Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Malecko on 24.10.2010, Sunday, 15:33:44
-
Еве ептен проста шема за генератор на негативни јони,составена само од кондензатори и диоди кои формираат каскада или удвојувач на напон кој на секој степен го зголемува напонот и на излез се добиваат неколку киловолти при што се генерираат негативните јони кои се добри за човековото здравје... ;D ;)
Еве ја шемата:
(http://pic.mk/images/negativeio.jpg)
Внимавајте дека овој склоп генерира напон од неколку киловолти и обавезно од кога ќе го направите да го шибнете во пластична кутија дека ако пипнете било што од овој склоп ќе добиете доста болно пецкање ако не и смрт !!! :)
-
а за подобра заштита кој има трафо 1:1 нека стави на влез такво :)
-
а за подобра заштита кој има трафо 1:1 нека стави на влез такво :)
Да добра идеја Devil,кој има такво трафо не е лошо да го стави бидејќи со него галвански ќе биде одвоен од мрежата. ;) :)
-
Кој се придобивките ,како функционира.Може ли некој подетално да даде објаснение
-
Кој се придобивките ,како функционира.Може ли некој подетално да даде објаснение
Придобивките се дека негативните јони добро му влијаеле на човекот,а позитивните лошо.Функционира така што на секој степен од каскадата се зголемува напонот при што на крај отпорници ја ограничуваат струјата и помеѓу излезите рипа искра и со тоа искрата ги генерира негативните јони.Јас толку знам ако знае некој повеќе нека објасни. :D ;)
-
јонизаторот од емитер беше решен со трансформатор.а иначе одамна сакав да изработам сличен уред но луѓе кој го изработиле викаат дека кога уредот работи собирал многу пршина.
-
прашината се лепи за јоните и паѓа на земја, затоа има прашина... :D
-
кога работите во вас се ствараат позитивни јони и затоа човекот се чуствува уморен а негативните јони пак го релаксираат човекот затоа служи ова јас имав направено и отиде во ѓубре затоа што ѕидовите ги прави црни катран и собира прашин не препорачувам чување до ѕид оти ке неможете да варосате ;D ;D ;D ;D ;D
-
па кај да го ставам ако го правам ова??? на маса до мене???
-
Кој се придобивките ,како функционира.Може ли некој подетално да даде објаснение
Придобивките се дека негативните јони добро му влијаеле на човекот,а позитивните лошо.Функционира така што на секој степен од каскадата се зголемува напонот при што на крај отпорници ја ограничуваат струјата и помеѓу излезите рипа искра и со тоа искрата ги генерира негативните јони.Јас толку знам ако знае некој повеќе нека објасни. :D ;)
Не рипаат искри него самиот висок напон генерира повисока концентрација на јони околу емитерот и емитерот кој се прави во вид на шилец помага тие јони да излетуваат.. Така барем имам прочитано во Емитер и во Сам свој мајстор каде што имаше слични шеми на јонизатори. Исто така, јоните кога излетуваат прават тн. „јонски ветер“ кој може да се осети и да се слушне.
-
па кај да го ставам ако го правам ова??? на маса до мене???
епа оставиго до ѕид 1-2 месеци и ке видиш шо ке се деси
-
Барем нема да мора да брише прашина, сама ќе му се собира околу јонизаторот ;D ;D ;D ;D
-
Барем нема да мора да брише прашина, сама ќе му се собира околу јонизаторот ;D ;D ;D ;D
Бесшумна правосмукалка ;D ;D ;D ;D ;D ;D.
-
Уредот работи на принцип со тоа што со самиот висок напон има електромагнетно поле и прашината и другите бактерии ги уништува ;)
-
Стварно собира ептен прашина и ако го ставиш до ѕид ќе стане црн, баш поради тоа и не го пуштам повеќе мојот, едино ако би се ставио некое ветилаторче внатре можда нема толку да собира прашина?
