Author Topic: Мерење на напон и струја (со 1 инструмент)  (Read 7525 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Мерење на напон и струја (со 1 инструмент)
« Opened on 02.03.2010, Tuesday, 22:53:18 (Edited 02.03.2010, Tuesday, 23:33:33) »
реков дека ке дадам шема за мерење на напон и струја со еден дигитален инструмент...па еве ја шемата...


R1=0.1R/5W
R2=2k2-тример
R3=10K
R4=100K
R5=100R

Дигиталниот инструмент се става на најмало подрачје за мерење на DC напон (повеќето се 200mV) а остатокот се поврзува како на шемата. При мерење на напон инструментот ја покажува вредноста како што е, а за мерење на струја покажаната вредност се дели со 10 (запирката се поместува на лево за едно место). За нагодување ке ви биде потребно потрошувач и....стабилизатор на напон. Се нагодува така што напојувањето ке се оптовари со некоја позната струја(на пример 1А) и со R2 се нагодува инструментот да покажува 10mV(при оптоварување од 1A). За одпорниците R4 и R5 употребете одпорници со толеранција од 1%  за поголема прецизност. За инструмент можете да ги употребите оние што се никаквине/чкартни инструменти од пазарче што се 150-200 денари.

какво било прашање во врска со шемата кажете и ако знам да го одговорам ке го направам тоа, иако не гледам нешто збунувачко во шемата....  :-*
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

stefanjanevski

  • Guest
А јас сакам да ја направам со дисплеја, како то има една тема, со три десплеја и pic16f629 мислам дека беше. Сеа кажи ми дали може тоа цело да го направам и да го рилкучам наместо тој унимерот на сликичката што е?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
да може да го направиш и приклучиш
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!