Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Devil on 11.11.2009, Wednesday, 23:14:21

Title: Стабилен извор на референтен напон
Post by: Devil on 11.11.2009, Wednesday, 23:14:21
Со овај мал склоп можете да добиете подобар стабилен напон на излез
(http://pic.mk/thumbs/izvornaref.jpg) (http://pic.mk/?v=izvornaref.jpg)

Зенер диодата е во таков спој што на излез се добива константна сруја без разлика на промената на влезниот напон. Напонот на излезот од ОЗ е за малку повисок од напонот на зенер диодата, односно со помош на потенциометарот P може да го менуваме од 0.5 до 1V, на пример ако се користи зенер диода од 5.6V на излез може да се добие точно 6V.
Напонот на влез ( U1) треба барем за 5V да биде повисок од излезниот, а може најмногу да биде до 30V.
Максимална струја која може да ја даде уредот е 20mA.