-
Уредот работи на принцип со тоа што со самиот висок напон има електромагнетно поле и прашината и другите бактерии ги уништува ;)
Не може со електромагнетско поле да се уништуваат бактерии ниту прашина... Како мислиш се уништува прашината?? ???
-
па самиот јак напон создава јако електромагнетно поле а тоа поле влијае и ги уништува бактериите ;)
-
па самиот јак напон создава јако електромагнетно поле а тоа поле влијае и ги уништува бактериите ;)
Да не беше годинава доделена Нобеловата награда за медицина- ти сигурно ја добиваше ;D
-
хаха фала батка ;D ;D ;D
-
па самиот јак напон создава јако електромагнетно поле а тоа поле влијае и ги уништува бактериите ;)
Колега,а малце да читнеш нешто литература за електромагнетно поле и генератори за висок напон дека има мнооооогу разлика ;).
Стварно собира ептен прашина и ако го ставиш до ѕид ќе стане црн, баш поради тоа и не го пуштам повеќе мојот, едино ако би се ставио некое ветилаторче внатре можда нема толку да собира прашина?
Јас така видов еден проект на instructables(го погодив? ;D) и мислам дека беше правено по оваа шема и на крајот имаше мало вентилаторче кое ги раздувуваше негативните јони...јас не сум при пари,ама да соберам некој динар и ќе го направам ова. ;D :D

не ти треба бе вакво ѕидот ке си го оцрниш само ко мене ке те убија после ??? ;D ;D
-
Собира прашина со помош на електростатско привлекување, секаде каде што има релативно висок напон се јавува овој феномен, ова е исто така причината зошто екраните на телевизорите собираат многу прашина.
Електромагнетното поле нема врска со собирањето на прашина, јас колку што знам во прашината нема железо па да може магнетно поле да ја привлекува :D
-
Основните закони се дека електричното поле влијае само на полнеж, или на наелектризирани честички. Немора некоја да биде железна за да биде наелектризирана. Точно е дека прашината е во голема мерка наелектризирана, и затоа се собира тука. Магнетното поле реагира на магнетни матријали (железо и слично) а тука нема никакво магнетно поле. Сепак добар уред со правилна примена, не во соба туку во вентилациона цевка, или слично, има само позитивни ефекти.
-
Јејејјејеје го направив генераторов и добро е it's working :D.Деловите ги земав од гац,само што јас му нарачав на тој од гац да ми донесе 18 комада 3,3 нанофаради 1600V,ама па он ги донел,а на тој што е чиката(постариот :D) не му кажал и он мислеше дека нема од 3,3нано фаради ама имало,ок биднало што биднало земав наместо 18 од по 3,3 нано,јас си земав 18 од по 4,7 нано што е малце подобро од овие 3,3нано има некои подобрувања,ама добро како и да е ова „џитка“ искра(немој да ме сватите погрешно хах :D ;D)помеѓу излезот и нулата од мрежата што значи дека колото работи.Исто така отпорници од 3,3мега оми немаше во гац па си земав еден од 10мега оми 1ват.Обавезно ставете го тој од 10 мега дека без тој ако правите спој помеѓу нулата и излезот има јако „пукање“ на искрата(испробано ;D) што звукот е малце annoying затоа ставете го тој отпорник ;) :D.И да се пожалам хах :D еве и ова колово ме испецка ми е*а мајката,ме истресе...косава два дена со фен и пет дена со пегла нема да можам да ја оправам ;D.Се на се во гац ме фати точно 352 ден,ама со попуст хе хе хе 8) :D
ПС.Медицински ракавици од џудово не ве спасуваат :D,ставете некои за 110KV како тие на работниците што ги користат кога се качени на далновод ;D :D ;)
-
БРАВО и да ги бркаш лошите јони од собата :)
П.С. Треба да прашам во БТ за тие кондензатори или не важи веке ? ;)
-
П.С. Треба да прашам во БТ за тие кондензатори или не важи веке ? ;)
Не важи веќе,ама ако ти е успат прашај можеби некој ќе сака да го направи колово па ќе прашува за цени на кондензаторите па ќе му ги кажеш цените :D ;)
-
Супер, само да го смениш тој отпорник 10М со неколку од 3М3 заради поголема сигурност, пошто сега тој ти е едина заштита ако го пипнеш врвот, бидејќи склопот е врзан директно на мрежа. И немој да го ставаш јонизаторот блиску до ѕид, ако нејќеш да стане црн ;D
-
Добро кажа Лордзи дека треба неколку помали отпори место еден од 10М. Ако ставаш игла,рачунај дека по некое време врвот ке се иступави и мораш да ја менуваш.Трета работа: сите лемови одоздола срамни ги на нула со турпија :D,а и по можност удри гумена изолација.Кутијата обавезно од пластика.Позади иглата можеш да ставиш метална мрежичка свиткана полукружно и врзана на масата.
