Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Zdravkovski on 21.03.2010, Sunday, 06:36:43

Title: Кран за во хала
Post by: Zdravkovski on 21.03.2010, Sunday, 06:36:43
Вака ме интересира дали може да се изведе следново ?
На работа имаме голем кран (елктрична мачка) кој подига околу 10 тона и шините по кои се движи стојат на висина од околу 10 м и командната кутија со инверторите склопките релиљата стојат на таа висина односно се прикачени на истио , но тука почнуваат проблемите поради тоа што се користи многу ,многу често иде до кинење на кабелот кој ја поврзува командната кутија со рачните команди а поради висината и непристапноста е тешко да се сервисира кога кабелот ќе се прекине горе .
Оттука и моето прашање кое на некого може ќе му биде и смешно :
Дали постои можност да се изврши модификација и наместо со кабел да се команда со далечинско како кај телевизорите на пр. но при тоа да си остане истата командна кутија
Ако може кажете да не се пентериме како мачки  :D
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: BorceBT on 21.03.2010, Sunday, 12:26:22
Може, треба да користиш предавател и приемник за телекоманда кои имаат излезно реле, слично како оние што се користат за далечински управувани модели на играчки. Вакви квалитетни (купечки) комплети има во странство (приемници и предаватели) кај нас не. Да си направиш сам може но моментално нема таква шема на форумот (за повеќе канална телекоманда) но ќе има набрзо.

Сепак, мислам дека е многу опасно 10 тонски кран да се управува со далечинско!!! Далечинското сепак не е толку сигурно за да не „зезне“ и да направи многу голема беља во халата. Моја препорака е да остане со кабел како што е но барајте МНОГУ КВАЛИТЕТНИ кабли за таа намена (свилени и слични) и нема да ви се кине кабелот.
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: Zdravkovski on 21.03.2010, Sunday, 12:33:14
каблите што ги користиме и сега не се со слаб квалитет (силиконски се ) но проблемот е во тоа што луѓето што работат таму не се многу внимателни па го виткаат и усукуваат кабелот инаку имаме и сајла прикачено да не се беси рачната команда на кабелот сепак фала
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: didy on 21.03.2010, Sunday, 12:39:24
Сигурно дека има можност но колку може да се реализира, затоа што ако се случи да има интерференција на радио сигналот а тој да не е доволно безбеден, мможе да “активира“ команда која може да е кобна.
Подобро земете сајла, и комндната табла со склопот за рачно управување поврзете ги. Кабелот сигурно е гумиран и би требало да издржува превиткувања. Со сајлата ѓе обезбедите да нема истегнување (прецвикување) на кабелот па дефектите ќе се намалат ќе прпретчат
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: gladiator on 05.04.2010, Monday, 00:11:44
другарче јас имав некоја шема со мокротолери ке ја побарам па ке ја ставам на форумов ок
а за што се употребува тој кран и што се работи во фирмата во која работиш
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: Zdravkovski on 05.04.2010, Monday, 07:00:26
исклучиво за дигање на товар котури или палети со лим многу поретко за подигање на некои машини значи кранот е прилично оптоварен со терет обично над 3000 кг а кога се дигаат котури и над 8000 кг
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: SaleSk on 05.04.2010, Monday, 13:16:46
Сепак, мислам дека е многу опасно 10 тонски кран да се управува со далечинско!!! Далечинското сепак не е толку сигурно за да не „зезне“ и да направи многу голема беља во халата. Моја препорака е да остане со кабел како што е но барајте МНОГУ КВАЛИТЕТНИ кабли за таа намена (свилени и слични) и нема да ви се кине кабелот.

Во потполност се слагам со Борче...Многу е ризично една ваква направа да се управува преку далечинска команда. Не верувам дека на производителот не му текнало дека може тоа и бежично да се изведе, но пред се е безбедноста на луѓето, нели..Односно доколку би се управувала, во тој случај ке треба да има еден куп сигурносни односно стоп копчиња, еден куп сигурносни сензори и ред други работи кои ке бидат за случај недај боже што се вика...Контролата како контрола може да се изработи, но сепак кога јас би се прашал не би сакал да ризикувам...Исто така квалитетот на каблите е многу битен, а и нивната заштита од усукувања, превиткувања и истегнувања.
Поздрав
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: Zdravkovski on 05.04.2010, Monday, 15:51:25
Од истегнување лесна работа ставаме сајла ама за усукување малку по тешко
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: gladiator on 05.04.2010, Monday, 19:51:20
Zdravkovski  знам како е да се качуваш по тие кранови и јас по некогаш го правам истото мислам дека дури и за исти тип на кранови станува збор мислам дека беа од атмос-фирма кај нас наработа идеа од скопје и го сменија целиот кабел до командата разговарав со нив и ми кажаа дека имаат и бежични команди ама не прифатиле од нашата фирма скапо им било значи се има само пари потешко  ;D
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: Zdravkovski on 06.04.2010, Tuesday, 16:11:54
Па и ваму нема да прифатат ако е толку скапо како што кажуваш само јас сакав да знам дали постои таква опција и во погоден момент да пробаме да ја предложиме а натаму е нивно .
Title: Одг: Кран за во хала
Post by: gladiator on 06.04.2010, Tuesday, 23:43:25
да да постои сигурно ама колку пари е незнам но сигурно е многу