Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: danix01 on 20.05.2010, Thursday, 20:13:29

Title: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: danix01 on 20.05.2010, Thursday, 20:13:29
Користам компјутерско напојување за мојот засилувач.Ме интересира  (не сакам да ризикувам и да ја изгорам матичната плоча) дали може да ги поврзам и другото напојување да се пали кога ке го вклучам компјутерот.Ако некој има искуство во оваа работа да објасни како
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: Aleks on 20.05.2010, Thursday, 20:17:19
За да се запали напојувањето (претпоставувам дека зборуваме за ATX напојување) ти треба да ги споиш сива со маса. Мислам дека ќе работи ако ги поврзеш на матичната само сивата и црната од второто напојување
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: danix01 on 20.05.2010, Thursday, 20:22:51
и јас ги мислам истото кај мене се зелена и црна (маса).Но не сакам да ризикувам.Сакам да видам дали некој го има тоа направено до сега
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: GigaWatt on 20.05.2010, Thursday, 20:40:05
Немам направено, но би требало да функционира, ако сакаш ќе пробам, па ќе ти кажам дали работи. Само што не можам сега, за некој ден, нема проблем ;)
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: Devil on 20.05.2010, Thursday, 21:42:20
Јас имам правено од напојување за компјутер обично напојување за разна намена
се што направив беше да му стам сијаличка меѓу 5В и маса :)
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: SaleSk on 20.05.2010, Thursday, 22:07:04
Јас би направил овака:
Првото напојување би си го користел само за компјутерот, а второто би го направил само за појачалото...Со тоа што за да се пали кога ке се пали компјутерот, преспојувањето на зелената жица со маса би го направил да оди преку едно реленце...Кога ке се стартува компјутерот, директно на релето ке му се донесе 12В и тоа ке ги краткоспои двете - зелената и црната жица и ке си работи се додека не се направи шатдаун на компот  ;)
Наједноставно и најбрзо ...
Поздрав
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: Bojan on 20.05.2010, Thursday, 22:09:48

и јас сакав ова да го дадам како предлог, а и инверзно да ставиш една заштитна диода за да нема напонски шпицеви при исклучување на релето...
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: SaleSk on 20.05.2010, Thursday, 22:44:14
Да, и тоа може да го ставиш...заборавиф да напишам  ;)
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: danix01 on 20.05.2010, Thursday, 22:58:27
Со релето тоа ви е добра идеа .веке утре ке го направам.фала
поздрав
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: nCounTr on 21.05.2010, Friday, 08:21:19
Јас користев реле за да уклучувам вентилатор за ладење од 12 цм на куќиштето кое работеше на 220 :) Ми требаше летно време кога беше 40 степени под сенка надвор и компот беше загревал ко печка немав мн вентилатори а тој на процесорот беше 6x6цм голем кој „корнеше“.
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: danix01 on 22.05.2010, Saturday, 11:06:38
Јас би направил овака:
Првото напојување би си го користел само за компјутерот, а второто би го направил само за појачалото...Со тоа што за да се пали кога ке се пали компјутерот, преспојувањето на зелената жица со маса би го направил да оди преку едно реленце...Кога ке се стартува компјутерот, директно на релето ке му се донесе 12В и тоа ке ги краткоспои двете - зелената и црната жица и ке си работи се додека не се направи шатдаун на компот  ;)
Наједноставно и најбрзо ...
Поздрав

и јас сакав ова да го дадам како предлог, а и инверзно да ставиш една заштитна диода за да нема напонски шпицеви при исклучување на релето...
каква диода да ставам оние од грецов спој или универзални на пример 1n4001
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: nCounTr on 22.05.2010, Saturday, 12:24:59

Клај универзална.
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: danix01 on 22.05.2010, Saturday, 12:32:49
го направив.СЕга нема да се мачам да го вклучувам второто напојување.супер е ставив диода од грец од стар адаптер мислам дека беше 1n4004
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: SaleSk on 22.05.2010, Saturday, 14:05:47
Најважно е дека си завршил работа.  ;)
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: batka on 26.07.2010, Monday, 22:19:14
Кога има потреба да ставам две напојувања во едно куќиште правам вака:

- Прво барам простор за второто напојување
- Обично ЦД режачот го ставан најдолу а  горе ,под  горниот лим го ставам второто напојување со кулерот накај постоечкото.
- Зелената жица од 24 пинскиот молекс ја двојам и ја врзувам на зелената жица на постојното напојување,кое е врзано на матичната.Изолирам со изолирбан .
- На второто обично врзувам појака графичка,најчесто преку два молекса.
- Може да се врзе уште еден кулер да лади надвор од кукиштето.
- Добро е и ЦД режачот да се врзе за второто напојување.
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: didy on 15.08.2010, Sunday, 20:36:19
истиот ефект на активирање може да се направи и со тријак, на главниот вод од 220 волти наизменично се корисри во серија мал отпорник 3-8 ома кој создва пад на напоон и го отвора тријакот каде се поврзани помошните уреди.
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: pacoso on 09.09.2010, Thursday, 02:16:32
Јас би направил овака:
Првото напојување би си го користел само за компјутерот, а второто би го направил само за појачалото...Со тоа што за да се пали кога ке се пали компјутерот, преспојувањето на зелената жица со маса би го направил да оди преку едно реленце...Кога ке се стартува компјутерот, директно на релето ке му се донесе 12В и тоа ке ги краткоспои двете - зелената и црната жица и ке си работи се додека не се направи шатдаун на компот  ;)
Наједноставно и најбрзо ...
Поздрав

ми го зеде зборот.
Title: Одг: Стартување на две напојувања од иста матична плоча
Post by: batka on 09.09.2010, Thursday, 16:23:48
Дечки во компјутерот на такво место не му е место ни на тријак,ниту на тиристор.Освен што е скапа варијанта,триакот може да има и други негативни евфекти во својата работа кога матичната понекогаш не може да ги издржи.