Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Zdravkovski on 03.05.2015, Sunday, 23:10:56

Title: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: Zdravkovski on 03.05.2015, Sunday, 23:10:56
Вака за ова што ќе го пишувам сега нити сум сигурен дека е правилно, ни дека ќе работи но би сакал да подискутираме околу мојава замисла која ми се роди откако видов дека се претрпе поголема штета по технички уреди откако им снема нула во трифазен систем.

Ако е изводлива е доста ефтина и би чинела помалку од 1 евро, замислата е следна да се постави по еден варистор паралелно на секоја од доводните фази на спратната табла со нулата, значи едниот крај да се поврзе од варисторот со R и N, другиот варистор на S и N, третиот варистор на T и N. како варистор би се користел варистор за 250 VAC.

значи во нормални услови напонот нема да поминува 250VAC и варисторот нема да прегорува кога би се покачил напонот над 250VAC ќе дојде до негово прегорување и ќе прегори осигурачот после броилото со што би се заштитиле уредите од повисок напон кој ќе ги прегори.

Чекам Ваши размислувања, коментари, критики за замислава која ја имам.
Title: Одг: заштита од недостаток на нула во трифазен систем ?
Post by: batka on 04.05.2015, Monday, 00:05:54
Батка Здравсковски,не си открил ништо ново: овој принцип се користи одамна ,а ако отвориш еден * заштитен кабел* за РС и слична електроника ке видиш дека тој принцип се користи одамна кај нив. Уште би додал да ставиш еден блок со пробоен напон 500-630 V и завршена работа;но ,напомена од мене - имам видено стопени компјутери и покрај ваквата заштита.Еве како изгледа внатре еден заштитен кабел.Го нема само прекинувачот со тлеалка.

(http://www.mediafire.com/convkey/d099/znfjebbefkopykdzg.jpg)
Title: Одг: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: Zdravkovski on 04.05.2015, Monday, 21:06:53
не бе  :D не ни мислев дека јас откривам „топла вода’’ дури и идејата ја имав од таму добиено баш од таквите електроники на ел.уреди , само ми беше чудно зошто при толку отворени спратни табли и од различни производители не го имам сретнато склопов кој е многу евтин да се вгради во таблата а ќе се допринесе колку толку за заштитата на уредите и секако на портошувачите.
Title: Одг: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: batka on 04.05.2015, Monday, 23:09:36
Е,па мислев како принцип е одамна познат овој склоп.Дури и многу уреди го имаат вградено на влезот варисторот.Но,како кажав склопот не е 100% сигурен и често пати се јавуваат и поголеми кварови иако во системот има вградено варактори. Но,некаде се покажале успешни.Кај помали потрошувачи ( РС.аудио опрема,видео и сат приемници) се случувало цел спрат да изгорат вклучените уреди ,освен оние кои се на ваков заштитен кабел.Но и тука важи правилото - марката и цената прават се= Белкин,Гембирд... се покажаа,а некој други - не! Да не фалам и кудам марки и фирми,ама разлика има и тоа голема!
Title: Одг: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: didy on 11.05.2015, Monday, 19:47:24
Ако беше ова решение ќе го направеа за 500 ден и ќе беше комерцијализирано.
Проблемот што го посочуваш е начинот на прриклучување на потрошувач на енергетска мрежа.
Затоа постојат неколку видови на приклучок каде голема улога има заземјувањето.
Изворот на напојување од дистрибутивна трафостаница има заземјена нула, односно работно заземјување.
Заштитното заземјувањее на сите останати метални делови на трафостаницата. со спроводник од 50мм2 и растојанио од 20-30м се поврзува триогалник со сонди каде е тоа заземјување поврзано со нулата односно звездиштето на трафото. Ако доводот на трафостаницата е кабловски(во земја) нема услови за атмосверски пренапони, тогаш работното и заштитното заземјување се премостени (споени).
Кај потрошувачот имаме исто изградба на заземјувач, но во условите на град Велес е многу слабо (120 оми) во просек по ридестиот дел од градот.
Ако имаме дефект да дојде до прекин на нултиот спроводник, или пак имаме асиметрија на потрошувачката во однос на трите фази тогааш исто така се појавува потенцијал на нултиот спроводник, ова е случај кај воздушните нисконапонски водови, додека кај кабловските напојувања се “влече“ заземјувачка поцинкована лента од трафостаницата па до потрошувачот кој го поврзува својот заземјувач на истата. Во овој случај во кабловските разводни ормари исто така се премостува неутралниот “нулти“ спроводник со заземјувачот. и никогаш нема да се јави асиметрија или “фаза“ на нулата бидејќи има многу мал отпор спрема земја и осигурачите брзо реагираат и потенцијалот нема да добие висока вредност на нултиот спроводник, односно не би реагирал вариосторот за заштита. И тој не реалира на 250в туку неговото “пробивање3 е на околу 360в
Ако заземјувањето е солидно и помало од 1-5оми, соподебел спроводник може да се премостат нултиот спроводник и заземјувањето па ќе го немаш проблемот од пренапон на неуттралниот ПЕН спроводник.
Ако сакаш добра заштита се прави со тријак и се подесува нековиот гејт да се активира на 250в кој прави краток спој помеѓу фаза и нула так да на првиот инпулс се активира заштитата, но претходно добро е да имаш и П- филтер со индуктивитети и кондензатори.
 :)

Споено мислење: 11.05.2015, Monday, 19:54:12
Code: [Select]
http://www.tradeofic.com/Circuit/13305-Triac_overvoltage_protection_circuit_with_automatic_reset.html
Title: Одг: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: nsu on 11.05.2015, Monday, 20:46:28
Е ова е добро објаснување сега ми е појасно како што претпоставував пошто не сум висока струја не ми беше јасно многу.А ова ли е тоа нулување кога нулата и заземјувањето се споени или само се лажам.Си признавам кога не знам за висока струја баш ме интересираше ова и убаво објаснето читав нешто околу тоа и сега ми се споија коцките како било :D ;)
Title: Re: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: goran_elektro on 21.03.2018, Wednesday, 01:05:39
неможе тоа со електромагнетна склопка со шпулна на 220 поврзана помеѓу фаза и нула и кога ќе снема нула кје изгаси електромагнетот и со тоа трите фази ќе се преќинат ќе се исклучи струјата спрема уредот?
Title: Re: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: GigaWatt on 21.03.2018, Wednesday, 05:38:58
Само што така може да изгаси и ако ја снема фазата на која е врзан електромагнетот.
Title: Re: Заштита од недостаток на нула во трифазен систем?
Post by: Zdravkovski on 01.04.2018, Sunday, 19:21:47
неможе тоа со електромагнетна склопка со шпулна на 220 поврзана помеѓу фаза и нула и кога ќе снема нула кје изгаси електромагнетот и со тоа трите фази ќе се преќинат ќе се исклучи струјата спрема уредот?

Да можно е, и е многу едноставно но и интерсено како предлог.

Само што така може да изгаси и ако ја снема фазата на која е врзан електромагнетот.

исто и ова е можно и реално сценарио, само поарно цела куќа/стан да остане на момент без струја (додека да се промени прегорениот осигурач) отколку многу уреди да ти прегорат (ова се случи на едни пријатели пред неколку дена во соседниот влез)

п.с до истото доаѓа и кога реагира фид склопката ако некој уред пробие кон заземјување ја исклучува комплет струјата во објектот

и за крај нема ни совршено решение ни 100% заштита ама добро е да има повеќе предлози