Идеата е нова,а се однесува на поставување две пасивни мембрани на задниот ѕид на кутијата .Значи вака: напред имате 5,5 инчен бас/среднотонец СИМСОНИК и сроден СИМСОНИК високотонец.Позади се ставаат два звучника од 6,5 инча.од истата фирма,кои можат да бидат и прегорени!!
Не е виц - ударот на активниот бас треба да ги придвижи мембраните на овие две звучни единици.Со ова би се добил назален,малку закаснет (со делеј!
) бас кој ке биде посилен и пополн од единечниот.
Одзивот ке го омекне басот и ке му даде звук на *акустичен џез бас* (за слушателите на џезот!!!).Значи,сосема слабо исполнување со дампинг-материја.Со додавање или одземање на материјалот за дампирање може да се регулира и квалитетот на басот(каква еквилизација!
).Друго,овие два задни баса не се врзани за појачувач.Треба добро да се прицврстат на задната страна на кутијата.За оние надарените : одлепете ги мембраните на овие прегорени звучници со разредувач,заедно со спајдерот и калемот и директно залепете ги на иверицата на задната плоча со НЕОСТИК.Спајдерот и калемот комотно извадете ги(да не тежат!
) и удрете по басот.Велам уште еднаш: добро залепете ги мембраните,да нема излегување на воздух од страните и оставете ги добро да легнат (да се залепат)
Навистина идеата е примамлива за експеримент~ Досега имам работено со една пасивна мембрана,со две никако! Значи,ке чекам да налетаат 4 прегорени 6,5 инчни хартиени СИМСОНИК басови,па ке се удрам на работа.Дотогаш еве ја идеата и нема да ми биде криво ако некој ме претрча!! Свртницата веке еднаш ја поставив,а дополнително можеби ке треба да се преработи(доработи) кога ке ги слушнам сите заинтересирани звучни единици.
П.С.Размислувам и да пробам сам да направам мембрани.Не е проблем и да се преработат 8 инчни мембрани кои почесто ми идат на рака!
;DИсто така треба ,можеби,да се размислува да се отежнат задните мембрани со додавање метална паричка на задниот дел на калотата!!!