Author Topic: Проект од Maki: 10cm Simsonik SW410 бас-среднотонец и Biema BMH-1301 високотонец  (Read 7283 times)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Јас реков дека ке работи и во 45 л.кутија,ама реков дека јас би додал +/- 25% волумен.За ова кутија која последна ја предложив никаде не пишав дека е  45 l!? Затоа да не мешаме баби и жаби,колегава нека си ја направи кутијава како што почна ,без додавки и придавки.

Проста математика: прв твој предлог: 45 литри +25%=56 литри. Втор твој предлог: 62 литри. И сеа шо?? ???
И за двете кутии дужината на цефките што ги предлагаш се предугачки.

За твојот *туторијал* и ловење риби и жаби,веке знаеме ,сме ги чуле тие работи,ама само теоретски.Да покажеше барем некој твој изработен,пресметан или барем прилагоден нацрт - ке беше во ред! Вака,по она народната - не умри коњу до зелена трева! На колегава останува да си одлучи дали ке ја прави или не.

Не морам да покажам проект за да докажам дека туторијалот ми е добар,али пошто си запнал,ево:



Ова ми е првиот направен пар звучници,има 5 години,другар ми уште ги користи за компјутерот.Басчињата се 10cm Simsonik SW410 ,твитерчињата прво беа Simsonik DT 5310 A али ептен крчеа од изобличење па ставив Biеma BMH-1301.Волумен на кутија унутра е 7 литри,бас рефлекс цефка фи=45мм пластична за канализација со дужина 11cm.Скретницата ја правев со електрични мерења на импеданцата и на басот и на твитерот у околина на резната фрекфенција 5500Hz,за басот филтер 12dB на октава: калем 0,56mH и кондензатор 4,7 микрофаради,за високотонецот филтер 12dB на октава: кондензатор 2,2 микрофаради сериски со отпорник 3,9 Ома и после калем 0,18mH, твитерот у фаза со басот.
Целата оваја звучна кутија е мое дело,не сум прекопирал како што прават сите,све сам сум измерил и прорачунал.

Само да напоменам оваква (слична ) конструкција имаше Сашо Ицковски дадено во еден број на Емитер ,ама напоменувам дека потекнува од истиот извор од каде и јас ја пронајдов,а тоа се апликациите на фирмата FANE.

Не можам да најдам,кој месец и година е тој Емитер?


Споено мислење: [time]03 Септември 2012, 16:49:07[/time]
Маки, високиот е обичен твитер! Не е проблем тоа... Ќе се среди најмал проблем е тоа :D

Тешко дека ќе го средиш тоа,проблемот со твитерот ќе ти остане,осим ако со скретницата ептен не ги угушиш средните од басот.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #1 on 03.09.2012, Monday, 19:42:01 »
Абе ,Маки остани си со твоите Симсоник звучници и остави го човекот нека си работи:Дали тој ке прифати или не тоа е негова одлука.Тоа што не си чул за тој берој на ’Емитер ,тоа е твој проблем.Јас му посочив неколку варијанти на човекот и доста цепидлачиш.А,за твојот проект ке проверам,сликата ми се чини некаде сум ја сретнал на .net 8)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #2 on 04.09.2012, Tuesday, 13:35:50 (Edited 04.09.2012, Tuesday, 13:48:22) »
.А,за твојот проект ке проверам,сликата ми се чини некаде сум ја сретнал на .net 8)

Само ти се чини, 102% не си можел да ја сретнеш,вчера ја ставив.

Батка, ок ќе му дојде ред и на тервол и на лио :D Ете слики од свртницата :D

Одма у старт замени го кондензаторот за високотонецот,стави 8,2 микрофаради или 4,7 микрофаради,22 микрофаради е превише,ќе ти прегори твитерот.


Споено мислење: [time]04 Септември 2012, 12:41:35[/time]
Тоа што не си чул за тој берој на ’Емитер ,тоа е твој проблем.

А јас па мислев на овој форум помагаат за вакви едноставни барања..
Башка и културно прашав..

