Јас не зборувам воопштено,ами конкретно.Тоа дека има толу осетливи басови,дури поосетливи од високотонците е смешно.Ако имаш такви високотонци слободно фрли ги икупи си нормални.Секогаш,ама баш секогаш високотонецот има поголема ефикасност од басот или бар се еднакви ( ретко),така да басови со ефикасност поголема од она на високотонците е само теоретска глупост .Досега такво нешто не сум сретнал или барем не сум сретнал идиот кој би направил комбинација со неефикасни високотонци ,а ефикасен бас.Друго,и да ставиш 3 или 4 оми види во калкулаторот вредностите на кондензаторите не се менуваат *панично* и драстично.Во најдобар случај секој блок има 5% толеранција,а за да биде идеален ( а нема таков!) треба да се потрошиш добро. Очигледно одиш на она теоретско идеално,ама не само да го нема во пракса ,туку понекогаш( и многу често) пресметаните и вистинските ,реални вредности се 30% разлика! И на крај,не сум сретнал вопракса некој да намалува ефикасностна басови со ставање калеми со потенка жица! Тоа е апсурд! Сите конструктори тежнеат за што помала Re ,а ти ми кажуваш потенка жица!! Нема логика.Ако треба тоа да се прави за да се изедначи ефикасноста- фрли ги високите и купи си нови и ефикасни!