Филтери за оваа работа има еден куп комбинации, а секој си е приказна сама за себе. Ова понудено решение е едно од подобрите кое во некој дел е стандардизирано во HI-FI техниката. Секое исфрлање на елементи доведува до полоши резултати. Секако дека треба да се обрне посебно внимание на електролитите и на нивниот ESR. Токму и поради тоа се врзувани разлицни кондензатори со различни работни напони и капацитивности (всушност и за тоа се ставаат тие кондензатори од 100n). Секогаш од иста серија на кондензатори кондензаторите со најмала капацитивност имаат најмал ESR па и затоа за оспособување на насочувачот за брза и моќна реакција на секои фреквенции се ставаат различни електролити, и тоа не е непожелно во врвната класа туку напротив е многу пожелно. За тоа имаше и некои книги што се занимаваат со оваа проблематика со целокупни математички анализи на насочувачкиот дел и дури и пеглање на тие струјно фреквентни карактеристики со по 5-6 разни типови на елктролити во паралела. Секако дека за ниска класа не ти треба ништо друго освен паралелно електолити, со по 100n кондензатори, но ако збориме за висока класа и оваа шема е премногу проста (има и еми филтри на влез на трансформаторот, па и на излез, индуктивно спрегнати калеми за двата напони, варистори на граници на вклучување, и што ли уште не). И грецот си е прикаска сама за себе, но за тоа во некоја друга прилика, кога би имал повеќе време ке објаснам се окулу избор на грецот, се разбира ако има интерес.