Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 05:18:57

Title: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 05:18:57
Видел до сега некој вакво нешто?

(http://www.mediafire.com/convkey/a922/beu6mcej0el46ndzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/ae47/7dkb19aqi9wp6lxzg.jpg)

Го начекав на еден продолжен кабел со 6 приклучоци. Порано ставаа шрафови кои имаа само глави како поп-нитни или клинци... нема шанси да го отвориш освен ако не ги уништиш целосно главите на шрафовите со бормашина... при што треба да работиш многу, многу внимателно да не ја уништиш и пластиката околу и под шрафот... а и да не ја стопиш, бидејќи шрафот се загрева со бушење. Само не ми е јасно како ги зашрафуваа тие шрафови со рамни глави ???... ОК, се разбира дека е машински, ама како ???... не ми е јасно. Евентуално да ги зашрафувале, па намерно да им ги уништувале главите за да не можеш да ги одшрафиш, ама па не гледа како би ги уништиле со некој машински алат без притоа да не ја загреат и стопат пластиката од загреаниот шраф (поради триењето нели).

Изгледа се префрлиле на некој друг систем... ваљда Кинеска работа е ова, кој знае, иако на продолжните кабли „као демек“ пишува дека се произведени во EU (yeah, right ::)). Прв пат сега го видов ова и ова веќе некако прави логика. Користат некој посебен шрафцигер за зашрафување. Знае некој каде би можел да се најде или дали има некое кодно име (secure ??? или нешто слично)? Знам дека може сам да си направам, ама не би се гњавел за еден продолжен кабел, некако ќе се снајдам за еден. Прашањето ми е повеќе за во идно време... да не фатат и на други уреди да им шибаат вакви па да не треба да уништувам шраф по шраф за да одшрафам монитор или телевизор ::).

Го поставува прашањето бидејќи еднаш имам начекано монитор со шрафови со полукружни глави... слични на оние старине шрафови со „минус“ на нив... само што овие шрафови немаа ништо на нив ::)... слично како и оние од продожните кабли со плоснати глави, само што овие беа уште по зезнати. Ако е главата плосната, ај, некако ќе успееш со бормашина да ја уништиш главата... ама ако ти е полукружна... ај да те видам. Сум се е*аал со гравирка со 0.7mm бургија да искирнувам прво, па потоа менувај бургија по бургија, димензија по димензија на бормашина за да ги уништам главите ::). Жив кошмар. Не сакам да го преживеам тоа пак... затоа си прашувам на време ;D.



EDIT: Сега баш нешто читав online, тие што се рамните без ништо на нив се викат oval security. Како се зашравуваат? Ееее, што се не ќе им текне ::). Главата не им баш кружна туку им е малку елиптична ::)... и затоа може да се зашрафуваат и одшрафуваат, ама со посебен шрафцигер и не смееш да ги престегаш инаку ќе ја уништиш елиптичноста.



EDIT 2: Всушност има два типа. Едните се баш кружни, Јапоска направија се (и они се за*бани ;)) и се отвораат со посебен шрафцигер кој има керамички греач во него. Шрафцигерот се оклопува околу шрафот и го загрева се додека не се прошири доволно за да се стегне околу оклопот (шрафциегерот), а потоа одшрафуваш. Clever ;).



EDIT 3: Не успеав да најдам како се вика ова чудново шрафче од сликата, ама изгледа е некоја варијатна на Tri-Groove шрафови... ама и за класичните Tri-Groove шрафови, шрафцигерите се многу скапи (побарајте online). Арно ама некој дечко начекал ваков Tri-Groove шрав некаде и му требало да го одшрафи и сам си нашол решение ;).

Code: [Select]
http://www.johnath.com/projects/securitybits/
Може да се примени и во конкретната ситуација, само што ќе треба рабовите да се направат малку по остри ;).

