Веке подолго време се појавуваат разно разни уреди, тоа се гледа во My Computer па во Network, како на сликава:
А пак во менито во рутерот овие не ги јавува, ги јавува само моите IP адреси и ништо друго, значи ако гледам кои уреди се закачени на wifi мрежата преку менито на руерот се е во ред но преку Win8 на компјутерот ги покажува овие. Ресетирав рутер многу пати, менував WPA2 шифри и пак веднаш се појавуваат.
Се работи за Тенда рутер на 2,4 и 5GHz.
Што е работата и дали има спас ?