Споено мислење: 04.09.2012, Tuesday, 13:48:22
Абе ,Маки остани си со твоите Симсоник звучници и остави го човекот нека си работи:

Ова ми се единствените кутии што сум ги направил со Симсоник звучници.
Се кладам имаш направено кутии со Симсоник звучници најмалце десет пати више од мене.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #3 on 04.09.2012, Tuesday, 19:41:12 (Edited 04.09.2012, Tuesday, 19:46:19) »
Ајде бре Маки чим си го бараш одговорот:

1. НЕ си прави бајрам на паметот со 102% да не испадне сликата копија од некој сајт.
2.Многу рано од ракав кажа некои вредности за кондензаторот пред високиот,без да знаеш за кој модел се работи.Ова веројатно  е од пракса со Симсоникот??Веројатно само со Симсоникот и си направил 5-6 пара кутии.Дај некој линк со Qts  и други параматри за нив ,јас не можам да најдам.
3.Варез е забранет на Форум,кога веке сакаш,а копии од Емитер никогаш не сум правел
4.За Симсоникот да знаеш дека донесов пред Ваце и другиве во Ск да почнат да носат во големи количини.Скоро сите можни модели и варијанти сум ги испробал.Тоа се комерцијални, и евтини звучници за нас практичарите ,а за теоретичарите можност да си ги пробаат бројките и да видат дека не е се така како на хартија.
5. Јас би играл со атенуација и 3,3 мФ 250В блок во гранка на високотонец.Најдобра атенуација - со L pad.
6.Останува Cupe X  да направи нешто и да каже како помина,односно да каже  дали целава дискусија беше успешна.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #4 on 04.09.2012, Tuesday, 20:43:42 »
Ајде бре Маки чим си го бараш одговорот:
1. НЕ си прави бајрам на паметот со 102% да не испадне сликата копија од некој сајт.
2.Многу рано од ракав кажа некои вредности за кондензаторот пред високиот,без да знаеш за кој модел се работи.Ова веројатно  е од пракса со Симсоникот??Веројатно само со Симсоникот и си направил 5-6 пара кутии.Дај некој линк со Qts  и други параматри за нив ,јас не можам да најдам.
3.Варез е забранет на Форум,кога веке сакаш,а копии од Емитер никогаш не сум правел
4.За Симсоникот да знаеш дека донесов пред Ваце и другиве во Ск да почнат да носат во големи количини.Скоро сите можни модели и варијанти сум ги испробал.Тоа се комерцијални, и евтини звучници за нас практичарите ,а за теоретичарите можност да си ги пробаат бројките и да видат дека не е се така како на хартија.
5. Јас би играл со атенуација и 3,3 мФ 250В блок во гранка на високотонец.Најдобра атенуација - со L pad.
6.Останува Cupe X  да направи нешто и да каже како помина,односно да каже  дали целава дискусија беше успешна.

1. Не си прави бајрам на умот дека мојата слика е копија од нечиј сајт,кутијата ја направив сам и сам ја фотографирав.
2. Ти не му кажа ништо за преголемиот кондензатор од 22 микрофаради, јас прв му реков да го намали.
Линк нема да најдеш за Qts на Симсоник, јас сам го мерев.Ако ти треба, замоли ме да ти ги испратам мерењата.  8)
Напишав дека оваа кутија е единствената што сум ја направил со Симсоник звучници.
3.  ???   ???  Не побарав копија од Емитер, побарав само да ми кажеш информација кој месец и година е тој Емитер,прочитај што сум побарал:
„Не можам да најдам,кој месец и година е тој Емитер?“

4. Практичното направеното испадна исто како теоретското на хартија.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #5 on 04.09.2012, Tuesday, 21:57:04 (Edited 04.09.2012, Tuesday, 23:05:08) »
Доста Маки, немам време со тебе да се бафтам,нека направи човекот- него го чекам да видам дали ке биде задоволен.Ти побарај некоја книга и читај,а јас ке барам слика на интернет од Симсоник кутија  8)

П/С/ Дај стави го твојот проект за Симсоникот,да видиме барем теоретски дали е добар. ???

Споено мислење: 04.09.2012, Tuesday, 23:05:07
Maki  ,да не е од ова книга проектот?? 8) :o

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #6 on 05.09.2012, Wednesday, 16:59:37 (Edited 05.09.2012, Wednesday, 17:12:19) »
Maki  ,да не е од ова книга проектот?? 8) :o

Не е! И што сличности најде таму со мојот проект?  8)    Бас и високотонец у бас рефлекс кутија?  :D   :D

Што ќе ми е да копирам проект,кога сам знам да го измерам,прорачунам и направам?!У мојот туторијал пишува како се прави тоа.Не знам како не можеш да сфатиш дека правење звучни кутии се учи,не мора да се копира.