И на крај сам си најдов одговор ;D. Ама ајде, нема везе, еве како може да направите шрафцигер за овој тип на шрафови, со мала модификација на методот се разбира ;).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: LordZi on 24.05.2017, Wednesday, 10:30:34
Сакав истото да ти го пишам, мора сам да правиш штрафцигер, нема друго чаре, јас уште си чувам некои за триаголнестите и оние со две боцки штрафови што беа, што сум ги правел на времето кога немаше баш да се купат... :D
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 24.05.2017, Wednesday, 11:24:07
За триаголните е лесно прав на пола исечи го а за овие ех ова мајсторисување мислам дека еден мајстор ми направи еднаш баш се зезнати овие Гига што ги постира ако ги најдам ќе ги сликам чудата модифицирани мада не работам баш периодов 8)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 14:46:56
Да да, се разликуваат од тие Tri-Groove, не се исти... ова е некоја custom модификација... намерно, да не можеш ни со Tri-Groove шрафцигер да ги одвртиш :S.

Имам за повеќето вакви secure шестоаголни додатоци за шрафцигер, ама за ова немам. Ништо, ќе најдам некој стар имбус и како што пиша LordZi, од него ќе го правам шрафцигерот ;).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 25.05.2017, Thursday, 11:16:49
Торкс набиј му. Или торкс со ситни заби.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 25.05.2017, Thursday, 23:46:01
Не е node, groove e. Node-от имаат дупка внатре, а трите парченца се испакнати навнатре. Овој е groove. Нема каде што на набуташ. Од озгора е рамен. Само оние три засеци ги има од краевите на шрафот. Како рамномерно, на секои 120 степени, да си отсекол по едно ситно парченце од шраф со полукружна пресечена глава (почнува полукружно, па звршува отсечено, практично напречниот пресек на главата наликува на трапез, со тоа што страните на трапезот се малку заоблени).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 27.05.2017, Saturday, 03:17:13
Го зачував написот од линкот бидејќи можно е да не ми текне за некое време каде сум ја прочитал оваа идеја ::) ;D, да се изработи шрафцигерчето од хексагони (имбуси), така да, еве го и тука на форумов ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/o89xqj6mkguv6bp52gvky1wn6mpxichg
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/E76DD14B751840509731522C60730B83Y
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 27.05.2017, Saturday, 17:21:28
Ќе влезе ќе влезе торксот, со чекан и тоа како ќе влезе  ;)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 27.05.2017, Saturday, 18:59:54
Ако треба и песна ќе пее и оро има да игра еј сега не дека имам некој алат којзнае што но имаме ајде малце повеќе од основен да речеме малку повеќе од она што го имаат средните технички училишта ај вака да се изразам. ;D ;D ;D Еј кога бев 14 години кога имав дури и под базично ниво од алат нешто кога ќе ме изнервираше земи искрши го  ;D ;D ;D па после фрлај пари купувај што од бувљаци што од Германија дедоми ми носеше алат многу добри штрафцигери крстачи торксови прави ех времиња. Ај да не се враќам на стариот јас да тролам многу еј Гига ти некогаш од нервоза имаш како помал некој уред искршено ;D ;D ;D
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 27.05.2017, Saturday, 21:43:24
Не... не се нервирав како помал... сега да ::) :'(.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Z31GH on 29.05.2017, Monday, 12:52:28
Мислам дека тоа не е завртено со штрафцигер. По мое тоа е клин како рибина коска, еднаш кога ќе влезе нема вадење, а онај дел што личи како за штрафцигер е фактички деформација од алатот за стегање, односно удирачот што го заковува клинот. Тоа е мое мислење бидејќи тие три засечени како за штрафцигер се многу плитки како што гледам.
ПС. не ја читав цела тема :) само што го видов шптрафчето или заковката, што и да е дадов само мислење
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 29.05.2017, Monday, 15:21:25
Z31GH ти имаш огромно искуство мило ми е што се јави е ако испадне така а чим му личи на Z31GH така би требало да е така ;D ;D ;D ;D.Ајде да таткаме ако е така Гига бормашината  ;D ;D 8) лечи нерви бормашина ;D ;D 8)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Z31GH on 30.05.2017, Tuesday, 16:42:12
nsu, фала. Сум видел вакви заковки притиснати со преса, па претпоставувам дека е така. Останува да видиме кога ќе се извади :)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 30.05.2017, Tuesday, 17:01:57
Нема проблем Z31GH како сте вие добри.Сите ќе видиме Гига што ќе извади што ќе направи. Trust in GigaWatt be smart be like him ;) ;D ;D
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 01.06.2017, Thursday, 18:27:56
Најверојатно нема да видиме бидејќи продолжниот кабел веќе не е кај мене, а не стигнав да направам еден таков шрафцигер од имбус, така да... ќе остане мистерија.

