Значи тешко се разбираме, поготово кога некој видел нешто што не разбира што е, а го кажува своето мислење како да е стварно тоа. Значи тие торусните јадра во напојувањата со намотана жица на нив не се трансформатори. Тоа се индуктивни елементи кои се користат во излезниот филтер за напонот. И тие неможат да се користат како трансформатори, освен во само еден тип на конвертори (Flyback). Значи тоа јадро по е дизајнирано да може да складира највеке што е можно енергија во себе, а знаеме дека трансформаторот не треба да складира енергија туку да ја пренесува. Окулу изведбата нема да пишувам многу, но само ке кажам дека при процесот на производство на тие јадра има оставено многубројни меурчиња од аргон, кои на јадрото му помагаат да складира енергија. Тоа е потребно посебно во излезните филтри, каде во врвот на брановитоста, јадрото може да прими многу енергија, а во најниската точка од брановитоста да ја оддаде таа енергија (нешто како кондензатор но овојпат со магнетна енергија, не електрична). Тој калем има најдобра употреба во филтерска секција и препорака ти е да не го употребуваш на друго место. Изводите не се битни кој како е, едноставно размотај го и намотај она што тебе ке ти треба, а тие изводи тешко дека ке ти се најдат, не се универзални (освен ако правиш исто такво напојување).
Споено мислење: 14.11.2010, Sunday, 01:06:02
па нели жолт прстен е јадрото (торус)? Ајде нема врска, барем објаснив за што се тие, а за овој трансформатор од сликата важи она што го напишав пред некој пост. Употребата му е ограничена, и моше да се употреби за полумостен директен прекинувачки извор за напојување или полумостен полурезонантен прекинувачки извор за напојување.