Author Topic: Проблем со аудио засилувач за во кола  (Read 6583 times)

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Го правам следниов засилувач за на 12 волти со TDA1562Q но нешто не оди како што треба:
Code: [Select]
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf
Го правам за стерео верзија т.е. 2 плочки но не е како што треба. Како влезен сигнал кој треба да го засилува му ставив мобилен и на излез на звучник (пробав и со голем звичник од систем и со мало од комјутер, незнам ватажа) се слуша премногу тивко. Не можиш да слушниш ако не се доближиш до звучникот (многу потивко од телефонот). Место да го зголемува ова го намалува сигналот. Имам неколку прашања во врска со ова:

1. Бидејќи го поврзувам на акумулатор од моторче а доста e истрошено (не може ни да завергла моторчето) дали може да нема довоно апеража за да работи засилувачот. Напонот на акумулаторчето му е 11.9 V. Пробав и со обичен адаптер за 12 V од на пазар и со него ништо. Дали и од двете неможе да црпи довоно струја па не работи?

2. Како влезен сигнал прво пробав со добар систем за домашна употреба па кога го поврзав само грчеше звучникот. Затоа потоа пробав со телефон и велам на звучникот се слушаше премногу тивко, го намалува сигналот. Дали има врска нешто ова? Дали од  ситемот има прејак сигнал а од телефонот преслаб?

3. Звучниците. И двата звучници со кои пробав се по 8 ома, и од системот и од компјутерот. Дали е битна ватажата за да работи појачалото? Дали тоа прави некаков проблем?

4. Видете ја шемата ќе видите има Лед диода како индикатор за грешки. По тоа што е напишано таа би требало да свети кога има некоја грешка. Кај мене не свети :-\ а пак не работи.

5. Плочката ја проверив неколку пати не најдов грешка. Интегралното мислам дека работи пошто на излез иако ослабен има некаков сигнал. Исто така си грее нормално. Му имам ставено и ладници и со темпрературата мислам дека нема проблем. А ако би било до интегралното, како може да се испита дали е исправно?

Дали некој има направено ваквов засилувач? Дали имал сличен проблем? Што може да значи ова што го намалува сиглот? Инаку елменетите се порачани од алфа електроник. Иако порачав Philips не ми пратија такво (незнам што марка е ова) а го платив 220 ден. Другар мој пред некое време земал исто вакво Philips од Алфа за околу 150 денари. Ви благодарам однапред за секава помош!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Проблем со аудио засилувач за во кола
« Reply #1 on 30.01.2010, Saturday, 18:09:35 (Edited 30.01.2010, Saturday, 18:16:33) »
Го правам следниов засилувач за на 12 волти со TDA1562Q но нешто не оди како што треба:
Code: [Select]
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf1. Бидејќи го поврзувам на акумулатор од моторче а доста e истрошено (не може ни да завергла моторчето) дали може да нема довоно апеража за да работи засилувачот. Напонот на акумулаторчето му е 11.9 V. Пробав и со обичен адаптер за 12 V од на пазар и со него ништо. Дали и од двете неможе да црпи довоно струја па не работи?

2. Како влезен сигнал прво пробав со добар систем за домашна употреба па кога го поврзав само грчеше звучникот. Затоа потоа пробав со телефон и велам на звучникот се слушаше премногу тивко, го намалува сигналот. Дали има врска нешто ова? Дали од  ситемот има прејак сигнал а од телефонот преслаб?
Прво види ако имаш компјутерско напојување и пробај со него да го поврзеш (немој со адаптер )
Аудио земи од некое некој систем или ДВД од кое има излез со пин а не излез за звучник.

Само не гледам некој потенциометар за намалување/појачување на излез, како е решено ова?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
А што е разликата помегу тој пин на ДВД-то и обичен излез за звучник? Нели и тој оди во појачалото па после од тоа земаат зучниците? Дали и со радиото за во кола треба да се поврзи на посебни пинови или дирекно на излезот од звучниците?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Прво на адаптер 100% нема да работи пошто тие кинеските се преслаби за да можед а работи ова ( побрзо адаптерот ќе ти изгори )
Друго има врска и моќноста на звучниците, пошто ако ставиш некој звучник со мала снага пр. 2W а ова му дава 10W сигурно дека ќе грчи, значи ти требаат чат пат појаки звучници
Друго може да е бидејќи го приклучи од системот, а тој веќе има некој излезен засилувач директно во овај, види треба да пише која е максимална влезна побуда што може да ја крепе.

