Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Bojan on 12.03.2010, Friday, 04:18:46
-
значи треба да се напојува pic16f84a со 5V...ама па тоа што сакам да го правам ке користи акумулаторска батерија од 6V. и сега е прашањето како да се добие 5V стабилен напон од батерија од 6V...во даташитот на pic16f84 пишува дека може и на 6V да се напојува..
Wide operating voltage range:
- Commercial: 2.0V to 6.0V
- Industrial: 2.0V to 6.0V
ама па мене не ми е баш сигурен тој напон...па предлог некој да дадете, и дали промената на напон ке има некакво влијание на работата на контролерот???
П.С. ке пробам кодот за тоа што сакам да го правам сам да го напишам во асемблер(ке се учам на тоа) ако се одкажам....е тогаш ке помагате...
поздрав, Бојан
-
За да не се мислиш страви еден обичен позитивен регулатор на напон Lm7805.
-
Обичен 7805 нема да може, треба некој low-dropout како LP2954...
-
Слободно приклучи го на 6V. Нема никаков проблем, јас лично го имам тестирано PIC16F84 и издржува дури и до 12V пред да прегори :)
-
Обичен 7805 нема да може, треба некој low-dropout како LP2954...
А што е разликата помеѓу 7805 и LP2954? Дали заради ограничувањето на струјата, ако не кога би било подобро да се користи 7805 а кога LP2954?
-
а може ли една диода 1н4007 да се стави во серија со микроконтролерот....па тогаш да има напон накај 5,3V..ама па како ке се празни батеријата така ке паѓа напонот...па мене ми е да не има некој проблем со тоа што напонот на напојување ке паѓа...
-
Обичен 7805 за да даде 5V треба да има барем 8V на влез (што со 6V батерија не е можно), а за LP2954 колку што се сеќавам минимум на влез беше 5,8V, значи може 6V батерија.
Да не комплицираш, убаво ти кажа Борче, стави го на 6V и терај ;)
-
Не знаев, фала LordZi! :P
-
аааааааааааа...ке го ставам со една диода во серија...не ми е баш сигурно на 6V...
а знае ли некој да каже до колку акумулаторска батерија од 6V може да се празни без да се оштети батеријата???
-
Ако се работи за акумулатор (AGM) 6V од тие црните ако го рошиш подолу од 4.8V ќе се оштетува малку на секое трошење.
-
значи ако го трошам до 5V ок ке е???
-
Да, уште подобро (колку помалку го празниш толку повеќе полнења ќе издржи).