Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Georgi on 30.01.2010, Saturday, 17:47:58
-
Го правам следниов засилувач за на 12 волти со TDA1562Q но нешто не оди како што треба:
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf
Го правам за стерео верзија т.е. 2 плочки но не е како што треба. Како влезен сигнал кој треба да го засилува му ставив мобилен и на излез на звучник (пробав и со голем звичник од систем и со мало од комјутер, незнам ватажа) се слуша премногу тивко. Не можиш да слушниш ако не се доближиш до звучникот (многу потивко од телефонот). Место да го зголемува ова го намалува сигналот. Имам неколку прашања во врска со ова:
1. Бидејќи го поврзувам на акумулатор од моторче а доста e истрошено (не може ни да завергла моторчето) дали може да нема довоно апеража за да работи засилувачот. Напонот на акумулаторчето му е 11.9 V. Пробав и со обичен адаптер за 12 V од на пазар и со него ништо. Дали и од двете неможе да црпи довоно струја па не работи?
2. Како влезен сигнал прво пробав со добар систем за домашна употреба па кога го поврзав само грчеше звучникот. Затоа потоа пробав со телефон и велам на звучникот се слушаше премногу тивко, го намалува сигналот. Дали има врска нешто ова? Дали од ситемот има прејак сигнал а од телефонот преслаб?
3. Звучниците. И двата звучници со кои пробав се по 8 ома, и од системот и од компјутерот. Дали е битна ватажата за да работи појачалото? Дали тоа прави некаков проблем?
4. Видете ја шемата ќе видите има Лед диода како индикатор за грешки. По тоа што е напишано таа би требало да свети кога има некоја грешка. Кај мене не свети :-\ а пак не работи.
5. Плочката ја проверив неколку пати не најдов грешка. Интегралното мислам дека работи пошто на излез иако ослабен има некаков сигнал. Исто така си грее нормално. Му имам ставено и ладници и со темпрературата мислам дека нема проблем. А ако би било до интегралното, како може да се испита дали е исправно?
Дали некој има направено ваквов засилувач? Дали имал сличен проблем? Што може да значи ова што го намалува сиглот? Инаку елменетите се порачани од алфа електроник. Иако порачав Philips не ми пратија такво (незнам што марка е ова) а го платив 220 ден. Другар мој пред некое време земал исто вакво Philips од Алфа за околу 150 денари. Ви благодарам однапред за секава помош!
-
Го правам следниов засилувач за на 12 волти со TDA1562Q но нешто не оди како што треба:
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf
1. Бидејќи го поврзувам на акумулатор од моторче а доста e истрошено (не може ни да завергла моторчето) дали може да нема довоно апеража за да работи засилувачот. Напонот на акумулаторчето му е 11.9 V. Пробав и со обичен адаптер за 12 V од на пазар и со него ништо. Дали и од двете неможе да црпи довоно струја па не работи?
2. Како влезен сигнал прво пробав со добар систем за домашна употреба па кога го поврзав само грчеше звучникот. Затоа потоа пробав со телефон и велам на звучникот се слушаше премногу тивко, го намалува сигналот. Дали има врска нешто ова? Дали од ситемот има прејак сигнал а од телефонот преслаб?
Прво види ако имаш компјутерско напојување и пробај со него да го поврзеш (немој со адаптер )
Аудио земи од некое некој систем или ДВД од кое има излез со пин а не излез за звучник.
Само не гледам некој потенциометар за намалување/појачување на излез, како е решено ова?
-
А што е разликата помегу тој пин на ДВД-то и обичен излез за звучник? Нели и тој оди во појачалото па после од тоа земаат зучниците? Дали и со радиото за во кола треба да се поврзи на посебни пинови или дирекно на излезот од звучниците?
-
Прво на адаптер 100% нема да работи пошто тие кинеските се преслаби за да можед а работи ова ( побрзо адаптерот ќе ти изгори )
Друго има врска и моќноста на звучниците, пошто ако ставиш некој звучник со мала снага пр. 2W а ова му дава 10W сигурно дека ќе грчи, значи ти требаат чат пат појаки звучници
Друго може да е бидејќи го приклучи од системот, а тој веќе има некој излезен засилувач директно во овај, види треба да пише која е максимална влезна побуда што може да ја крепе.
Потенциометар не е потребен ова е излезен засилувач, моќноста ќе биде регулирана од предзасилувачот или директно од изворот на тон
-
Пробав како што рече DX-er. Го поврзав на влез со двд-то, напојување од акулулаторчето и на излез голем звучник од систем (незнам ватажа ама сигурно е доволна). Немаше никаква разлика, се слуша премногу тивко. За споредба го приклучив и звучникот дирекно на излезот од двд-то (без никаков засилувач) гласноста беше иста како и со појачалото предходно приклучено. Значи појачалото не го засилува воопшто сигналот но сепак кога е приклучен на акумулаторот го пренесува на излез.
