Author Topic: Сабвуфер со бас од 10 инчи за дома  (Read 1507 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве колега ,ова е мој предлог за домашен бас вуфер.Го  пробав и добро тресе, па можеш слободно да го направиш и да се караш со комшиите.Димензиите се внатрешни.Иверката нека е 19 мм .Бас рефлексот е во вид на правоаголен канал отворен на задната страна на кутијата. Ја направи мајстор Ѓоре,морам да го пофалам. Ставивме  Eminence BASSLITE S2010 звучник кој кошта околу 120 ЕУ.Податоците за него ги имате во прилог. Слики немам,ама ако сака газдата да го слика,ке ставам и слики.Иначе,црна боја стандард мат е и подигнат е на 4 месингени конуси со висина 3 см од под.

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
дај слика

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Изгледа не прочита докрај се,ама ке ставам и слика.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
и јас планирам да правам слична кутија,димензиите на интернет ги најдов под името MAW10 еве некоја слика од кутијата од интернет.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Браво, браво, убаво изгледа ;). Сега треба уште да се направи и да се чуе ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
едно прашање,од што се прават тие цевките издувни кај сабвуферот?Каде може да најдам некоја?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
каква цевка ке најдеш таква...можеш цевка за одвод да користиш ако ти одговара дијаметарот на отворот ;D снајди се па живеј...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Обично се користат цевки од пластика.Ако не можеш да најдеш соодветна можеш да ја направиш од повеке слоја картон или хамер,па импрегнирај ја со дрвофикс и лак.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Јас најчесто користам пластични цевки (за отпадна вода што се користат) и тоа со големина Ф50 или Ф70 во зависност од тоа колкава е кутијата и за што е наменета ;).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа е во ред ако се погодат димензиите,ако не -потоа импровизирај,но сметај дека цевката треба да биде крута и мазна поради дизперзија на звукот.

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Има во алфа електроника во битола, од 50тина денари па се нагоре.

Offline boko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Сабвуфер со бас од 10 инчи за дома
« Reply #11 on 11.05.2011, Wednesday, 11:13:16 (Edited 11.05.2011, Wednesday, 14:07:06) »
ја направив кутија со комплетно истите мерки, звучникот премногу кнап ми излезе а и како да неможе да го исфрли воздухот низ цефките па звучникот како да дува. ја дампирав со тервол ( задна, горна и една странична).

Намали ги сликите на 800х600 пред да ги закачиш на форум!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
На кинезов со голема движечка намотка односно голем ход многу повеќе ќе му одговара ТЛ кутија .
Затоа веројатно ти звучи дека неможе да се доиздува .
Кутијата на батка е добра но за поквалитетни басови со многу помал ход на мембраната (волумен на придвижен воздух) и вкупен волумен на кутијата .
Според мене подобро ќе звучи во ТЛ кутија

Offline boko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
да, и јас мислам дека подобро ке звучи во тл кутија меѓутоа немам шема за тл кутија за 10ка

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Сабвуфер со бас од 10 инчи за дома
« Reply #14 on 11.05.2011, Wednesday, 15:33:20 (Edited 11.05.2011, Wednesday, 15:39:10) »
Ќе се помачиш малку при пресметка.
Незнам како ти оди математика ама не  е страшно. :D
И јас сам ја прерачунував од искуства од интернет .
Ќе ти ги кажам главнбите работи на кои ќе внимаваш
1.
Должина на линијата .
Таа се смета во напречен пресек на кутијата и тоа на средината на тунелот.
Ако викаш дека добро ти звучи 12 ката  а на нејзе тунелот и е околу 1,9 метри .  На 10 инчниот бас фреквенцијата на резонанса  му е пониска од тој 12 инчи (претпоставка)
Тогаш за 10 инчниот бас ќе го скратиш тунелот околу 10 до 15 сантиметри (цевката ќе биде пократка) односно околу 1.75 до 1,8 метри вкупна должина на тунелот.
2.
Отворот на цевката (издувот ) ќе го пресметаш да биде со иста површина како и ефективната површина на мембраната на басот .
Под мембрана ја подразбирам само картонскиот дел (или што  и да е ) а не и амортизерот на звучникот (гумата).
3.
Плоштината (површината во напречен пресек)на комората во пресек зад басот на почетокот на линијата треба да биде 1.25 до 2.5 пати поголема од ефективната површина на мембраната на басот.
Во случајот со 12 инчната кутија мислам дека го сметав 2 пати поголемо (дупла површина)на комората зад басот(почетокот на линијата )

Овие напатствија ти се доволни за да направиш кутија што ќе функционира солидно иако сум се изнагледал разни формули и дизајни на ТЛ кутии (со еднаков пресек, со широк почеток и тесен крај , На почетокот тесни зад басот  а отворот многу поширок односно форма на хорна итн ).
Потоа постојат формули за пресметки на односи на површини на отворот и комората зад  басот со површина на мембрана на бас (разни пропорции )
Во суштина ова што ти го напишав е најважното и се разбира потоа следи период на тестирање  со исполнувањето односно ќе мораш да експериментираш со лиото .
Имам приметено дека и една рака лио повеќе или помалку во кутијата многу го менува звукот .
Така да засукај ракави исцртај скица и фрли се на пресметки .
така ја дизајнирав и јас оваа кутија. ;)


До администраторите
Се извинувам можеби постов требаше да го пишувам во делот за трансмисиона линија ако мислите така префрлете го таму