Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: ki4o01 on 25.06.2012, Monday, 12:35:17
-
Значи принтерот не беше уклучен повеќе време (немав принтано) и тој е запушен запечена е бојата ги истадов сите бои и сега како да го од запушам. Минатиот пат го однесов на мајстор и го одзапушија но не многу добро и пак се запуши што мислите ви дали е можно да се направи тоа.
-
зависи каков принтер имаш, има неколку вида на инџет, каде бојата стое во едно место, а главата е со цевки поврзана со бојата (или со што и да било друго поврзана..) или каде што бојата е директно на глава и се движи заедно со неа и истура боја од кертриџ директно..
во првиот случај, иди купи си нов 1300 денари епсон all in one имаше едно време, во вториот случај види предлог од првиот, ако се исплаќа купи си само кертриџ со боја, ако е HP инџет некој не верувам дека ќе се исплати оти бојата е поскапа од цел печатар
-
Да не случајно знајте како да го од запушам овај?
http://www.google.com/imgres?q=canon+printer+320+i&um=1&hl=en&biw=1440&bih=809&tbm=isch&tbnid=PqBbLLCavJdogM:&imgrefurl=http://fixyourownprinter.blogspot.com/2008/09/waste-ink-counter-reset-canon-i320-i255.html&docid=ZTO0yYdL6GO_0M&imgurl=http://3.bp.blogspot.com/_zzKcWQhompU/SNHus7KY7gI/AAAAAAAAACc/5X4Pv7HgfPk/s320/canon_printer_i320.jpg&w=320&h=306&ei=CmDoT5vwJZDMtAaKu6yRAQ&zoom=1&iact=hc&vpx=705&vpy=288&dur=2747&hovh=220&hovw=230&tx=84&ty=55&sig=108963408386376115424&page=1&tbnh=146&tbnw=153&start=0&ndsp=27&ved=1t:429,r:9,s:0,i:100
Се работи за Canon 320 i :)
-
Значит да ваѓам степ моторите ;D. Иначе шо можи друго да се извади од печатар ?
-
SMPS напојувањето, дава триесетина и кусур + 5 волти, лизгачите по кои оди главата, понекоја лед диода и тастерче, штрафчиња и сл. - тоа е тоа, нема многу за вадење ;).
-
И мнооогу пластика! 8)
-
Да пробаш со 96% или 100% алкохол, со шприц и да му капнеш неколку капки на местото каде што допира кертриџот ?
Откако ќе му капнеш пушти го да ја чисти главата.
Вака имам одзатнато многу Epson принтери, ама при ова кертриџите ги троши како луд.
-
Ова со 100% алхол може да биде само ако не е ептен запечена боја вреди да се проба во крајен случај е нов принтер
-
ке пробам така ако не бидне ништо ке се расклопува.
-
одзапушам принтерот ! Мислиш да го одзатнеш. Е свашта ЉУДИ! што би рекле србите. Од кај си? Јас прво би обрнал внимание дали некој го чита насловот,да е енглески па ќе прогледаме малце ама ова?Извинете сите за критикава.
1.Алхохол не! затоа што секоја млазница за одредена боја е поврзана со пластчно цевче и може да се одлепи и пота да јави мешање на боите.А за проба земи малку боја и намачкај го прстот пробај дали со алхохол ќе го очистиш?
2.Шприц и топла дестилирана вода не! обична
3.Шприцот полека навлечи го на местото кај што се става кетрижот,да направис притисок
најубаво да ја демонтираш главата па и нејзе топла дестилирана да одстои долниот дел преку ноќ.Јави сто си направил
-
одзапушам принтерот ! Мислиш да го одзатнеш. Е свашта ЉУДИ! што би рекле србите. Од кај си? Јас прво би обрнал внимание дали некој го чита насловот,да е енглески па ќе прогледаме малце ама ова?Извинете сите за критикава.
ЈБГ тоа е. Сега ли ќе се учиме да пишуваме :)
1.Алхохол не! затоа што секоја млазница за одредена боја е поврзана со пластчно цевче и може да се одлепи и пота да јави мешање на боите.А за проба земи малку боја и намачкај го прстот пробај дали со алхохол ќе го очистиш?
Тоа за мешање бои можеби е така, јас не знам, ама само кажав дека имам исчистено така многу принтери и до сега сум немал таков проблем.
Тоа за проба мислам дека не држи вода. Значи во овој случај алкохолот не го користи да ја исчисти бојата туку згрутчената боја да ја омекне и со тоа да направи проток низ местата каде што тече бојата.
2.Шприц и топла дестилирана вода не! обична
Зошто не дестилирана вода ?
-
Пааа обична вода прави бигор а другава изгледа не
-
Пааа обична вода прави бигор а другава изгледа не
Изгледа се имаш збунето, си сакал да пишеш „топла обична вода, не“, а не „топла дестилирана вода, не“ ;D.
-
хаха пробај да ги исчистиш деловите од печатачот со Антифриз помага 99%