Author Topic: Индикатор за наполнетост на акумулаторот  (Read 1228 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не при верглање,затоа што при верглање сигурно паѓа,особено ако е ладно или акумулаторот е стар.Ама акумулаторот најдобро се мери ,ако дадеш контакт запалиш светла ( не верглаш!) и тогаш мериш напон!! Така е најточно.

electron

  • Guest
епа затоа сакам да покажува при верглање, тогаш мислам дека максимално се терети акумулаторот, тогаш ако не покаже дека е празен, нема кога :) Патем колку треа да е минималниот напон на акумулаторот при оптеретување да не знае некој ?

Зависи во каква состојба е акумулаторот.
Кога автомобилот е во мирување, и не е вклучен ниеден потрошувач, исправен акумулатор треба да даде помеѓу 12.4 и 12.8 волти.
Кога моторот работи, тогаш измерениот напон треба да биде помеѓу 13.5 и 14.3 волти. Ако е под овие вредности тогаш алтернаторот е неисправен.
А при палење не треба да падне под 9.4 волти, и тоа зависи од моторот. Бензинците влечат помалку струја од дизелите.
Овие вредности што ги напишав не се меродавни, бидејќи има многу фактори кои влијаат врз нив, како на пример капацитетот на акумулаторот и неговата старост, максималната струја што може да ја даде, моделот на автомобилот и моторот, исправноста на електричната инсталација... и.т.н.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
значи може да се постави да покажува нонстоп, па така ќе се следи и исправноста и на алтернаторот.