Книгава прв пат ја гледам,али се кладам унутра нема проект со Симсоник звучници,а уште повише се кладам дека мојата скретница е различна.

Споено мислење: 05.09.2012, Wednesday, 17:12:18
П/С/ Дај стави го твојот проект за Симсоникот,да видиме барем теоретски дали е добар. ???

 ???  Не те разбирам,па го ставив целиот проект со сите податоци,што ти треба уште??   ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #7 on 05.09.2012, Wednesday, 21:54:29 (Edited 05.09.2012, Wednesday, 22:17:07) »
Па Маки има многу сличности со твојов проект,ама едно не ми е јасно - 5500 Хз резна фреквенција???? Да беше друг звучник ке размислев,ама за Симсоник и 5к5 малку е претерано амбициозно.Само средни ке *пукаат*.За 10 сантиметарски звучник се работи,уште и во бас рефлекс кутија!? Тој и така се мачи,ами уште во бас рефлекс?? И високотонецот го ѕидаш без потреба! Навистина уникатно!А,книгава најди ја и прочитај ја! Ти читаш барем книги.Ке ти треба,ако се зафатиш со нешто поозбилно.
Извини,ама ако е ова твој дострел.Со какво појачалце ги погони другар ти?

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #8 on 06.09.2012, Thursday, 13:44:09 (Edited 06.09.2012, Thursday, 13:50:48) »
Па Маки има многу сличности со твојов проект,ама едно не ми е јасно - 5500 Хз резна фреквенција???? Да беше друг звучник ке размислев,ама за Симсоник и 5к5 малку е претерано амбициозно.Само средни ке *пукаат*.За 10 сантиметарски звучник се работи,уште и во бас рефлекс кутија!? Тој и така се мачи,ами уште во бас рефлекс?? И високотонецот го ѕидаш без потреба! Навистина уникатно!А,книгава најди ја и прочитај ја! Ти читаш барем книги.Ке ти треба,ако се зафатиш со нешто поозбилно.
Извини,ама ако е ова твој дострел.Со какво појачалце ги погони другар ти?

Не кажа кои се сличностите? Све ми изгледа дека не можеш да ги најдеш!  8)

Овој звучник не го правев „од памет“.Со генератор пуштав синусоиди на басчето и тој свиреше преку 9kHz,затоа ставив рез на 5,5kHz. Има појаки средни од 1kHz до 2kHz,али тие не се исплати да се угушат,прескапа ќе биде скретницата.Твитерчето добро работи само изнад 4kHz.
Што ти значи тоа „зидање на всокотонецот“?
Скретницата ја правев тек откако ја измерив импеданцата на басчето и твитерот околу 5,5kHz а после мерев дали скретницата гуши за 3dB на таа фрекфенција.
Не разбирам,какво мачење на басчето?Мало басче најмалце се мачи баш у бас рефлекс кутија.

Таа книга ми делува бајаги застарено,не верувам дека у неа ќе најдам нешто што не го знам веќе.

Појачалцето е стар рисивер на старо купен,Техникс од помалите.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #9 on 06.09.2012, Thursday, 15:47:39 (Edited 06.09.2012, Thursday, 16:22:17) »
*Таа книга ми делува бајаги застарено,не верувам дека у неа ќе најдам нешто што не го знам веќе.*

Токму како за тебе е Маки,да прочиташ малку.И нешто да научиш,да видиш како се работат тие работи.

Резната фреквенција на 5500 Хз е многу висока,бидејки басот ке се мачи со средни и бадијата ти е бас рефлекс кога од 100 Хз започнува да свири басчето.Тој модел на Симсоник повеке за средни би го користел ,отколку за басови.Бас нема да чуеш бидејки средните ке *параат* уши.Високотонецот работи од 1500 Хз и тоа добро.Во проектите на Биема  тој најчесто работи со свртници на 2000- 2700 Хз,во било која комбинација.Му треба само соодветна атенуација.Се друго што ке напишеш нема да ме убеди дека проектот ти е добар.Ама.како што стално велам - секој си има право на свој вкус и во тоа  не ти се мешам.

