Author Topic: Променлив извор на наизменична струја и напон  (Read 1263 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
а бе па убаво викаше борче....осцилатор, 50херци засилувач некој АБ класа и ке си менуваш волуме....језда звучи глупо али па идејата е супер....кога ке видиш па, врти сучи тоа едно та исто ке биде...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Најдобрата и најскапата работа е варијабилен автотрансформатор. Втората едноставна работа е да користиш некој засилувач и осцилатор на влез од 50Hz. Инаку менување на ефективна вредност можеш да постигнеш и со сечење на дел од синусоида со тријак или 2 тиристора. Последнава варијанта може да се направи за доста големи моќности а и е доста евтина во поглед на карактеристики (јас имам направено ваков насочувач за 1000А и 24V). Ама тебе акоти е за тестирање на напојувања не ти одговара менување на ефективната вредност со сечење на дел од синусоида, за таа работа највеќе одговара менување на амплитуда на нешто што ќе личи на синусоида. Сепак би ти препорачал како и некои други членови на форумов да си направиш еден засилувач во AB класа ( па може и во В класа за оваа намена) и да си бркаш работа.

Поздрав и успешна работа

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Фала ви на сите на помошта, ќе видам ќе скоцкам нешто ;)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Здраво
Сепак ништо не дефинира и не  опиша за што ќе служи овој уред?
има ли потреба да е поврзан на мрежен напон или ќе работи на акумулатор?
и зошто 50 херци, ако е на акомулатор.
бараш конвертер AC>AC или DC>AC ?
парафразирај го барањето

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
значи, убаво е напишано ама ја пак ќе пишам
мора да е на мрежен, бидејќи не планирам да правам конвертор ДЦ-АЦ
барам АЦ-АЦ конвертор
и најверојатно ќе користам идеата со појачалото , но на место да ставам аудио транзистори кој сигурно ќе бидат скапи ќе ставам што се нашло :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!