Во секој случај, не е лоша идејата за изработката на шрафцигерот ;)... ако воопшто може да се отшрафи ова... што и да е ::).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 02.06.2017, Friday, 13:13:15
Па на крај краева според Марфиеви закони или кои сите уреди што се така затворени никогаш немаат нешто вредно во нив или корисно еднаш само од Мерцедес Бенц камион чичкоми пошто е камионџија цела електроника за новите инџектори за убризгавање ја разлемував неисправна нормално беше внатре дури и фреквенција нешто плл кодирана брава со брава конектирано ако згршиш непто веднаш мења фреквенција и не ти дава да го палиш да речеме во брзина ако ти е па една кутија полна со кабли имаше контрола само на нејзе пишуваше на нејзе и искачаа многу кабли со поп нитни нитувана метална кога ја отворив внатре како на таблата со осигурувачи еден тон 15 релиња имаше двослојна плочка со интегралци и SMD компоненти отпорници кондензатори.Релињата не се обични него имаа нешто внатре баш како во кола како за жмигавци оние со електроника за горивото имаше ти викам и код ако нешто сгрешиш мења фреквенција и тоа му е знак да го сопре.Имав среќа да видам цел компјутер значи со перифериите и делот за ОBD дијагностика на шлеперот на камион влекач 2010 производен пошто не знам ни дијагностика ни ова би рекол една двослојна плоча нитувана во метално куќиште оклопена полна со дигитални кола HC маце RF дел имаше и еден куп чипови керамички резонатори дигитлна електроника џабе се мачев да ја бишам да ја отварам кога на пример ни SMD дувалка немам сега ни ништо но мерак
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: batka on 02.06.2017, Friday, 14:12:41
Батка, дај малку среди си ги постовите! ??? Нема ни точка, ни запирка,не се знае почеток и крај! И не знам дали некој ја свати суштината на твојов пост.Пишувај кратки и разбирливи реченици.И внимавај на правописот! (ах, не требаше екстерно да се укине, бар не по македонски!) :P
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 03.06.2017, Saturday, 02:42:00
Батка претерувам али те молам од се срце прочитај го постов онака кога го спомна за јазик ме повлече луто те молам прочитај и не бриши.Прво секоја чест за луѓево од ниедна партија не сум што го уништија тоа бескорисно чудо кое се викаше екстерно.Прво во втора година сите професори исплашени од тоа чудо екстерно мене твојот велешки пријател Петре Николовски Америка сега си живее во Америка кај ќерка му ми вели тебе многу те почитувам немај гајле се знаеш но додатно ќе те спремам ми се падна предмет Аналогна електроника јас во тоа време ја учев не спиев одам на екстерно нешто од учебникот а и он ме спремаше спуцав 30 од триесет поени и вториот ми беше дигитална електроника имаше прашања од уџебникот нормално ги спуцав и имаше еднопрашање глупо друго глупо не чува еден неможеш да препишеш од друго школо и едно прашање вели која машина е најстарата машина за сметање абакус компјутер дигитрон и јас велам што е абакус го напнав инспекторот само тоа незнаев дека било онаа бројалицана никогаш во животот мој тогашен го немав тој збор слушнато и ми кажа и по логика извадив 30 од 30 тука две петки.Горд сум на тоа екстерно горд горд без дадени прашање а имаше и прашања со мозгање многу одлично екстерно каде навистина кој работел и се трудел и ја сватил материјата ќе извади перфектна оценка.Но во трета година стана еден хаос и четврта абе како малер да ме биеше убав малер пак ми се паѓа слично електронски склопови и уреди се учеше за аудио делот прашањата исти од на тие лани мене ми ги дава Петре глупаците што ги прават прашањата за екстерно по некој предмет сменија прашања по некој не електронски не јас за пола саат 500 прашања научив пошто многу учев абе се од книга ама книгата ја правеше наша професорка на која кога ја правела и умрел сопругот и целата расеана дали при куцање некој лекции утнати збори за грамофон во лекцијата пикап мувинг магнет или коил да е главата и одеднаш магнетоскопска глава во лекција за грамофон а во лекција за магнетофон грамофонска глава еј лелелеле извинете грешка моја кога таа грешка и на екстерно а им кажувам на тие на екстерно прашањево и сликата е грешна на прашањето вели објасни за грамофон а слика е ставена од магнетоскоп