЕАЛНОСТ зборуваме СлидерМЦ.Ама во насловот на темава требаше да стои * Дали реално може да се замени ферофлуид со нешто друго?* или *Дали може да се направи замена за ферофлуид во домашни услови*.И не ти велам ти да го докажуваш постоењето или намената на ферофлуидот ( не можеш тоа).Цената е 136 $ за литар ферофлуид,отприлика.Ако сакаш да го споредуваш ферофлуидот со она што ти го мешаш, како баба Рада чаевите,треба да правиш напоредни тестови за секоја 3:1, 2:1, 6:1 или 18:1 мешавина . И пак,не за тебе и Отпор,ами за другите членови на Форумов ке кажам - дословно тврдењето на стручните и компетентни луѓе што нешто знаат и нешто направиле на ова поле е дека = постојат разни видови ферофлуид и не секој од нив е погоден за полнење на звучници и дека секој високотонец не е погоден за да биде наполнет со ферофлуид.И не знам како ти ја мериш температурата на калемот ,ама разврти по нет и ке видиш како и со што се работи тоа.Сигурен сум дека во МК дома никој нема таква апаратура и секоја друга примеса е само нагаѓање и тресење зелени. Ова не е за вас двајца,ами за останатите членови на форумот ,кои не се многу запознаени со проблемот на ферофлуидот. Иначе ,ферофлуидот е заштитен и патентиран производ во 186 земји.
-
Единствен неуспех, е неуспехот да се проба ;) Јас се заангажирав и направив најмногу што можам во моментов. Батка, ако успеа да најдеш повеке литература за темава, зашто не ставиш линкови, па и ние малце да се просветлиме?
Јас на темава нема повеке ни збор да напишам.
-
Батка што ти стана.?
Во други теми поддржуваш правење на мембрани од различни материјали и лакирање со незнам какви лакови по дома како пракса од минатото за подобрување на квалитетот ,а сега се палиш на нешто што може да биде интересно да се спровере без многу теоретизирање во форма на експеримент .
Ако ти смета тебе лично никому ништо .
Не сум информиран дека е забрането да се прават експерименти со високотонци по дома кои му сметаат на модераторот заради личниот став и од таа причина да не се објавуваат во одредена тема за високотонци .
Каде се најде погоден со муабетов и зошто по се изгледа дека ти смета темава ?
-
@Батенце,шо е проблемов со тебе ?Провоцираш и прозиваш непотребно >:(.Не мислам да ти се правдам,но не ми е јасно шо изиграваш сега ? Провокатор ? Иницијатор ? ::)Модератор ???.
Види вака...темата ја поставив за споделувања искуства... ти ако имаш некој проблем околу тоа ,форумов не е место за тоа
А Баш сабајлево ги сликав преправките за да ги постирам :D
Ps.По логика на нештата сега ми следува неплатен одмор но ке ве замолам, немојте да правите нешта за кои подоцна на сите ќе ни биде мака зошто го изгубивме форумот
-
Слушајте сега сите: прво ја отворивте темава и баравте мислења- добро.Е,после ме прозвавте заради моето мислење ,како јас сум се повлекувал и оградувал!?? Добро и тоа.Е,сега ,кога го кажувам МОЕТО мислење,пак ме прозивате.Јас никого не мислам да го пратам никаде,такво нешто не спомнав,ниту ја затворив темата,ниту ве блокирав.Ако некому му сметаат разликите во пишувањето,како на пример на Отпор (*Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме ;)) и ако треба на инает да се оди,како што пишува тој ,ајде да се инаетиме.Не знам што на сите ви посмета МОЕТО мислење.Значи јас така размислувам на ова тема и не гледам ништо спорно во тоа,а никому не му забранив да не експериментира и да не се допишува! Продолжете си и не ме прозивајте непотребно.
-
Нормално дека никој дома не може да направи фабрички ферофлуид, и да направи, секако тоа не е магичен флуид кој ќе направи чуда. Но, ако некој има воља да прави експерименти никој не го спречува. Никој не рече дека некој смета со тоа што прави експерименти и дека ги објавува на форумов.
-
Пред дваесет години( и повеќе) се одеше во Бугарија по звучници во Благоевград.Имаа фабрика ,добро опремена и покрај се правеа и некои звучници за извоз.Тие 15-ки ги добиваа во картонски кутии,комплет,па ги составуваа и пробаа ,а им лепеа налепница ОБЕРТОН,Кој како сака нека кажува,ама тоа беа басови со одличен квалитет ,И денес многумина употребуваат Обертон,да се знае.Е,сакав да кажам дека ги подмитивме мајсторите да ѕирнрнеме малку и тогаш за прв пат видов бугарски ферофлуид.Тие ги премачкуваа шпулните со мешавина на SAE 90 и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.Тогаш се чудев,ама навистина *има нешто*,Имам пар високотонци и ке пробам :D
Фабриката во Благоевград одамна не постои. Обертон е друга фабрика во Бугарија која е од Пловдив и сеуште прилично успешно работи. Малку си ги побркал работите.
-
Не реков за сега,туку пред 20 години.И да знаеш дека во Благоевград составуваа и Обертон ( руски) басови.Имам купувано од нив,само тогаш не беа познати и признати.
-
Петар, газдата на Обертон ми е добар пријател. Така да тие не се Руски, ами Бугарски. Од секогаш се правеле во Пловдив. Сум бил таму првпат некаде средина на 90сетите. Можеби нешто се правело и во Благоевград. Таа беше прилично солидна фабрика на времето.
-
Обертонот е донесен ( читај копиран) во Бугарија од Русија.Дури и првите серии се руски ,само Бугариве ги составувале.Прашај го за тоа другар ти Петар .Имав еден пар Обертони,на кои на самата корпа ( плава боја беше шприцана) стоеше со бели букви * сделано в СССР*. 8)
-
Мене Обертоните од тоа време многу ми личеа на Електовојс право да ти кажам. Дури и имињата на моделите беа скоро па исти.
-
Гледам и колегиве на истава тема...
http://www.audiofil.net/forum/forum_posts.asp?TID=13829&PN=2
од Администрацијата
Научи веќе еднаш да кодираш линкови! Друг пат да не се чудиш каде е постот.