-
Друже и како си задоволен од направата? се чувствува нешто?
-
не бе ништо не се чуствува :'( :'( :-\ :-X бар јас не чуствував
-
Стави запален цигар пред иглата.Освен тоа треба да се осеќа мирис на озон ,како по електрично празнење..
-
со е бе тоа цигар или мислеше цигара ??? ??? ??? ???
-
Со цигара пробај би требало да го привлече димот од цигарата ;)
Батка ај со срека за 1000 - от пост ;D извинете за офф топик
-
Цигар е машки род,цигара е женски род ! :D :D :D :D ;) Велешки сленг,батка! Фала на поздравите,да ви се врати. ;D
-
Па не се осеќа ништо,освен што слушам како пецкање и мирис на корона хах :D >:(
-
Цигар е машки род,цигара е женски род ! :D :D :D :D ;) Велешки сленг,батка! Фала на поздравите,да ви се врати. ;D
ахаххахаахха цигар јако е поарно да си одел наставник по македонски него електроничар ахахахахаххахахаа
-
ХАХАХАХАХ ЗАКОН коментар!!!!!!!!!

хахахаха јако е јако цигар ахахаха ;D ;D ;D :D :D
-
Е па за тие што бегале од часови по Македонски ; цигара е србизам,а македонски литературно е цигар (множина -цигари) .Фала! ;D ;D ;D ;D ;D ;)
-
а цигари каков род е ;D ако цигара е женско како е цигари :D :D
-
Цигари ти е множина, а како е множина од цигара - прашај на друго место.
-
ахахха сега те сватив ;D ;D ;D
-
cigara -ednina cigare- mnozina srpski
cigar-ednina cigari-mnozina makedonski
-
Има логика ова за „цигар“.. Мада досега не сум слушнал нигде да се користи..
-
Колеги многу оффтопик отеравте :D Јове што направи со цигарата ??? Го привлекува димот ???
-
еј де прашај го малечко јас го немам изработено и нема ни да го изработам :'( :'( :'(
-
Tреба да идам да земам една цигара од трафика ;D.Кај мене никој не пуши цигари па неам ;D,иначе да имав одма ќе испитав :D
јас го немам изработено и нема ни да го изработам :'( :'( :'(
Шо така бе колега,финасии или страв од струен удар? :D :D ;D
-
причината е црнеење на ѕид имам изработено една слична каскада ама ѕидот го оцрнев и се бркаав со мајками бегав од дома 2 дена а за финансиски немам проблеми преку 100000 ден влегуваат дома тато зема 70000 ден и мама зема 20000 и баба пензија 10000 и така да не е проблемот финансиски него набројав што е :-\ а друго страв од струен удар?? отпорен сум на тоа до 1000 КИЛОволти ;D ;D ;D
-
темава ви вреди
од биојонизатор на пушење отиде.
го имам дома но и јас имам проблем со црнилата ;D, сега и не е потребно да се користи, освен ако имате термо печка што го суши многу воздухот во просторијата, и во лето кога е “пеколно “ жешко