Author Topic: С- метар за големи вредности на електролитски кондензатори  (Read 1174 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Полека се наближуваат натпреварите на Народна Техника и еве ке ви представам неколку конструкции кои се веке изработени и се покажаа како успешни.Добра конструкција е овој С- метар ,наменет пред сеза мерење на електролити со големи вредности.Проблемот на големите електролити веројатно ви е познат.ЕСР вредностите се битни,меѓутоа се слушува капацитетот да е опаднат а ЕСР вредноста на електролитскиот кондензатор да е во граници на нормала.Тоа е можно кај електролити од 5-10-15.000 МФ .До тие граници и оди мерењето на овој инструмент.Од шемата гледате отприлика за што се работи.Потребен е стабилен извор на напон за IC,потоа добри вредности за отпорниците во колото на преклопникот и малку мачење околу подесувањето.Се разбира повеќеобртен потенциометар за подесување,напон 12 V стабилизиран,200мА инструмент со што поголема скала.Потребни се солидни преклопници.Оној преклопник со 2,2 оми отпор служи за празнење на електролитот ( значи треба да е изваден, најдобро),макар што може и на плоча директно да се мери! Се на се ,уред кој може да ви послужи за мерење и споредување на електролити.Ако имате нови и солидни по квалитет електролитски кондензатори може да ги споредувате ,односно да видите кои од нив помалку или повеќе *истекуваат*. Уредот се уште не е ставен во кутија,но е многу солидно изработен на плочка 100х60 мм.ке ја ставам само оригиналната електрична шема ,а другото треба самите да го направите- плочка,кутија...

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Иако после подолго време откако е отворена темава нема никакви мислења и коментари решив некако да ја обновам бидејќи сум заинтересиран за овој инструмент и би те замолил доколку го имаш комплетирано да ставиш некоја слика да видиме како е направен и како се покажува во пракса, мери ли добро и дали вреди да се прави  :).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Инструментот беше направен,ама дечкото што си го направи си го зема .Иначе,работеше и мереше со точност од околу 3% што не е воопшто лошо за големи вреднсоти.Сепак се зависи од квалитетот на употребените делови и прецизноста на отпорите.Ставете повеќеобртни пот.

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
А јас мислев дека ти си го изработил  :).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Беше направен за натпревар на Народна Техника,јас само шемата ја постирав и му помогнав во калибрацијата.