Почитувани радиоаматери, доколку има некој од раководството на РСМ да го прочита ова ке му бидам бладодарен.
Имено на R6 има два проблеми,
- Поради немањето на PL тон на репетиторот постојано упаѓаат едни исти 2-3ца грци и многу се досадни. Проблем настанува кога некој од овде сака да се дружи со радиоаматерите од Србија преку нивната R6 лоцирана на Бесна Кобила и воедно ја отвара и нашава R6 и во тој случај го слушаме само него и делува како да си збори сам со себе, бидејки србите нема шанса да ги слушнеме во Скопје со рачна станица. Па доаѓа до нервози на двете страни и така.
- Друг проблем кој што се јавува од време на време е што кога зборам на R6 Бреза, има некој несовесен кој што ме гази со сигнал. Кога јас зборам тој идиотот штрака штрака и штрака. Дури пријателот радиоаматер со кого зборев ме снимаше и ми прати снимка за да си се слушнам и како доказ.
Бидејки повеке радиоаматери го делат ставот дека треба да се постави PL тон на R6 Бреза вероватно тоа и ке се случи НО што правиме со тие што не попречуваат во работата и не газат со нивното штракање? Имам снимка каде во 3 релации некој нонстоп штрака. Дали има начин да се пронајдат и казнат соодветно ?