Е,па за тоа не наметнувај твои теории и твои туторијали бидејки си малку подалеку од практиката.Држи се до теоријата и кога ке бидеш спремен да направиш стварно добри кутии,јави се тогаш да дискутираме.



Споено мислење: 06.09.2012, Thursday, 16:22:17
Не мора да пишуваш повеке , да се правдаш и да ме убедуваш* дека прекрасно звучат* ( кај другар ти).Точка до тука ,да го почекаме колегава да каже ако и како ги направил кутиите со 10 инчните басови.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #10 on 06.09.2012, Thursday, 16:30:31 »
Резната фреквенција на 5500 Хз е многу висока,бидејки басот ке се мачи со средни и бадијата ти е бас рефлекс кога од 100 Хз започнува да свири басчето.Тој модел на Симсоник повеке за средни би го користел ,отколку за басови.Бас нема да чуеш бидејки средните ке *параат* уши.

 :D   :D  Басот ем се мачи со средни, ем повеќе за средни би го користел?!   :D   :D
batka, упаѓаш у тешка контрадикција!

А басови има запрепастувачки многу од такво мало басче.

Високотонецот работи од 1500 Хз и тоа добро.Во проектите на Биема  тој најчесто работи со свртници на 2000- 2700 Хз,во било која комбинација.Му треба само соодветна атенуација.Се друго што ке напишеш нема да ме убеди дека проектот ти е добар.Ама.како што стално велам - секој си има право на свој вкус и во тоа  не ти се мешам.

Високотонецот Biema BMH-1301 ненормално многу крчи од изобличење на 1500Hz, исто и на 2000.Не му помага никаква атенуација,него треба рез на повисока фрекфенција.

Е,па за тоа не наметнувај твои теории и твои туторијали бидејки си малку подалеку од практиката.Држи се до теоријата и кога ке бидеш спремен да направиш стварно добри кутии,јави се тогаш да дискутираме.
Напишав дека ова е мојот прв проект,а другарми бараше ептен ефтин звучник.Колку пари,толку музика и толку добри кутии.
На мојот туторијал не можеш да му најдеш никаква замерка,а особито ако го споредиш со твојот туторијал.
Практика е колку добро ќе направиш еден проект,а не колку многу на број ќе направиш погрешни проекти.Направив и стварно добри кутии,за нив друг пат.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #11 on 07.09.2012, Friday, 15:44:36 »
Е,ова ме радува!
За Маки :
Ти си брат целиот -контрадикција! Се залагаш за некои супер пресметки,ама забораваш едно : басот од 10 см никогаш и никогаш не дава басови под 80-100 Хз,туку вади средни  тонови ( велиш си мерел до 9 Кхз!) .Не ми е јасна логиката кога се работи практично за звучник кој целата снага ја троши за средни тонови,да го форсираш во бас рефлекс кутија.Првото правило за бас рефлексната кутија е ефикасност на басот!Овој твој бас е се ,ама не е ефикасен ! А кај тебе овој ке даде само средни тонови и со никаков бас рефлекс нема да добиеш звучна слика која ке биде линеарна ( не само по мој,туку и по твој критериум!) Затоа,не ме убедувај дека овој *супер проект* е * многу добар*,И уште рез на 5500Хз- високиот само ке * цивка*.Ако е ова твој *добар проект* тогаш не барај * најдобар*.
Иначе,високотонецот  Biema BMH-1301 е ефтин ,ама дека крчи на 1500 Хз ,а на 5500 не крчи - тоа не сум го чул до сега! Или крчи или не крчи.Ако крчи на една ке крчи на многу други фреквенции.Тоа за одреден примерок е прифатливо ,ама за повеке  не верувам.
Тоа дека си направил*стварно* добри кутии јас лично го примам со многу резерва.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #12 on 07.09.2012, Friday, 16:41:57 (Edited 07.09.2012, Friday, 16:44:37) »
За Маки : Ти си брат целиот -контрадикција! Се залагаш за некои супер пресметки,ама забораваш едно : басот од 10 см никогаш и никогаш не дава басови под 80-100 Хз,туку вади средни  тонови ( велиш си мерел до 9 Кхз!) .Не ми е јасна логиката кога се работи практично за звучник кој целата снага ја троши за средни тонови,да го форсираш во бас рефлекс кутија.Првото правило за бас рефлексната кутија е ефикасност на басот!Овој твој бас е се ,ама не е ефикасен ! А кај тебе овој ке даде само средни тонови и со никаков бас рефлекс нема да добиеш звучна слика која ке биде линеарна ( не само по мој,туку и по твој критериум!) Затоа,не ме убедувај дека овој *супер проект* е * многу добар*,