а другите две глави од хард велам под б е точно тоа под б на сликата е магнетоскопска глава а не грамофонска грешно е во книгата тие ми велат тоа не е наш проблем им велам грешно е прашањево компјутер механички ви ги прегледува од лани само гледа дали е под б така ви е признаено али никој нема м*да да ви каже дека незнаете што сте признале дечко абе одговарај јас им велам така криво го одговарам под а искачаат резултати кога бев трета година и дигитална 30 поени од триесет дадени прашања ова 29 од 30 нема врска компјутер ги прегледува и јас сум запнал сакам на увид да одам  добивам одговор од министерството за образование и наука дека оваа година ни биле дадени прашањата и дека компјутер ги преглдедувал и дека се работи за моја грешка јас сум утнал мојот приговор е неоснован но добив право на жалба и ги нагрдив во моето повратно писмо јас тврдам дека под б стиснав незнам што било како прво прашањето не ви е точно како може машина да го прегледува не ни знаете што пишува без срам сум поганел во жалбата и сум го пцуел министерсвото незнам што ми беше откачен од секогаш сум.И добивам одговор дека јас сум прв средношколец во Македонија што може да добие увид и кога го разгледале прашањето стварно си немало врска но тоа било грешка на професорката не приметила при електронското куцање на книгата а они несвесно го земале за прашање на екстерно и бидејќи сум преговарал многу и со нагрдни зборови и некултурни сум ги вреѓал ќе морам да полагам на ново на сосема друг прашања усно пред комисија во Коце не во моето матично школо јас тоа и го чекав таму некој нивни полтрони значи не ме испитуваа од Коце професори него од министерството некои ку*ртончиња и еден професор од Коце само мораше да има стручно лице и едно ку*тонче од 25 години упорно цело време ме прашува а јас фанатик Петре ме спреми цела книга ја знам он мене ќе ми поставува прашање што е осцилатор колпиц хартлиев или примопредавател што е а јас и глупите дефиниции ги знаев ќе ми кажува што е репетитор а лично во Гиза скопска идев на пракса после школо и штелував репетитор и на Елит такси новиот репетитор со екипата сум помогнал да се постави кога се постави Р6 радиаматерскиот тогаш во велешка Бреза па ја бев со човекот радиоаматер што им го постави заедно го штелувавме SWR-от и некое ку*тонче мене што ќе ме праша невидел ништо практично го дознав и како се вика по една друга случајна приказна примен на работа така партиски од министерство он комисија бил.Два саата ме испрашуваше и направи исправка оцена иста пет само не 29 поени него триесет и до година го тргнаа тоа прашање од комбинациите а пак истите јас ги имав и на сите ги раздадов.Ех сега јас четврта пак електронски склопови по игра на случај 250 прашања највеќе тој е предмет со пет часа неделно али за четврта се правеше на полугодие и на пола прашањата и јас пак учебникот што ми го дадоа катастрофален од истава бабичка расплакана го има пишувано кога и умрел мажот она така и беше пред пензија и одам кај нејзе абе професорке и викам имате еден лапсус пак жената зема да плаче пак ли лапсус бе и велам во лекцијата за 3D телевизија велите за да можеме тридимензионално да гледаме мора да се победи паралакста и таа паралактична бариера физиолошка мана на окото а на сликите за примери доле пишува слика еден при 2д гледање и ставена на окото паралактичната бариера слика два при 3д гледање без паралакса сега во текстот обратно велите и велам јас она леле извини пак сум утнала нешто многу паметна жена зема 5 илјади евра за тие некои си три книги али и најдов грешки и си вели да во право си и велам ама пак тоа прашање е дел од екстерните и прашува за 3д а јас мора да го заокружам барањето под б кое уствари е 2д без паралактична бариера али ради вас е така и земено абе вика само немој пак приговор да даваш.И јас пак тоа и дигитална на екстерно и во четврта и вадам 30 дигитална од триесет петка а ова 29 од триесет давам приговор образложувам зошто веднаш ми се прифаќа овој пат и добивам триесет бода а од сите технички школи во Македонија никој по дигитална и електронски склопови и уреди не вадел петки со 30 поени од 26 почнуваше петка сите што имале петки со 26 27 поени јас сум се спремал за триески.И крваво сум вадел триески.