Author Topic: 200 ампери на кола  (Read 2203 times)

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #15 on 12.12.2010, Sunday, 13:07:14 »
Еве што велат другите

Quote
алансерот нема да цркне бидејки напонот останува ист и низ алансерот ке потече толку струја колку со стандардниот акумулатор.Но мислам дека алтернаторот мозе да се оштети бидејки е направен да дава максимум 60А кај автомобил.

Еве што велиш ти

Quote
убаво вели батка Зеленко ке рикне оти анласерот призведува макс 70 ампери најјак на стандарна кола  и нема да може да го полни и ке рикне Зеленко

Си ги помешал лончињата  :P     Алансер го пали автомобилот/придвижува моторот, а алтернаторот е тој што полни  :)   Барем јас што знам  ;)
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #16 on 12.12.2010, Sunday, 13:22:01 »
така е се измешал цел он
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #17 on 12.12.2010, Sunday, 14:39:19 »
 Анласерот не произведува туку алтернаторот ама нема врска тоа еве јас имам направено полнач со електромотор и алтернатор и полнам акумулатори од 125 ah со него

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #18 on 12.12.2010, Sunday, 15:07:08 »
Алтернаторот е уред кој преку реглерот го полни акумулаторот! Тој има определен капацитет кој може да го полни.Но,може да се полнат и поголеми акумулатори за подолго време и со појак ( најчесто електронски!) реглер. Проблемот е во тоа што алтернаторот ке работи во степен на преоптоварување и ризично е за него загревањето и долготрајната работа под 10% оптоварување ( сум видел запалени) .Можно е да изгорат диоди во него (од греење) ,а и реглерот ке страда побргу од вообичаеното! Без инает и натегање - иако се работи за тоа - ама прегорувањето на алтернатор, реглер и конечно - пробивање на некоја келија на акумулаторот - сепак е скапа работа!

Jove

  • Guest
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #19 on 12.12.2010, Sunday, 15:20:05 »
 да да алтернаторот од брзање сум помешал а  анласерот го завртува моторот т.е. вергла  ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #20 on 19.12.2010, Sunday, 06:13:27 »
ги прочитав предходните одгвори, горе долу ми се допаѓаат, но сакам да дадам мое мислење, што не значи дека е факт.
Прво од искуство. Комшијата има сиера 2.3д која што му е во вечити дефект (или тој е дефект  :) ), па така кога го имав стоеденот во неделата 3 пати ја палефме на клеми, со сосема празен акумулатор.
Башка тоа ја верглаше до "смрт", односно додека не ги потроши двата акумулатори. Што е потрагично и понатака настојуваше да запали(најверојатно со затнати дизни  :))  т.е. верглаше. Нормално алнасерот не се вртеше. Значи во тој случај на еден алтернатор беа приклучени два акумулатори, сосема празни, едниот којзнае каков беше и плус верглаше дизелаш. Полошо од тоа краток спој.... Тука сепак треба да се земе траењето на верглањето, секако нема да вергат по 10 минути континуирано. Е та зима ко не ми прегоре ни акумулатор ни алтернатор незна кога. Најверојатно имаат некоја заштита коај помага краткотрајно.
Друга работа, (да не се враќа да се посеќа) некој погоре напиша дека имат видено изгорени алтернатори. Тоа е точно, на корсата(опел корса) ми изгоре неколку пати од спој во инсталацијата. Исто така имам видено изгорени алтернатори од појачала за во кола. Во двата случаи има континуирано влечење на голема струја, што значи алнасерите, и заштитата не се предвидени за вакви "тортури". Не да редиш кондензатори од фарад од пет фаради ако сакаш и од 100 јотафаради клај му, на алнасерот нема ништо да му мени.
Е сега нов исправен акомулатор од 200аh, на исправна кола(да не влече струја безвеза, да не ја верглаш поласаат) би трбало при полнење да влечи 20-сетина ампери, и да се дополни за некоја минутка, што не би требало да е проблем за алтернаторот. Секако ако нема пуштено парно фарови жмигавци греачи во колата...
Инаку при обид да завергламе волга(со орлите стара) со еден другар, директно на алнасер донесовме 24 волти од два сериски врзани акомулатори. Бидејќи моторот беше зарбибан, Може да претпоставите колкава струја потече. Поради големиот пад на напон доаѓаше и до повлекување на бендексот. Секако не настојувавме многу, обидите беа краткотрајни, а башка и клемите не се држеа поеќе, од топлина. Тоа беше пред 10-тина години, значи имавне релативно мали познавања, да не реча толку ни сечел умот, па го извадивме алнасерот. Го пробавме во празен од и по таква тортура немаше гајле, т.е. работеше. Башка и не мирисаше на изгорен. Значи за да изгорите алнасер треба навистина да се потрудите.

Jove

  • Guest
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #21 on 19.12.2010, Sunday, 08:33:07 »
а бе избегавме од темава а иде зима човекот бара на некоја постара кола има да се скине од  верглање дур да запали  :D :D :D

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #22 on 22.12.2010, Wednesday, 11:29:18 »
Нема да има проблем нема да изгори само нема доволно да го полни бидејќи тој е наменет само за помали стандардни акумулатори 55Ah da 100Ah а за диодите,реглерот нема да изгорат едино ако го палиш возилото на 24 волти тогаш може да изгори реглероти или диодите.Алтернаторот на одредени вртежи си полни и нема гајле за 200Аh ќе ти треба алтернатор од камион за да го полниш.

Offline avramovski

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
  • Gender: Male
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #23 on 22.12.2010, Wednesday, 18:14:47 »
Ги читам дискусиите и се чудам какви полемики се водат и како се троши време од незнаење. Секој систем за полнење на акумулатори е соодветно димензиониран: акумулатор, реглер и алтернатор. Ќе се наполни и акумулатор од 200Ah, но за тоа ќе му треба подолго време на алтернаторот, што е прашање дали тој ќе издржи толкава време во работа. А анласерот нема да прегори, освен ако моторот на пали, па верглаш долговреме, кое во нормален случај би го испразнило акумулаторот и анласерот би се спасил.
Поздрав.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #24 on 22.12.2010, Wednesday, 18:22:02 »
ама видете прашањето беше дали може да се постави акумулатор од 200Ah на место од 55Аh ( пр ова),е ама почнаа многу да бегаат од тема...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline borce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Одг: 200 ампери на кола
« Reply #25 on 07.02.2011, Monday, 04:47:47 (Edited 07.02.2011, Monday, 05:23:18) »
Нема да има никакви проблеми по сите уреди во колата ако ставиш наместо 45Ah 200Ah,важно е напонот да е 12V.
Оловните акумулатори се полнат со 1/10 од капацитетот на акумулаторот па за 200А би било 20А ,алтернаторот е проектиран према потрошувачите во колата имено тој треба да може да ги снабди со струја сите потрошувачи како да се вклучени истовремено да дава струја за полнење на акумулаторот и да има резерва од 25%од вкупната инсталирана снага.Акумулаторот во колата само се дополнува и одржува на 14,4V многу ретко кога е повеќе испразнет.тој се празни само при палење т.е, при верглање,останатото време потрошувачите ги напојува алтернаторот.
Сето тоа во ред но еден акумулатор од 200А е околу 2 и пол пати поголем од колку 50А и е тежок околу 90Kg