Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Syrus on 11.12.2010, Saturday, 20:10:32

Title: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 11.12.2010, Saturday, 20:10:32
Дали може да се стави 200 ампери на кола (постара) и со него да функционира нормално и дали ке има некакво мачење анласерот?
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: danix01 on 11.12.2010, Saturday, 20:17:48
објасни ништо не сватив  ???
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 11.12.2010, Saturday, 20:22:24
значи вака дали може место 45 или 55 ампери (стандардно за постарите коли) да ставам 200 ампери ?
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Devil on 11.12.2010, Saturday, 20:23:52
хаха тоа не е ампери туку Ah
ампер часа акумулатор
требаше да спомниш дека е акумулато р од 200Ah, а ме интересира кај ќе најдеш таков голем ?
инаку слободно ставај ако 12V, нема да има никаков проблем :)
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 11.12.2010, Saturday, 20:28:39
Така бре администратореее тоа чекам да го чујам :)
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Georgi on 11.12.2010, Saturday, 20:34:36
И јас мислм дека нема проблем но кога купував акумулатор за моторчето ме посоветуваа да барам да е со исти ампер часа да не повлечел повеќе струја...  Не знам колку е точно...   :(
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Devil on 11.12.2010, Saturday, 20:41:52
тој влече онолку колку што му треба во моментот, ако е се исправно нема да влече повеќе од потребното
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: danix01 on 12.12.2010, Sunday, 01:19:19
постојат и акумулатори со голем капацитет.но капацитетот е право пропорционален со димензиите.што знаци колку поголем капацитет толку поголем акумулатор.ако сакас да ставас некој од 200Аh  ке немас простор освен да го ставиш во багазникот на колата.камионите користат 2 акумулатори од 120 Аh бидејки работат на 24 v ( некој од нив некој се на 12 ).А тебе зосто ке ти е голем акумулатор не знам
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 12.12.2010, Sunday, 01:24:54
Нее ова е само школо, сакам да знам дали можам да го изведам тоа нешто што не значи дека ке го изведам ми се инаети комшијата, ми вели ке цркни анласерот абе врска неема
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: batka on 12.12.2010, Sunday, 01:26:30
Арно ти вика - ке го рикнеш!
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 12.12.2010, Sunday, 01:33:37
зошто да го рикнам, анласерот ке си повлечи колку што му е потребно
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: danix01 on 12.12.2010, Sunday, 09:18:41
алансерот нема да цркне бидејки напонот останува ист и низ алансерот ке потече толку струја колку со стандардниот акумулатор.Но мислам дека алтернаторот мозе да се оштети бидејки е направен да дава максимум 60А кај автомобил.
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Zdravkovski on 12.12.2010, Sunday, 10:03:18
и да не се случи никаков проблем со алансерот или било кој друг дел од опремата на колата прашањето е каде ќе го поставиш тој акумулатор од 200 Аh бидејќи ќе биде барем за два пати поголем од стандардниот од 45/55 Аh .
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 12.12.2010, Sunday, 11:29:09
Пишав погоре дека не мора да значи дека ке го ставам на колата веднаш јас туку само сакам да знам
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Jove on 12.12.2010, Sunday, 12:56:25
убаво вели батка ;D ке рикне оти анласерот призведува макс 70 ампери најјак на стандарна кола  и нема да може да го полни и ке рикне ;D
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Steff_Maja on 12.12.2010, Sunday, 13:07:14
Еве што велат другите

Quote
алансерот нема да цркне бидејки напонот останува ист и низ алансерот ке потече толку струја колку со стандардниот акумулатор.Но мислам дека алтернаторот мозе да се оштети бидејки е направен да дава максимум 60А кај автомобил.

Еве што велиш ти

Quote
убаво вели батка Зеленко ке рикне оти анласерот призведува макс 70 ампери најјак на стандарна кола  и нема да може да го полни и ке рикне Зеленко

