Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: batka on 11.03.2013, Monday, 22:20:11

Title: Шема на ЕСР метар со NE 555 и 741
Post by: batka on 11.03.2013, Monday, 22:20:11
Ја добив ова шема  за ЕСР метар,ама некако не верувам дека од неа ке биде нешто. 8) Премногу едноставно изгледа.Пред да најдам време и да ја испробам,само предлог да ја разгледате и ако некој ја има правено или има свое мислење,предлог,би било добро да слушнеме.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/esr_metar.png)
Title: Одг: Шема на ЕСР метар со NE 555 и 741
Post by: GigaWatt on 12.03.2013, Tuesday, 06:10:41
Нема заштитни диоди, па според максималниот напон на напојување на колото, односно максималното ниво на излезниот напон од 555, следува дека со оваа шема може да се испитуваат само електролитски кондензатори кои имаат работен напон поголем од 10V-тина волти (од прилика), пожелно е да имаат работен напон поголем од 16V. Со намалување на напонот на напојување на колото, ќе може да се мерат и кондензатори кои имаат понизок работен напон, но со тоа ќе се намали прецизноста на инструментот. Ова е можно да се корегира со замена на операцискиот засилувач со некој понов и поквалитетен. Всушност, замена на операцискиот засилувач е пожелно во секој случај, без разлика дали ќе го намалите работниот напон на колото или не.

Со оглед на тоа дека повеќето електролитски кондензатори и онака имаат поголем работен напон од 10V, колово може да биде прилично корисно за брза проверка ;). Поради недостатокот на заштитни диоди, во никој случај не смее да се користи за on board испитување на електролитски кондензатори, особено не во дигитални кола (можно е да може да се користи за испитување на електролитски кондензатори во аудио засилувачи, но во зависност од конструкцијата на засилувачот, најверојатно ќе може да се користи само во определени секции). Исто така, поради релативно високиот напон кој ќе се јави на крајот на кондензаторите, не смее да се користи за испитување на електролитски кондензатори од матични плочи кои најчесто имаат максимален работен напон од 6.3V (за on board испитување на електролитски кондензатори на матични плочи... мислам дека не треба да се напомене дека ова не смее да се прави со овој инструмент).

Генерално земено, инструментов не е пожелен за on board испитување, но поради релативно високото ниво на напонот со кој се врши мерењето, можно е да вади попрецизни резултати со off board испитување ;). Кој знае, треба да се провери ;).

ПС: Исто така, фрекевенцијата на испитување на овој ESR метар е околу 50KHz, а повеќето ESR метри испитуваат на фреквенција од 100KHz, така да, пожелно е да се корегира фреквенцијата на работа на 555 на 100KHz.