Значи батка ради грешка на професорка во книга и за трета и за четврта година се примаат прашања непроверени само грешки имаше во сликите едно бара а сликата е сосема друго и успеав да истерам правдина малку и професорката ми се лутеше зошто кога знаеше вели криво ги одговараше велам не криво јас сум секогаш прав вие сте згрешиле ајде вика терај прави скандал за еден поен што не менува ништо.Значи батка налета на човек што  е единствен така ми рекоа во Македонија што дал приговор и му се прифатил два пати и тоа последователно и ради мене се тие прашања тргнати ради грешка на професорка при електронска изработка на книгата.И среќа не ми се падна македонски имав петка поклонета секогаш реална четворка тешко ми одеше учењето  но да не ми квари просек имав петка а сакав литаратура и читав многу.Но последните две години не чуваа наши професори и даваа да се препишува и што фајде кога за стручните школи цело време по стручните предмети три години четири истите прашања си ги разменуваат сите и препишуваат а и македонски професорката сите ги одговори и ги даде на петките па они ги дадоа на сите ги собра и ги замоли немојте повеќе од тројки да вадите или четворки една двојка неставам нека има тројки пошто ги имате прашањата а и ако ние ќе ви даваме препишувајте си не препишаа за повеќе од тројка а петките за петка или четворка и тоа е тоа македонски догодина во стручните училишта пак истите прашања и пак овој договор препишувајте но со усул.И така во ПТТ се имаше добри резултати се се поклопуваше едноставно препишување и договор меѓу ученици и професори за оценка. Нормално последниве четири години сами се чувааа.И какво екстерно бе батка кога на средните технички училишта секоја година не им ги мењаваа прашањата на гимназиите да прашањата за средните технички ги правел некој по наредба му рекле направи 500 250 прашања а он не ни имал врска со електро правел прашања или на некој професор од електро му дале а кај него исто од брзање и стрес му се десило некој лапсуз да направи и незнаеле дека три книги се грешни на пример со грешки не печатни како моите неко грешки во сликите при термини и факти баткааааа.Затоа батка битно е во фактите и термините да не грешиме а и во правописот исто но ова е пострашно ајде биди ми поздравен голем човеку.И добро е што се укина тоа екстерно и го запозна единствениот човек од средните технички училишта кој дал два приговор за еден поен одговорил грешно пошто точното не било точно и се борел да докаже дека е во право и тие прашања се исфрлиле.Две години генерации после мене ги немаа тие глупости а се друго беше точно.А еве сега нема ни екстерно.Голем човеку те молам не го бриши ова.Например Муро е професор и ги знае овие учебници на професорите од ПТТ мали ситни грешки има во сликите што јас при читање ги најдов они не си ни ги прочитале две мали се навидум но големи се и на екстерно ги земаа што е најтрагично се изборив да ги нема но нема веќе екстерно што е убаво.Луѓе извинете уште еднаш што пишувам големи постови тешки за читање ве разбирам на никој до ова не му е дојдено но ете што да правам кога ќе ме буцне некој коментар али батка е добар секогаш се вади еј како селски буквар ме чита само македонски пишал легенда е
Батка, дај малку среди си ги постовите! ??? Нема ни точка, ни запирка,не се знае почеток и крај! И не знам дали некој ја свати суштината на твојов пост.Пишувај кратки и разбирливи реченици.И внимавај на правописот! (ах, не требаше екстерно да се укине, бар не по македонски!) :P
Значи во секое мое карање на форумов батка кога и да ме искарал во право е неќна размислувам си велам колку овој човек треба со интелектот да е пред мене али стварно е во право за се што ми кажал батка е неприкосновен величина е.Уште еднаш извинете за несредениов и долг пост се трудев да доловам нешто околу тоа екстерното ајде Гига е едини човек што не ми би се љутел кога му тролам по темиве.Абе едно време надимакот ми беше луди.Ајде се најубаво на сите и запомнете always look on the bright side of live be positive people be positive
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 03.06.2017, Saturday, 11:53:00
Мислам дека batka повеќе мислеше на една работа, се вика мисловна целина. Кај тебе го нема тоа.