Си ги помешал лончињата  :P     Алансер го пали автомобилот/придвижува моторот, а алтернаторот е тој што полни  :)   Барем јас што знам  ;)
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Devil on 12.12.2010, Sunday, 13:22:01
така е се измешал цел он
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Syrus on 12.12.2010, Sunday, 14:39:19
 Анласерот не произведува туку алтернаторот ама нема врска тоа еве јас имам направено полнач со електромотор и алтернатор и полнам акумулатори од 125 ah со него
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: batka on 12.12.2010, Sunday, 15:07:08
Алтернаторот е уред кој преку реглерот го полни акумулаторот! Тој има определен капацитет кој може да го полни.Но,може да се полнат и поголеми акумулатори за подолго време и со појак ( најчесто електронски!) реглер. Проблемот е во тоа што алтернаторот ке работи во степен на преоптоварување и ризично е за него загревањето и долготрајната работа под 10% оптоварување ( сум видел запалени) .Можно е да изгорат диоди во него (од греење) ,а и реглерот ке страда побргу од вообичаеното! Без инает и натегање - иако се работи за тоа - ама прегорувањето на алтернатор, реглер и конечно - пробивање на некоја келија на акумулаторот - сепак е скапа работа!
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Jove on 12.12.2010, Sunday, 15:20:05
 да да алтернаторот од брзање сум помешал а  анласерот го завртува моторот т.е. вергла  ;D
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: bicikle on 19.12.2010, Sunday, 06:13:27
ги прочитав предходните одгвори, горе долу ми се допаѓаат, но сакам да дадам мое мислење, што не значи дека е факт.
Прво од искуство. Комшијата има сиера 2.3д која што му е во вечити дефект (или тој е дефект  :) ), па така кога го имав стоеденот во неделата 3 пати ја палефме на клеми, со сосема празен акумулатор.
Башка тоа ја верглаше до "смрт", односно додека не ги потроши двата акумулатори. Што е потрагично и понатака настојуваше да запали(најверојатно со затнати дизни  :))  т.е. верглаше. Нормално алнасерот не се вртеше. Значи во тој случај на еден алтернатор беа приклучени два акумулатори, сосема празни, едниот којзнае каков беше и плус верглаше дизелаш. Полошо од тоа краток спој.... Тука сепак треба да се земе траењето на верглањето, секако нема да вергат по 10 минути континуирано. Е та зима ко не ми прегоре ни акумулатор ни алтернатор незна кога. Најверојатно имаат некоја заштита коај помага краткотрајно.
Друга работа, (да не се враќа да се посеќа) некој погоре напиша дека имат видено изгорени алтернатори. Тоа е точно, на корсата(опел корса) ми изгоре неколку пати од спој во инсталацијата. Исто така имам видено изгорени алтернатори од појачала за во кола. Во двата случаи има континуирано влечење на голема струја, што значи алнасерите, и заштитата не се предвидени за вакви "тортури". Не да редиш кондензатори од фарад од пет фаради ако сакаш и од 100 јотафаради клај му, на алнасерот нема ништо да му мени.
Е сега нов исправен акомулатор од 200аh, на исправна кола(да не влече струја безвеза, да не ја верглаш поласаат) би трбало при полнење да влечи 20-сетина ампери, и да се дополни за некоја минутка, што не би требало да е проблем за алтернаторот. Секако ако нема пуштено парно фарови жмигавци греачи во колата...
Инаку при обид да завергламе волга(со орлите стара) со еден другар, директно на алнасер донесовме 24 волти од два сериски врзани акомулатори. Бидејќи моторот беше зарбибан, Може да претпоставите колкава струја потече. Поради големиот пад на напон доаѓаше и до повлекување на бендексот. Секако не настојувавме многу, обидите беа краткотрајни, а башка и клемите не се држеа поеќе, од топлина. Тоа беше пред 10-тина години, значи имавне релативно мали познавања, да не реча толку ни сечел умот, па го извадивме алнасерот. Го пробавме во празен од и по таква тортура немаше гајле, т.е. работеше. Башка и не мирисаше на изгорен. Значи за да изгорите алнасер треба навистина да се потрудите.
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Jove on 19.12.2010, Sunday, 08:33:07
а бе избегавме од темава а иде зима човекот бара на некоја постара кола има да се скине од  верглање дур да запали  :D :D :D
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Gestak on 22.12.2010, Wednesday, 11:29:18
Нема да има проблем нема да изгори само нема доволно да го полни бидејќи тој е наменет само за помали стандардни акумулатори 55Ah da 100Ah а за диодите,реглерот нема да изгорат едино ако го палиш возилото на 24 волти тогаш може да изгори реглероти или диодите.Алтернаторот на одредени вртежи си полни и нема гајле за 200Аh ќе ти треба алтернатор од камион за да го полниш.
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: avramovski on 22.12.2010, Wednesday, 18:14:47
Ги читам дискусиите и се чудам какви полемики се водат и како се троши време од незнаење. Секој систем за полнење на акумулатори е соодветно димензиониран: акумулатор, реглер и алтернатор. Ќе се наполни и акумулатор од 200Ah, но за тоа ќе му треба подолго време на алтернаторот, што е прашање дали тој ќе издржи толкава време во работа. А анласерот нема да прегори, освен ако моторот на пали, па верглаш долговреме, кое во нормален случај би го испразнило акумулаторот и анласерот би се спасил.
Поздрав.
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 18:22:02
ама видете прашањето беше дали може да се постави акумулатор од 200Ah на место од 55Аh ( пр ова),е ама почнаа многу да бегаат од тема...
Title: Одг: 200 ампери на кола
Post by: borce on 07.02.2011, Monday, 04:47:47
Нема да има никакви проблеми по сите уреди во колата ако ставиш наместо 45Ah 200Ah,важно е напонот да е 12V.
Оловните акумулатори се полнат со 1/10 од капацитетот на акумулаторот па за 200А би било 20А ,алтернаторот е проектиран према потрошувачите во колата имено тој треба да може да ги снабди со струја сите потрошувачи како да се вклучени истовремено да дава струја за полнење на акумулаторот и да има резерва од 25%од вкупната инсталирана снага.Акумулаторот во колата само се дополнува и одржува на 14,4V многу ретко кога е повеќе испразнет.тој се празни само при палење т.е, при верглање,останатото време потрошувачите ги напојува алтернаторот.
Сето тоа во ред но еден акумулатор од 200А е околу 2 и пол пати поголем од колку 50А и е тежок околу 90Kg