Напајањето од компјутер не е баш добро за помоќни засилувачи, затоа прегорело.
За секој моноблок се доволни 300 вати. Најдобро е за секој засилувач на башка плочка да изработиш засебно напојување(грец и кондензатори). Во подобрите појачала се користат повеќе кондензатори со помал капацитет (4х2200 + 2х(4,700-10,000) во случајов), поради што нема идеални кондензатори, паралелно со овие врзани се и неколку биполарни поквалитетни мкт мкп керамички итн. кондензатори со капацитет од неколку пико до 10-тина микро фарадеји. Плочката што е нацртав не е идеална, но би требало да ти стане јасно отприлика како одат работите околу напојувањето.Ако ги користиш ирпф транзисторите ќе добиеш околку 140 вати по канал, додека со 2sk1530/2sj201 ќе добиеш 170вати по канал.