Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: DX-er on 02.02.2010, Tuesday, 19:44:11

Title: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 02.02.2010, Tuesday, 19:44:11
Имам wifi рутер но го користам со адаптер од пазар бидејки адаптерот со кој го купив беше за 110V :'( па сега имам еден проблем. Уредот се напојува на 12V струја но кога ке го приклучам на 12V и додека работи напонот не е 12V туку околу 9V а пак ако адаптерот го наместам на 15V и го приклучам на рутерот напонот ке падне на околу 12V и сега како да ја наместам волтажата на 12V за да падне на 9V или пак на 15V за да падне на околу 12V?
Title: Одг: Проблем со пад на волтажа
Post by: Goce on 02.02.2010, Tuesday, 19:55:05
Најверојатно не е во ред адаптерот или има мала излезна струја.
Колку ампери е  адаптерот за WIFI уредите треба околу 1 ампер ако е мала струјата и го користиш на 15волти ке загрева многу адаптерот и има можност да цркне 
Title: Одг: Проблем со пад на волтажа
Post by: Baze on 03.02.2010, Wednesday, 00:10:40
Во продавниците за електронски компоненти има и пролагодувачи кои се ставаат на адаптерите кои се наменети за работа на 110 волти.Со овој прилагодувач ке можиш да го користиш оргиналниот адаптер на 220 волти.
Title: Одг: Проблем со пад на волтажа
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 01:36:31
Најверојатно не е во ред адаптерот или има мала излезна струја.
Колку ампери е  адаптерот за WIFI уредите треба околу 1 ампер ако е мала струјата и го користиш на 15волти ке загрева многу адаптерот и има можност да цркне 
Па не знам но адаптерот не грее многу туку ептен малце колку да се каже но еве имам и друг проблем со друго (правено) напојување кое се состои од трафо од видео, 4 електролити по 10 000uF, 2N3055, 7815 и овде се дешава истото, без разлика дали ке поврзам голем или мал потрошувач волтажата од 15V паѓа на 14V па сега ако може да ми одговори некој на првиот пост на колку волти да го стравам адаптерот.
Благодарам однапред

Во продавниците за електронски компоненти има и пролагодувачи кои се ставаат на адаптерите кои се наменети за работа на 110 волти.Со овој прилагодувач ке можиш да го користиш оргиналниот адаптер на 220 волти.
хехе растурен е тој адаптер
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: BorceBT on 03.02.2010, Wednesday, 02:15:23
Стави го на 15V и немај гајле.  Во рутерот има стабилизатор за 5 и 3.3V а на влез може да издржи и над 15 но малку ке грее но бидејќи адаптерот е слаб и напонот паѓа на 12 ок е.
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 19:29:36
A доколку би немало стабилизатор како на пример да уклучам некое аудио појачало како да би постапил?
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: BorceBT on 03.02.2010, Wednesday, 21:02:06
Би ставил 7812 нормално за да го ограничи адаптерот во „празен од“ да нема толку висок напон.
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 21:20:42
а како ли се мери вистинската волтажа, дали ако се влече напон или ако не се влече?
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: SaleSk on 03.02.2010, Wednesday, 22:06:25
Напонот се мери со и без оптеретување. Во зависност од параметрите на колото, може да се одреди колкава максимална струја ке протече за да вредноста на напонот остане константна.

Инаку тој адаптер што  го користиш е пазарски и не е толку колку што пишува. Можеш да го ставиш на 15 волти и ке си тера, само што ке грее и ке цркне после некое време...Инаку има трафо, ако има грец е поквалитетен, најчесто тие пазарските имаат само 2 диоди и кондензатор...ж

p.s. Напонот не е јаже па да се влече  ;D Чичко ОМ поставил некој таканаречен омов закон  ;D по кој можеш да видиш заради кои причини вредноста на напонот опаѓа  ;)
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 22:25:17
да и  напонот ако е на пример 14V без оптеретување и сега го приклучувам уредот и во тој момент уредот ке биде приклучен на поголема волтажа од нормалната (12V за работа на уредот)
но за момент а потоа волтажата паѓа на 12V колку што ми треба. Значи сепак вистинската волтажа е таа без приклучен никаков потрошач. Иначе имам еден адаптер од пазар што на 12V покажува 17V  :o
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: Goce on 03.02.2010, Wednesday, 22:28:48
Дава 17 волти без оптеретување коа ке се оптерети ке има 12 волти
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 22:50:44
па да :) ама нели тоа е опасно, да приклучуш уред кој во моментот ке добие шок од волтажа а после ке работи на саканата од 12V  :)
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: Devil on 03.02.2010, Wednesday, 22:57:52
да ама си има стабилизатори тој во внатрешноста :D
не е проблем многу ако добие моментален висок напон ( само да не е огромен )
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 03.02.2010, Wednesday, 23:23:44
да ама појачалово нема :(
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: Goce on 03.02.2010, Wednesday, 23:45:16
Нема да има проблем така е конструирано напојувањето коа ке го приклуциш под отеретување одма се стабилизира на 12волти
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: SaleSk on 04.02.2010, Thursday, 00:53:48
да ама појачалово нема :(

Тој напон е пред да приклучиш потрошувач, односно во твојот случај појачало. Е сеа за појачалото ке ти треба малку појак извор за напојување. Не знам за какво појачало станува збор, но за да работи на адаптер и на 12 волти, во тој случај тоа е некое појачало со ТБА820 или некое слично 2 до 5 ватно појачалце за транзистор. За да ти работи како што треба во тој случај стави си напојување од компјутер (Појачало со некое ТА или НА или слчно, што работи на 12 волти а може да испорача максимална моќност од некој си 10 ~ 11 вати)
Title: Одг: Проблем со пад на напон на рутер
Post by: DX-er on 08.02.2010, Monday, 01:20:30
Во рутерот има стабилизатор за 5 и 3.3V а на влез може да издржи и над 15
море изгледа нема стабилизатор, оти порано не го мерев адаптерот и ми беше ставен на 12V (17V) и грееше како лудо а сега го ставам на 9V (12V) и малку грее.
Изгледа има стабилизатор за процесорот, рамот и флешот на 5 и 3,3V  ама за радио чипот изгледа нема.