Значи, завршувам со една мисловна целина (пишувам околу некоја работа, бла бла) и кога ќе се префрлам на друга, ставам нов ред. Вака изгледаат како зборови натрупани едни до други без нешто конкретно.

Еве, забележа како јас се префрлив од една на друга мисловна целина. Завршив со она што сакав да го кажам и се префрлив во нов ред (пасус) и продолжив друга (можеби слична, но сепак не е целосно поврзана со претходната), односно ти давам пример (во овој нов ред) како треба да изгледа.

Не ме сваќај погрешно, на форумов си добредојден, на никој му немаш ништо згрешено, ама ваквите post-ови се... практично трошење на време за повеќето членови бидејќи треба да извлечат неколку корисни работи од еден километарски post... односно да ја извлечат суштината на post-от. Ти знаеш да се префлуваш од тема на тема во една иста реченица без логика. Тешко е да се читаат такви post-ови. Признавам, и јас знам да правам така (брзо да префрлувам од тема на тема во еден ист post), ама одвојувам со нов ред, запирка, точка, три точки... зависи каде како ќе ми текне или како мислам дека е адекватно.

Ова се вика срочување на мисла. Срочи го тоа што сакаш да го пишеш, подели го на логички целини, стави нови редови на тие места и тоа е тоа. Ако видиш дека некаде во текот на пишувањето на post-от ти дошло нешто ново на памет, нешто што претходно не си го планирал, пак стави нов ред, одвои ја логичи/граматички таа целина од мислата. Никој од нас не пишува аосолутно граматички точно, како од граматиката на Блаже Конески, ама се трудиме, колку што можеме да биде попрецизни. Не поради нас, пред се поради другите членови. Сигурно сакаш и други да го прочитаат и да го сватат она што имаш да го кажеш, констатираш, советуваш, презентираш, итн., така? Епа ова е начинот.

Пак ќе пишам, не ме сваќај погрешно. Очигледно не си бил член на други форуми претходно... или можеби и си бил, ама не си ги сватил „правилата на игра“ по форумиве. Биди конкретен, прецизен, срочи го тоа што сакаш да го пишеш и ќе видиш дека post-от од километар на крај ќе се сведе на неколку пасуси ;)... она што е всушност најважно ;).

