Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: MARK123 on 14.09.2013, Saturday, 22:03:50

Title: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 14.09.2013, Saturday, 22:03:50
Приметив дека додека работи автомобилот се јавува некое треперење во сијалиците од фаровите и со инструмент мерев на акумулаторот има некои осцилации во напонот на полнење.
Па, ми треба шема за некој добар реглер ... ?

Поздрав !
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: BOBO on 15.09.2013, Sunday, 02:00:52
Какви осцилации добиваш? Нормално е со зголемување на туража да појачуваат светлата за нијанса бидеќи немаш на кола стабилизиран напон.Под висока гас максимален напон кај исправен реглер и алтернатор не би требало да ја помине границата од 14.2- 14.5В.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: Jovicar on 15.09.2013, Sunday, 02:06:57
Може да варира напонот од 12 до 15волти, ама ако сакаш да не ти трепкаат стави стабилизатор пред светлата и стално ке биде 12волти.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: LordZi on 15.09.2013, Sunday, 09:44:31
Чим пулсира светлото најдобро смени си оригинален реглер, кај сите понови коли е сместен во самиот алтернатор.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: batka on 15.09.2013, Sunday, 10:37:34
Не е лошо да си ја провериш и инсталацијата.Можно е да имаш некој лош контакт,
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: nsu on 15.09.2013, Sunday, 23:00:08
Чим светлото трепка најубаво да си го смениш реглерот кој е транзисторски а сега кај новите коли дури се правеле и со интегрални кола јас баш пред некое време го сменив на мојот автомобил бидејки ми пулсираше светлото тој беше трансисторски и во самиот алтернатор беше вградено транзисторчето со 4 изводи кое го регулираше напонот но многу убаво кажа батка провериси ја инсталацијата што излегува од алтернаторот многу често а посебно кај постарите возила знае да има некој прљав контакт оксидиран 8) и тој да е проблемот.Но јас мислам дека е до реглерот чим трепка светлото но види си.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: batka on 15.09.2013, Sunday, 23:38:21
Се тоа добро ,ама од кај знаеш каков автомобил има колегава????? Никаде не пиша што кола е  ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 17.09.2013, Tuesday, 10:46:08
Автомобилиот е лада...не ми се верува да има лош контакт ,но ќе проверам,најпрво реглерот си бил во алтернаторот фабрички,но често се расипуваа и затоа имам ваков но и со стариот реглер што го имав ставено пред овој(не оргиналниот) го имаше да речам истиов проблем но тоа пулсирањето што го приметувам беше помало ,одкако го сменив овој уште од старт е вака .

Поздрав
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: Toma on 17.09.2013, Tuesday, 18:09:18
Кога веќе и со новиот реглер (регулатор на напон) имаш слична ситуација како со стариот, треба да се прашаме дали проблемот е во реглерот.
При ваква ситуација провери ја затегнатоста на погонскиот ремен (каиш) за алтернаторот.
Провери ги прстените од роторот од алтернаторот.
Провери дали жиците од статорот на алтернаторот имаат добри спојки.

На сликите од линкот имаш доволно слики за внатрешноста на алтернаторот!
Code: [Select]
http://www.pirate4x4.com/tech/billavista/Wiring/Part2/
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: bicikle on 17.09.2013, Tuesday, 22:29:08
.... провери ги и шеткиците и лагерите....
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: nsu on 17.09.2013, Tuesday, 22:40:55
Чим и со нов реглер ти сецкал тогаш сигурно се отидени четкиците на роторот пошто тие служат да преку нив се доведе струја на роторот тоест B+ струјата побудна за да може алтернаторот да почне да дава струја и кога ќе дава струја четкиците имаат улога пак тие со реглерот се врзани и ја регулираат струјата тоест реглерот преку нив го регулира напонот при високи туражи да биде константен моја претпоставка е дека ти се отидени четкиците ;D
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: Toma on 17.09.2013, Tuesday, 23:05:51
Ако реглерот е од овој тип тогаш нема што да ги проверува четкиците кога и визуелно се гледаат во каква состојба се!

