ќе ги послушам советиве,но наместо термособирачко црево ќе ги потопам отпорниците во масло(тоа ќе го реши проблемот со корона празнењето
), а како дупла заштита ќе поврзам 5 отпорници од 200 кило оми сериски, така искрата ќе треба да прескокне 1,5 цм, а ако успее, тука е маслото... иначе за кондензатор ќе користам едни мали стаклени шишенца, од некој лек биле татко ми ми рече. внатре електролит, надвор Ал фолија...
иначе @nsu прочитај во една тема за теслин трансформатор, мислам се викаше -секој може да направи лесен теслин трансформатор од 6кВ на 30кВ- (не ми замерувај ако не цитирав точно). иначе тој драјверот и флајбекот што ги направив се одлични и доволно компактни за стан ган. може ќе направам некој ден, еднаш ме спеца тои а боли леле мајко! лузна (изгореница) ми остави на кожата...
А иначе експериментирам со теслин трансформатор што работи на 220 волти директно без повисок напон..(со раздвоен трансформатор, секако...) како искричар се користи неонски индикатор.
да се вратам на марксовиов, најдов 25 шишенца, уште отпорнициве ми фалат, ќе порачам од алфаелектроник 100 отпорници од 200 кило оми или слични- 0.25 вати, тоа ќе ме фати отприлика стотка. ПЕРФЕКТНО!!!