Потенциометар не е потребен ова е излезен засилувач, моќноста ќе биде регулирана од предзасилувачот или директно од изворот на тон
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Пробав како што рече DX-er. Го поврзав на влез со двд-то, напојување од акулулаторчето и на излез голем звучник од систем (незнам ватажа ама сигурно е доволна). Немаше никаква разлика, се слуша премногу тивко. За споредба го приклучив и звучникот дирекно на излезот од двд-то (без никаков засилувач) гласноста беше иста како и со појачалото предходно приклучено. Значи појачалото не го засилува воопшто сигналот но сепак кога е приклучен на акумулаторот го пренесува на излез.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Јас имам правено таков засилувач и треба да работи нормално. Треба да ги провериш следниве работи:

1. Дали поларитетот на големите кондензатори од 4700uF е точно погоден према шемата!
2. Пинот 4 поврзи го директно на линијата од напојувањето на засилувачот.
3. Провери, влезот треба да ти е: минус на -IN а сигналот (плусот од влезот) на +IN.
4. Влезниот сигнал на овој засилувач не смееш да го пушташ од излезот на звучниците на радио за во кола или домашен систем, влезниот сигнал треба да е мал (линиски) или колку за да свират слушалки, значи ако радиото има Line-Out излези тоа е тоа што треба да го употребиш. Излезот од мобилниот за слушалките што е треба да биде доволен за да се слуша гласно.
5. Изворот на напојување е битен само за силата (ватите). Ти можеш да го пробаш појачалото на послаб акумулатор ама кога ќе пуштиш погласно ќе грчи и ќе исклучува. Исто е и со адаптер. На акумулатор од кола би требало да ја има снагата која ја пишува на шемата. Така да за експериментирање би требало да свири и на такво напојување (подиспразнет акумулатор).
6. Звучници за проба можеш кој било (за мала гласност) а за во кола мораш појаки оти ќе изгорат на 50W звучници од пазар на кои им пишува 50W сигурно. Околу омажата, за проба можеш и 4 и 8 оми а ако го ставаш во кола на полна снага мораш 4 оми за да ја извадат таа снага.

Види уште еднаш плочката и овие работи горе што ти ги спомнав и би требало да работи.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Проблем со аудио засилувач за во кола
« Reply #6 on 30.01.2010, Saturday, 21:12:41 (Edited 30.01.2010, Saturday, 21:17:07) »
Ја проверив уште еднаш шемата и како се поврзани кондензаторите, се е во ред. Во врска со 4 пин, тој е пин за stand by односно тој го одредува модот на работа на колото. Таму има еден прекидач switch S1. бидејки немав не ставив само им залемив зичка односно ставив краткоспојниче. Да не требаше тоа да остане неповрзано? Борче, само на + 12 V дирекно да го поврзам пин 4? Дали може да има нешто врска дека отпорниците се од 1/4 ват, да не треба појаки?

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Прекинувачот го активира Stand By режимот на работа што значи дека во нормален режим треба да е отворена гранка а не куса врска  ;)
Убаво е објаснето во упатството
Поздрав
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Quote
бидејки немав не ставив само им залемив зичка односно ставив краткоспојниче.

Хехе, тебе ти е цело време во режим: mute :D

Извади ги сите тие делови што се околу пинот 4 и поврзи го пинот 4 директно на +12 (на напојувањето) и кажи дали ќе работи.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Проблем со аудио засилувач за во кола
« Reply #9 on 31.01.2010, Sunday, 02:10:30 (Edited 31.01.2010, Sunday, 12:34:21) »
Пробав го извадив краткоспојникот исто беше, на излез го даааше сигналот не не засилен. Утре ќе пробам да го поврзам на + 12 па ќе пишам што ќе биде. Фала на помошта на сите.

Post Merge: [time]31 Јануари 2010, 02:37:01[/time]
А пред да пробм да ве прашам уште еднаш. Да не е многу 12 волти? Да не ми рикне и интегралното. :)

Post Merge: 31.01.2010, Sunday, 12:34:21
Пробав Борче, го поврзив дирекно пин 4 на + 12 без никакви елементи и пак ништо. На излез не ни го пренесуваше влезниот сигнал (не се слушаше ништо).

Offline gjoreski

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Одг: Проблем со аудио засилувач за во кола
« Reply #10 on 31.01.2010, Sunday, 15:29:09 (Edited 31.01.2010, Sunday, 16:08:27) »
Врзи го пинот 16 преку отпорник од 10к на +12 волти

Offline Baze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Ех да го оставеа Никола Тесла и понатаму да твори.
Сепак провери дали сите електролитски кондензатори се правилно наместени(според поларитетот).Ако се е во ред,во твојата оргинална конструкција(каде што се е поврзано)замени го кондензаторот C4 со некој друг(по можност нов).Според шемата која ја гледам,тој кондензатор треба да го уклучи колото,односно да го вклучи излезниот степен по некое кусо време(2 или 3 секунди што значи дека овој дел од шемата е коло за каснење).Доколку кондензаторот C4 не е со вистинската вредност,по извесно време нема да го направи доволниот пад на напон за да може колото да го вклучи во потполност.Поздрав

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Побарај datasheet од тоа коло и види сигурно има некоја шема според неа можеш да се ориентираш како понатаму
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Проверив уште еднаш, сите кондензатори се добро поврзани. Дали некој знае сигурно како треба да биде поставен прекинувачот S1 бидејќи и кога уклучен и кога е исклучен исто е, само го пренесува сигналот. Вие ми рековте дека треба да биде отворена врска а другар кој го направил ова коло на местото од S1 ставил краткоспојниче и проработело.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
пинот 4 треба директно на позитивниот пол од  напојувањето да се поврзи
поврзи го пинот 16 преку отпорник од 10к на позитивниот пол од напојувањето и преку кондензатор од 47uF на маса
намали ги кондензаторите на влез на 100nF,  намали го отпорникот на влез од 1M на 100к
па пиши да видиме понатаму
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!