За прием на дигиталната ТВ поларизацијата не е многу битна,можете и со вертикалка и со хоризонталка да примате сигнал.Проблемот е од каде и колку е далеку изворот на сигналот,дали има препреки,какви се ,итд.Ако сте во рурален крај ,малку потешко се прима сигналот со собна антена.Тоа можете да го проверите со мобилен на ОНЕ- ако се полнат сите цртици на телефонот за квалитет на приемот,можен е прием со собна антена.Тоа е наједноставна проверка.
Иначе.еве на сликата може да видите една фабричка антена која има супер прием на дигитална телевизија,се разбира во градски услови,што не значи дека сигурно ке работи насекаде добро.Значи земете челична ( или во краен случај бакарна) жица1-1,2 мм ,отприлика 60-70 см долга.Мерете 16 см од крајот и потоа на тело 10 мм намотајте 10 намотки од жицата.Калемот кога ке го растегнете треба да има должина 80 мм.Потоа оставете до крај на антената уште 80 мм и на тоа место залемете го вруќиот крај на коаксијалниот кабел за ТВ.Најдете или направете метална кутија 50 х 50 х 30 мм ( од лим,витропласт,бакар итн.) и ставете ја на неа ( изолирано!) антената.Ширмот(оплетот,мрежата) на коаксијалниот кабел спојте ја на кутијата.Кутијата можете да ја оптоварите одоздола со потежок метален дел или плоча за да стои фиксно исправено и пробајте ја на вашиот ТВ.Имам изработено 2-3 вакви антени и во град работат добро.