-
Јас имам правено таков засилувач и треба да работи нормално. Треба да ги провериш следниве работи:
1. Дали поларитетот на големите кондензатори од 4700uF е точно погоден према шемата!
2. Пинот 4 поврзи го директно на линијата од напојувањето на засилувачот.
3. Провери, влезот треба да ти е: минус на -IN а сигналот (плусот од влезот) на +IN.
4. Влезниот сигнал на овој засилувач не смееш да го пушташ од излезот на звучниците на радио за во кола или домашен систем, влезниот сигнал треба да е мал (линиски) или колку за да свират слушалки, значи ако радиото има Line-Out излези тоа е тоа што треба да го употребиш. Излезот од мобилниот за слушалките што е треба да биде доволен за да се слуша гласно.
5. Изворот на напојување е битен само за силата (ватите). Ти можеш да го пробаш појачалото на послаб акумулатор ама кога ќе пуштиш погласно ќе грчи и ќе исклучува. Исто е и со адаптер. На акумулатор од кола би требало да ја има снагата која ја пишува на шемата. Така да за експериментирање би требало да свири и на такво напојување (подиспразнет акумулатор).
6. Звучници за проба можеш кој било (за мала гласност) а за во кола мораш појаки оти ќе изгорат на 50W звучници од пазар на кои им пишува 50W сигурно. Околу омажата, за проба можеш и 4 и 8 оми а ако го ставаш во кола на полна снага мораш 4 оми за да ја извадат таа снага.
Види уште еднаш плочката и овие работи горе што ти ги спомнав и би требало да работи.
-
Ја проверив уште еднаш шемата и како се поврзани кондензаторите, се е во ред. Во врска со 4 пин, тој е пин за stand by односно тој го одредува модот на работа на колото. Таму има еден прекидач switch S1. бидејки немав не ставив само им залемив зичка односно ставив краткоспојниче. Да не требаше тоа да остане неповрзано? Борче, само на + 12 V дирекно да го поврзам пин 4? Дали може да има нешто врска дека отпорниците се од 1/4 ват, да не треба појаки?
-
Прекинувачот го активира Stand By режимот на работа што значи дека во нормален режим треба да е отворена гранка а не куса врска ;)
Убаво е објаснето во упатството
Поздрав
-
бидејки немав не ставив само им залемив зичка односно ставив краткоспојниче.
Хехе, тебе ти е цело време во режим: mute :D
Извади ги сите тие делови што се околу пинот 4 и поврзи го пинот 4 директно на +12 (на напојувањето) и кажи дали ќе работи.
-
Пробав го извадив краткоспојникот исто беше, на излез го даааше сигналот не не засилен. Утре ќе пробам да го поврзам на + 12 па ќе пишам што ќе биде. Фала на помошта на сите.
Post Merge: [time]31 Јануари 2010, 02:37:01[/time]
А пред да пробм да ве прашам уште еднаш. Да не е многу 12 волти? Да не ми рикне и интегралното. :)
Post Merge: 31.01.2010, Sunday, 12:34:21
Пробав Борче, го поврзив дирекно пин 4 на + 12 без никакви елементи и пак ништо. На излез не ни го пренесуваше влезниот сигнал (не се слушаше ништо).
-
Врзи го пинот 16 преку отпорник од 10к на +12 волти
-
Сепак провери дали сите електролитски кондензатори се правилно наместени(според поларитетот).Ако се е во ред,во твојата оргинална конструкција(каде што се е поврзано)замени го кондензаторот C4 со некој друг(по можност нов).Според шемата која ја гледам,тој кондензатор треба да го уклучи колото,односно да го вклучи излезниот степен по некое кусо време(2 или 3 секунди што значи дека овој дел од шемата е коло за каснење).Доколку кондензаторот C4 не е со вистинската вредност,по извесно време нема да го направи доволниот пад на напон за да може колото да го вклучи во потполност.Поздрав
-
Побарај datasheet од тоа коло и види сигурно има некоја шема според неа можеш да се ориентираш како понатаму
-
Проверив уште еднаш, сите кондензатори се добро поврзани. Дали некој знае сигурно како треба да биде поставен прекинувачот S1 бидејќи и кога уклучен и кога е исклучен исто е, само го пренесува сигналот. Вие ми рековте дека треба да биде отворена врска а другар кој го направил ова коло на местото од S1 ставил краткоспојниче и проработело.