Еве, јас, на пример, пред да отворам нова тема или да пишам некој post, ако треба да биде долг, како овој, правам мисловна целина во главата... што сакам да пишам, како да почне, како да зврши, што е поентата на овој post, во кој дел од post-от да го ставам тоа, итн. Ова не е real time двострана комуникација па да се разбереме и без точки, запири, нови редови, итн. Не се за џабе тие измислени ;).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: batka on 03.06.2017, Saturday, 13:57:21
nsu овој твој последен пост не ни имам намера да го читам - добро ти објасни Гига зошто! Значи, не ми смета што пишуваш ( содржински!),  ама овака срочено - ми смета, и тоа како! Основната примеса на Македонскиот форум за електроника е да ја негуваме кирилицата, писмото, јазикот и ПРАВОПИСОТ! Тоа ми смета- километарски пост , без интерпункција - на ништо не личи!! Не мислам јас да те учам како тоа се прави, доколку до сега не си научил.Ти кажав предходно дека за почеток започни со кратки реченици и употребувај барем точка и запирка. Во спротивно јас лично нема да се занимавам воопшто со дешифрирање на твоите постови.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Zan on 03.06.2017, Saturday, 14:05:12
nsu биди сигурен дека никој нема да го прочита твојот пост. Барем јас не мислам да го читам :)
Прво размисли што сакаш да кажеш, смисли ја реченицата и напиши кратко и јасно, за да може сите да те разбереме.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 03.06.2017, Saturday, 16:48:09
Готово во постов погоре нема печатна грешка само е еден мал роман со мали букви цело време ова кога ептен ќе ме фати за некоја тема кога ќе ме дирне некој се заборавам. Еве нова реченица да вежбам.  Пак нова од сега ќе пишувам само за конкретни работи кратко и јасно и со пасуси како во книга Гига тука е во право.  Ептен стварно не е двонасочна комуникација. И повеќе нема која тема да ме дирне ова околу екстерното морав некаде да го кажам што мислам ај да се ослободам ќе го средам со пасусчиња. Ви благодарам на сите за разбирањето за вашата упорност и помош и истрајноста што ме корегирате
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Atanas on 03.06.2017, Saturday, 17:53:34
@nsu Штом сакаш да пишуваш толку големи постови, батали ја електроникава, занимавај се со книжевност.  ;) ;D ;D
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 03.06.2017, Saturday, 18:34:24
@nsu: ОК, ќе бидеме трпеливи ;). Вежбај малку друже. Еве, на пример, пред да напишеш post, пиши го во text фајл или Word документ и потоа, copy/paste на форумов ;).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 03.06.2017, Saturday, 20:35:14
Атанас за жал уште си прва а јас веќе во втора полагав екстерно во тоа време прочитај да видиш како на двапати по електронски склопови и уреди сум давал приговор за еден поен и што сум правел.А за книжевност не ме бидува.Драго ми е што ти воопшто нема да фатиш екстерно прочитај од постот ако не те мрзи драго ми е што ви го укинаа
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Atanas on 04.06.2017, Sunday, 11:52:47
А, зошто ми е екстерно да полагам? Поглупаво нешто од тоа нема.  ;) Патем, и јас сум полагал 4 години, без гајле.  ;)  ;D
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 04.06.2017, Sunday, 14:57:55
Да да и ти си фатил само се имаш ли некогаш бунето за неточни прашања кај нас посебно во техничките школи по стручните предмети учебниците беа смешни имаше технички грешки технички а не правописни технички и нормално тие неточни работи кои врска си немаа одеа и на екстерно
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Toma on 04.06.2017, Sunday, 16:23:21
nsu, какви грешки !
технички
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8или
електрични
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: Devil on 04.06.2017, Sunday, 22:53:01
Многу избегавте офф топик.
Или држете се до она што е наменета темата или пишувајте во некоја општа дискусија, а можете да си отворите и тема за она што сакате да го кажите.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: nsu on 05.06.2017, Monday, 14:46:03
Електрични во шемите така е Тома еј стварно не размислив како часови по македонски ми е со тебе и една електрична шема на еден степен беше згрешена во учебникот по електронски склопови и уреди за четврта година и тоа со 2Д И 3Д гледањето паралактичната бариера во 2Д.Затоа многу ми е драго што им сигерирав и реакцијата на професорката беше да јас тогаш имав семеен проблем расеана бев не проверив убаво а и ученици не спиеле кога ја правеле книгата и докуцувале нешто.И вели еј не сум го загледала ова со сликиве.Но за жал таа грешка одеше и на екстерно одма механички.Но беа известени и господата од министерството.Devil готово нема да има веќе се беше ради моја едукација на македонски еј ќе станам македониста Тома ќе ме научи. Ајде да вежбам пасуси па Тома и технички се ова со физиолошката мана на окото кај паралактичната бариера не е баш електрична. Во секој случај сите се разбравме малку се изнаприкажавме заради мене. Но толку ќе е со оф топик уште еднаш на сите ви благодарам за толеранцијата. Темава нека си продолжи нормално ако Гига го отвори чудото некогаш.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 06.10.2017, Friday, 23:07:11
Пред некој ден случајно листав каталог, ги начекав овие, па се сетив дека некој прашуваше некаде, тек сега ми текна кој каде:

Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=2323
(http://www.mediafire.com/convkey/3aa2/4i1ao1q6o86bq1ozg.jpg)

Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=2324
(http://www.mediafire.com/convkey/6973/xy495h6b5zvmrmezg.jpg)

Опрости администрацио ако се понашам како бот од гугл адс со последниве постови, добронамерни се.
п.с. на истава страница може да се најдат додатоци за тие штафчињата како - ама со ќушка в среде.Одприлика вака изгледа (- -). Кој не го мрзи да листаили кој си е на мака :)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 07.10.2017, Saturday, 02:35:05
Не, не се овие такви. Овие се како триаголни ѕвезди (Tri-Secure, некако така се викаа). Овие се Tri-Groove... односно не се ни Tri-Groove, некоја custom варијанта на Tri-Groove се. На првата страна од темава имам ставено во еден post како може да си направиш шрафцигер за Tri-Groove од хексагони (имбуси).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13979.msg121072#msg121072
Разгледај го attachment-от, ќе видиш која е разликата ;).