Не заборавив,басче од 10cm не дава басови испод 80Hz, али дава 100Hz и 120Hz - тоа се басови,види у речник како се викаат тоновите со 100Hz или 120Hz фрекфенција.
Логиката на мојот проект беше едноставна - другарми сакаше да слуша музика а имаше малце пари и купи ефтини и мали звучници,а јас ги измерив,прорачунав и направив кутија и скретница за нив.Од тие звучници извадив максимум - тоа се вика супер проект!Ако можеш ти да направиш со овие звучници подобар проект - повели,па да ги споредиме!
Логиката за „форесирање“ мало басче у бас рефлекс кутија е објаснета у сите книги,а ако мислиш дека таа логика е погрешна,онда иди објасни им на JBL дека више знаеш од нив.  :D   :D
Фабриката JBL у моментов продава 3 модела на хи-фи звучници со басче од 10cm:

Code: [Select]
http://eu.jbl.com/jbl-product-detail-eu/control-one.html
Code: [Select]
http://eu.jbl.com/jbl-product-detail-eu/es10ch.html
Code: [Select]
http://eu.jbl.com/jbl-product-detail-eu/loft-30.html
Е ако мислиш дека JBL Control One не е многу добар,онда..

И уште рез на 5500Хз- високиот само ке * цивка*.Ако е ова твој *добар проект* тогаш не барај * најдобар*.
Иначе,високотонецот  Biema BMH-1301 е ефтин ,ама дека крчи на 1500 Хз ,а на 5500 не крчи - тоа не сум го чул до сега! Или крчи или не крчи.Ако крчи на една ке крчи на многу други фреквенции.Тоа за одреден примерок е прифатливо ,ама за повеке  не верувам.
Тоа дека си направил*стварно* добри кутии јас лично го примам со многу резерва.

Можда не подразбираме исто под „крчење од изобличење“.Ај да биде појасно: Biema BMH-1301 не крчи него ептен многу изобличуе на 1500Hz или 2000Hz.
Ако не си чул,онда имаш проблеми со слухот,секој високотонец почиње да изобличуе ако се спушташ со фрекфенција превише ниско.Твитерчеto Biema BMH-1301 има voice coil со само 13мм дијаметар,такво нешто нема шанси да свири добро на 1500Hz или 2000Hz.
Овој мој проект е стварно добар - со овие компоненти не може подобро!

Offline ZEC ELECTRONICS

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
  • Секој новитет денес...утре е историја !!!
    • zec.mk
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #13 on 07.09.2012, Friday, 16:59:04 »
СЕ УБИВ ОД ЧИТАЊЕ.....УФ....


не треба да ги врегаме Симсоник...поевтини нема на пазарот....а за воља на вистината што симсоник кој им е комерцијален бренд на фирма од кореја ....произведува ухухуху за кого не...т.е. за еден куп брендови......но за жал повеќе не произведуваат под нивниот бренд...затоа што се презаглавени со оем нарачки...но во секој случај ја постигнаа целта ....  се самолансираа себе на пазарот....


а.баш ме интересира до каде се кутиите на нашиов пријател ......правњето кутија по теиле смалл параметри....да ,но не значи дека тоа е звукот што го бара тој или кој и да е....многу пати фирми со голема позадина прават разно разни одстапки.......а тие неправат мерење во една недела и да лансираат продукт...туку мерењата ги прават во глуви соби со месеци или години ...со опрема и инструменти од 3 гаволи.....затоа вадат нов модел на 2-3 години..... :) :)


поздрав
ЗЕЦ

дома си е дома  ;D
Сите се добредојдени .....

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #14 on 07.09.2012, Friday, 17:03:51 »
не треба да ги врегаме Симсоник...поевтини нема на пазарот....

Се слагам,колку пари,толку музика.