Author Topic: Општо  (Read 712 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Општо
« Opened on 19.11.2011, Saturday, 19:26:13 »
Случајно налетав на ваква вест:

Грчките острови ќе трошат турска струја

Code: [Select]
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/grchkite-ostrovi-ke-troshat-turska-struja
Бидејки јас не се разбирам многу во оваа свера, поупатените во електроенергетиката пишете, како се пренесува струјата до островите, дали се некои големи кабли под морето или како?

Ако се кабли, дали е опасно доколку се скине таков кабел па струјата има директен контакт со водата?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Општо
« Reply #1 on 19.11.2011, Saturday, 21:11:55 »
Бидејки јас не се разбирам многу во оваа свера, поупатените во електроенергетиката пишете, како се пренесува струјата до островите, дали се некои големи кабли под морето или како?

Да, подводни се најверојатно ;).

Ако се кабли, дали е опасно доколку се скине таков кабел па струјата има директен контакт со водата?

Водата проведува на кратки растојанија и може да те убие струја која е во контакт со „жив“ проводник, но само ако е тој проводник на кратко растојание од местото каде што ја допира водата до човекот кој би го удрила струја. На големи растојанија водата покажува многу голем отпор бидејќи струјата не електронска, туку е јонска (проведуваат јоните во водата), така да, по некое определено растојание (не премногу долго), напонот во водата е веќе многу опаднат, па не може да те удри струја. Плус, да не го спомнувам фактот дека земјата има помал потенцијал од „живите“ проводници, а водата е во константен контакт со земјата, така да, голем дел од струјата прво ќе отиде (или ќе оди ако е во постојан контакт проводникот со водата) во земја ;). Е сега, мислам солта во водата (општо, па и таа од океаните и морињата) ја зголемува нејзината проводност и ја спушта точката на вриење, но повторно мислам дека ова не е доволно за да може водата да стане толку добар проводник како металите. А и да може да стане, повторно, како и за секој тип на струја, струјата го бара најбрзиот пат до местата со помал понецијал, а тоа секогаш ќе биде земјата ;). Така да, освен ако не скинат кабелот многу блиску до брегот и ако некој нема во непосредна близина на местото каде што е скинат, не верувам дека кабелот ќе биде причина за струен удра врз луѓето од околината ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Општо
« Reply #2 on 19.11.2011, Saturday, 22:25:32 »
Кога би дошло до некакво оштетување на кабелот, поради солената вода како што опиша Гигават, струјата ќе потече кон земја така да веднаш ќе реагира струјната заштита во напојната трафостаница и ќе го исклучи целиот вод ...

Инаку имам видено во една шахта во која имаше кабли и осугурачи со нормален напон 230/400 волти, ама голема ампеража, и еднаш се наполни со вода, и водата вриеше и испаруваше а осигурачите не гореа, сигурно не била доволно голема струјата да ги изгори.
Life is too short to remove USB safely ..