Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 18:37:35

Title: Дали знаете што е тоа L-pad ?
Post by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 18:37:35
Неколкумина од вас ,кои добија некои шеми од мене, се јавија да прашаат што е на шемата за свртници она L-pad ? Одговорот е едноставен - тоа е жичен потенциометар со јачина од 5-7 вати и отпорност од 8 -16 ома.Се користи  во колото на високотонецот за регулирање на атенуацијата .Еве како изгледа и како се поврзува во шема.
Title: Одг: Дали знаете што е тоа L-pad ?
Post by: GigaWatt on 26.01.2011, Wednesday, 21:25:20
Принцип на градба сличен на автотрансформатор ;). Ги знам овие потенциометри, имам дома неколку вакви, со отпорност од 100 оми, или тука некаде ќе да беше ;).
Title: Одг: Дали знаете што е тоа L-pad ?
Post by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 21:54:29
Целата работа е во тоа да се направи баланс меѓу сериски  и паралелен отпор кон звучникот како се намалува серискиот,така се зголемува паралелниот отпор.Со тоа се врши атенуација - намалување на осетливоста на високотонецот .