Девил здраво
тоа за атест за измерено заземјување на објекти се бараше до пред година време, сега ако сакаш да имаш трифазен приклучок, како прво постоечкото мерно место треба да е технички исправно според стандарди што важат за таков вид на ел. објекти и мрежмите правила на ЕВН, а тоа е да мерното место е достапно за контрола и отчитување, да е монтирано на надворешен ѕид, да е заклучено со сериски клуч од дистрибутерот, доводниот кабел да е надворешно поставен во фасадата, а не низ таван или во внатрешните ѕидови, ова важи до броилото, после мерењето дистрибутерот не го интересира како транспортираш ел. енергија, но потпишуваш Изјава дека внатрешната инсталација е изведена по стандарди за таков вид на објекти и дека дистрибутерот не е одговорен за настанатата штета предизвикана од внатрешната инсталација, во техничкото решение се дадени условите за заземјување на објектот, дака досега се користел ТН систем и внатрешната инсталација да се прилагоди за ТТ систем на заземјување, поточно нултиот спроводник и заземјувачот на објектот ќе бидат премостени (споени), а за таа работа во иднина при секоја реконструкција на НН мрежа на секои 200 метри од крајот на мрежата од столбот(ако е воздушна мрежа) нултиот спроводник ќе биде заземјен.
Со ова се добива многу поголема струја на грешка, и осигурачите на изводот од ТС ќе реагираат побрзо, исто така ако дојде до прекин на нултиот спроводник од почетокот на мрежата сите апарати кои се приклучени ќе добијат напон од 380 волти, наместо 220 а со оваков начин на заземјување на НН мрежа тоа ќе биде спречено, или сведено на минимум.
Доколку мерното место технички не задоволува, тогаш решение е во стандардизиран мерен орман поставен надвор од имотот на барателот со цена како за нов приклучок.
Во договорот за снавдување дистрибутерот се обврзува да испорача квалитетно и непречено напојување (3% за централно градско подрачје и 5% за селски средини)ова се ЕУ стандарди, кај нас селските може и до 10% пад на напон.
па сега ти си знаеш