REGULATOR ALTERNATOR Lada 173701010, 21033701500, 21053701500
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/mGaiPT9zgb10bfeins5F67A.jpg) или ваков (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/mPmZtsYBpMIHmlnuXzwCPcA.jpg)

А четкици на ротор нема туку има прстени од истиот
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/alternator-rotor-500x500.jpg)
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 18.09.2013, Wednesday, 20:14:48
Да реглерот е од тој тип .
Пред одприлика година...година ипол јас го растурив алтернаторот мислам дека не беа отидени четкиците,ќе проверам какви се контактите на жиците на него и каишот ќе го зирнам,па ќе ве известам :)

Поздрав !
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 30.09.2013, Monday, 00:41:54
Го проверив каишот,добар е.
Ги проверив контактите на жиците на алтернаторот и тие се ок.
Го приметив следново...во лер кога работи автомобилот и немам ништо вклучено на волтметарот се гледаат некои помали осцилации на сказалката.
Ако во истиот момент ги вклучам светлата осцилациите ги нема и изгледа добро.
Потоа ако додадам гас пак се појавуваат осцилациите но со малце поголем интензитет во стрелката на волтметарот.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 04.01.2014, Saturday, 01:51:07
Во прилог на шемата,направив реглер но има еден проблем...повремено се исклучува и вклучува полнењето (на неколку секунди полни па некое време не...па повторно ке се вклучи полнење).
Мислев на ладен лем ама ја проверив плочката и ги прелемив сите елементи и жици.
Во што може да е проблемот?
Да не е нешто со  lm741 (мислам дека работи како компаратор па поради тоа да се јавува ова вклучување и исклучување,и дали е нормално на тој принцип да работи).

Code: [Select]
http://www.niqro.3x.ro/regtens/regtens.htm
П.С.Со него е добро и додека полни ги нема осцилациите што прашував во предходните постови.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: batka on 04.01.2014, Saturday, 10:50:30
Може да е до 741 ,но провери  и да не е до зенерката 6,2V и оној елемент ТR1,како и до  контактите на тримерот.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: LordZi on 04.01.2014, Saturday, 12:05:53
Чисто информативно, ако на зенерката пишува 6,2V не значи дека стварно е толку, имам наоѓано примероци со одстапување и до 1,5-2V од декларираното. Мене ми стана навика да ги мерам сите зенерки, макар и нови од продавница, пред да ги залемам на плочка...
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: Toma on 04.01.2014, Saturday, 12:58:48
Quote from: Toma (во пост погоре напиша)
...Кога веќе и со новиот реглер (регулатор на напон) имаш слична ситуација како со стариот, треба да се прашаме дали проблемот е во реглерот...

Провери го роторот и статорот од алтернаторот кај искусен автоелектричар.
Сметам дека проблемот не е во новиот регулатор на напон (реглер) !


Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: nsu on 04.01.2014, Saturday, 14:17:32
Многу убаво кажа и Тома јас мислам дека не е до реглерот.Провериго роторот.Но сепак кога ќе отидеш кај искусен автоелектричар тој ќе ти го каже проблемот.Но според ова а и претходно одговарав во темава од порано ако се работи за истиот алтернатор на лада сигурно не е до реглерот јас така мислам но нека каже друг што мисли поинаку.Може и до твојот реглер да е ти одговорија претходно поискусниве членови за тоа со зенерката и јас истото го мислам
Quote
Чисто информативно, ако на зенерката пишува 6,2V не значи дека стварно е толку, имам наоѓано примероци со одстапување и до 1,5-2V од декларираното. Мене ми стана навика да ги мерам сите зенерки, макар и нови од продавница, пред да ги залемам на плочка...
така ова точно е и мене ми се има случено истото додека правев стабилизатор.Но бидејќи јас и претходно му одговарав на членот тој знам рече дека имал проблеми и со нов реглер.Така и јас мислам како Тома проблемот барај го во алтернаторот а не во реглерот.Јас мислам дека е до роторот али не сум сигурен,според ова што го напиша.Но не ме земај за збор сега дека е до роторот.Јас според тие осцилациите што ги спомна мислам дека е до роторот.Но сепак искусен автоелектричар што добро ја разбира оваа проблематика ќе ти каже до што е откако ќе го испита алтернаторот.Сепак ти види што ќе правиш ;D
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: MARK123 on 05.01.2014, Sunday, 02:18:41
хммм...јас најпрвин имав некој реглер надворешен готов фабрички залиен во алуминиумско куќиште ...и најверојатно не бил направен како што треба а немаше да се подеси напонот на полнење и слабо ми полнеше (ова беше пред 3 год.) колку што се сеќавам напонот беше негде мах околу 13.8v.Другото работеше ок и немаше вакви осцилации.
И тогаш ми улета овој реглер (правен од некого) што го користев до сега, значи одма после тоа одкако го ставив него го приметив тоа ситно теперење и тоа така си остана неколку години(се денес утре и никако да видам што е).
И сега со овој што го направив кога ќе се вклучи да полни нема треперење никакви осцилации и поради тоа јас се сомневав во стариот реглер што го користев до сега.
Најдов денеска една друга шема за реглер делумно со истиве елементи освен 741 ќе ја направам набрзина и дефинитивно ќе знам што се случува :)
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: nsu on 05.01.2014, Sunday, 02:44:57
Quote
И сега со овој што го направив кога ќе се вклучи да полни нема треперење никакви осцилации и поради тоа јас се сомневав во стариот реглер што го користев до сега.]
.Епа чим така до реглерот е јас сватив дека сијалиците и со нов реглер пак ти трепкале.Но чим се исклучува сигурно е до реглерот.Но пак прашај некој автоелектричар пријател ако имаш е дури сега незнам што да кажам се измешаа работиве. ???.Тогаш не го земај за важно моето претходно тврдење дека е до роторот.Јас те сватив и со нов исправен реглер пак трепкале па затоа реков дека е до роторот. ;)
Quote
Автомобилиот е лада...не ми се верува да има лош контакт ,но ќе проверам,најпрво реглерот си бил во алтернаторот фабрички,но често се расипуваа и затоа имам ваков но и со стариот реглер што го имав ставено пред овој(не оргиналниот) го имаше да речам истиов проблем но тоа пулсирањето што го приметувам беше помало ,одкако го сменив овој уште од старт е вака .

Поздрав]
.Заради овој твој пост мислев дека си ставил нов алтернатор ете скроз погрешно те разбрав другар.Тогаш сигурно е до реглерот оставам на некој поискусен да ти каже.Јас првин криво те разбрав и ете недоразбирање значи не се работи за нов реглер оргинал за лади тие што ги штрафат јас си викам чим со нов реглер сецка до алтернаторот е а тоа било стар реглер така ли испадна малку комплицирано.Па сега со овој реглер не ти трепка али исклучива значи до реглерот што си го изработил е.Но незнам што да ти кажам понатака оставам некој поискусен да ти каже или прашај некој авто електричар и ќе бидеш на чисто :D :D
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: bicikle on 05.01.2014, Sunday, 05:37:24
каишот смени го, може да е лабав.
Title: Одг: Реглер за автомобил
Post by: nsu on 05.01.2014, Sunday, 14:06:21
Го проверив каишот,добар е.
Ги проверив контактите на жиците на алтернаторот и тие се ок.
Го приметив следново...во лер кога работи автомобилот и немам ништо вклучено на волтметарот се гледаат некои помали осцилации на сказалката.
Ако во истиот момент ги вклучам светлата осцилациите ги нема и изгледа добро.
Потоа ако додадам гас пак се појавуваат осцилациите но со малце поголем интензитет во стрелката на волтметарот.

Чим и порано го проверил каишот нега го провери пак.Незнам што да му кажам.Се испомешаа работите ;)