Инаку, комплетчиња со secure додатоци за шрафцигер (оние, со наставци што се) има на ebay, од T-Secure до овие триаголни ѕвезди... секакви има, ама од овие најкористените типови на secure screws, нема за поспецифичните (Oval Head, Tri-Groove, итн.). Комплетче од 30 парчина (или 20 и нешто, не сум сигурен) е околу 10 долари, далеку од скапо ;). Доаѓаат само како наставци, без шрафцигер. Имам купено едно, ми се има најдено до сега многу пати ;).
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 07.10.2017, Saturday, 04:56:55
Може да ме излажало окото, не велам не, мене ми зачичеа како да се таман, а за 50 денари да стругаш цел ден не бива :) ни за 10$ :)
А може и да има на сајтот, гледав комплети ама лошо се сортирани, не им обратив баш внимание :)
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 07.10.2017, Saturday, 07:32:28
Не знам дали има Англиска поддршка, т.е. дали артиклите им се напишани со Англиски опис (description), ама пишав, најблизок до оној тип на шрафцигер што би ги одшрафил овие шрафови е Tri-Groove.

Инаку, update, сега ми текна дека сопственикот на продолжниот кабел ми се јави за ми каже дека прекинувачот на продолжниот кабел не му работел и дека пробал сам да го отвори, па бараше совет како да го отвори, ова она... како и да е, парче го направил целиот, ама сепак, го прашав да ми каже дали шрафовите се шрафови или клинови/нитни (како што спомна Z31GH) и да, шрафови се, имаат винт ;). Значи, може да се одшрафат, ама треба да имаш некој „нинџа“ Кинески шрафцигер ;D или сам да си направиш адекватна адаптација на Tri-Groove за овие шрафови.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 07.10.2017, Saturday, 17:16:37
Лично јас бургија/брусалка(шмишајбна) им мавам одма. Мада добро е да се има секјурити сет, знае да биде фрустрирачки понекогаш. Само која е потребата од безбедносен штаф на предмет од 300 денари....
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: GigaWatt on 08.10.2017, Sunday, 20:27:05
Проблемот е што овие се навнатре (околу нив има пластика, не се површински). И јас имам пробано такви да ги вадам со бургија, ама конкретно кај оваа пластика од новиве готови продолжни кабли со 6 приклучоци (не знам дали знаеш каква е пластиката... некако чудна е, се витка и ако ја бушиш летаат ситни парчиња од неа... не знам како да опишам), не можеш да го правиш тоа. Имам пробано и јас еднаш, парче ги направив сите дупки. Ми се лизнуваше бургијата или ќе ја отстранам главата и наеднаш, ќе ми пропадне навнатре бургијата и ојде горниот дел од пластиката и практично неупотреблива е таа дупка. Од 6 дупки, на 5 ми се случи или едното или другото (или да ми се лизне бургијата и да ја зезнам пластиката околу шрафот, или да ја изедам главата со бургија и потоа да ми лизне надолу), така да, веќе немам намера да се зезам со такви решенија, барем не на овие продолжни кабли. На крајот мораше по цел продолжен кабел на спојните линии на двете пластики (долната и горната) да топам „течна пластика“ (пластични патрони) за да може да ги стегнам двата дела. За работење, си работи продолжниот кабел, ама не изгледа убаво... барем не од долната страна, а и ако сакам да го отворам, немам како, залиен сега цел. Ќе треба со скалпел да сечам, па пак да топам пластика... више дара него масло :S.
Title: Одг: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи
Post by: bicikle on 08.10.2017, Sunday, 22:08:01
Знам какви се, никакви, затоа не ги штедам, ќе ги прошлакам со лепак и хајт. Ако е за некој друг ќе го испратам в железара да купи кавел штекер и утикач да не го мислам :)