Author Topic: Мал сигнал трасер  (Read 594 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Мал сигнал трасер
« Opened on 09.03.2011, Wednesday, 07:59:31 (Edited 25.08.2013, Sunday, 07:04:54) »
Иако имаше слични теми,сепак не е на одмет повторно да се навратиме на една многу корисна алатка која се употребува и во НФ и ВФ техниката.Вчера седмоодделенците ја направија ова *играчка* која добро се покажа,па се *степаа* кој да ја испроба на својот уред.
Сигнал трасерот е мал НФ појачувач кој се користи за следење и откривање на прекин на сигналот во еден уред.Ако имате некој НФ појачувач ,кој не работи,не дими кога уклучувате напон,а звук нема -тогаш еве ви уред за дијагностика на неисправноста! Значи започнувате од влезот,каде приклучувате  влезен сигнал и пратите се до звучникот дали сигналот проаѓа низ оние критични точки.Ако е транзисторски појачувач,земете ја шемата и одете од колектор до колектор,од база до база и ке видите каде сигналот прекинува.Најпрвин вежбајте на некој исправен уред за да стекнете искуство,а потоа е многу лесно,дури и ако сте седмоодделенец! ;D