Се разбира дека може да се склопи такво нешто, но моментално поевтино ќе ти биде да си купиш два одделни уреди (или еден цел, зависи што имаш на ум), плус, склопувањето на вакви уреди бара многу тестирање и проверување, а крајните разултати може да се поразителни за студиска употреба :S. Затоа обично вакви уреди се купуваат готови. Освен ако не станува збор за домашно студио на некој музичар кој сака да направи некои чудни звучни ефекти или нешто слично, тогаш (во овој случај) е оправдано самоградењето на вакви уреди со специфични карактеристики. Но ако се сака да се постигне високо ниво на довреливост на оригиналниот звук, скоро секогаш најдобра опција е купен производ одколку направен.
Не ме сваќај погрешно, не сум против самоградителството на уреди за студиска употреба, баш напротив, јас си имам лично за мене направено две аналогни сајзерчиња (ако може така да ги наречам
), ама тие не спаѓаат во класата на „профи студиска опрема“, иако може да се користат како дел од професионална опрема, но сепак, првичната намена не им е таа. Јас си ги користам за генерирање на некои звучни ефекти што јас лично како аматер-музичар ги користам, не верувам дека на некој друг би му се допаѓале
(или евентуално селектирана публика
). Значи, мојот краен заклучок би бил, да, би правел, но само за мене, бидејќи ќе знам да си го „наштимам“ уредот да ми звучи јас како што сакам, но најверојатно нема да можам за друг да го направам истото :S.