-
пинот 4 треба директно на позитивниот пол од напојувањето да се поврзи
поврзи го пинот 16 преку отпорник од 10к на позитивниот пол од напојувањето и преку кондензатор од 47uF на маса
намали ги кондензаторите на влез на 100nF, намали го отпорникот на влез од 1M на 100к
па пиши да видиме понатаму
-
Види што ти вика Devil пробај ама да бидеме искрени може и колото да не е во ред нешто :(
-
Пробав како што рековте и исто е. Го поврзав пин 16 преку отпорник од 10к на плус. Во врска со пин 4 прво пробав како што си е шемата S1 да е затворен (сигналот го пренесува а не го засилува), потоа S1 да е отворен (исто, сигналот го пренесува а не го засилува) и на крај пробав го поврзав дирекно пин 4 на + 12 (сигналот не ни го пренесува). Додека сигналот оди преку компонентите околу S1 мерев напон на пин 4 и + 12 (без разлика дали S1 е отворен или затворен) напонот беше околу 11 волти што мислам дека е довоно да го активира модот. Ме чуди зошто кога го поврзувам дирекно на пин 4 на 12 волти не го пренесува сигналот на излез. Дали имаат врска елементите пред пин 4? Незнам што друго може да биде и што може да се проба. Фала на сите, ако му текне нешто на некој нека кажи да пробам.
-
Немам друга идеа. Значи вака. Кога јас го правев овој засилувач не ставав никакви отпорници на пиновите 4 и 16. Пиновите 4 и 16 беа директно на +12 и работи супер. Значи направи така и тука нема дискусија. Е, сега према datasheet на TDA1562q тоа коло под 10V влегува автоматски во режим mute. Е, сега, тоа коло е доста моќно при старт така да е можно да му треба посилно напојување за да тргне како што треба. Треба сепак да пробаш да го поврзеш на полн акумулатор а не на слаб акумулатор или адаптери и такви работи. И на крајот нормално ако пак не работи - не е во ред колото.
-
BorceBT a со компјутерско напојување имаш ли пробано како работи? Јас сакам да го направам појачалото и да го поврзам со компјутер на јаки звучки.
-
Имам правено и таква комбинација во кутија - стерео и најголема моќ добив вака:
Компјутерско напојување од 300W но внатрешно модифицирано да дава 16-17V (промена на отпорниците на колото за контрола, видете datasheet за него и исклучете ја пренапонската заштита - транзистор) и 2хTDA1562Q монтирани на големи ладилници. Во оваа конфигурација даваше сигурни 70W на 4 оми и тоа само со 1% изоблучување на максимум наместо со 10%. Немам слика од него бидејќи ми го украдоа го дадов да се користат на една забава и некој го дигна :(
-
Добро борче, ќе пробам и ке пишам што ќе биде.
-
здраво јас истово појачалце со истиот итегралец и превземена шема од истата страна,го направив појачалово арно ама сакам да прасам за да се осигурам кој влез за што е разбрав дека диодата служела за детектирање на некој проблем, а тоа S1 за што служи муте ? таму да ставам еден прекидач за уклучување и исклучување?
има едно делче означено со Т таму е влезниот сигнал пример н мене како сто ми е потребен од мобилен ?
и уште да прашам кој од тие дебелите водови се за влез(во мојот случај од трафото влез)
и излез за звучник ?
на сликава со црвено се обележани деовите кој што не ми се јасни
(http://i443.photobucket.com/albums/qq159/dariophoto/POJACALO%2070W%20TDA1562Q/NewBitmapImage2.jpg)
(http://i443.photobucket.com/albums/qq159/dariophoto/POJACALO%2070W%20TDA1562Q/NewBitmapImage.jpg)
од оваа страна го превземав појачалцето(шемата)
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf (http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf)
еве слики како изгледа сеа за сеа појчалцето :D
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=630.msg4098#msg4098 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=630.msg4098#msg4098)
ви благодарам однапред се надевам дека ке ми помогнете(бидејки не сум сигурен да не утнам нешто во поврзување)
па ајде ако ми кажете до вечерва како да поврзам, да видиме што ке бидне дали ке проработи или не :-\ :-*
од двај чекам да го слушнам :P :P :P
-
Тоа со Т буквата е маса инаку ( однопаку прочита) а донего е влезот, тие се влез на сигнал
-
aха ;)
ок фала ти многу сега уште нешто повеке знам уште за тие дебелите водови да се осигурам и да го поврзам :D
-
Кај што ти е стрелката горе лево тоа ти е влез за сигналот, има една лемна точка над влезот, тоа е маса, односно минус. И сега како што се наредени тие четирите конектори скроз горниот и скроз долниот се за звучник,горниот е за + на звучникот, а скроз долниот е за - на звучникот и НИКАКО не смееш на нешто друго да ги поврзеш ни на плус, ни на маса. Вториот конектор (од горе надоле) е + од напојувањето, а третиот конектор е минус. Ако сакаш можеш на третиот конектор да ставиш минус а може и над влезот (кај што е превртеното Т) таму да ставиш минус...како сакаш ама па јас би ти препорачал да го ставиш на третиот конектор...ако свати нешто ок, ако не свати...прашај пак... дека сум во школо неможам да ти ги означам точките кое каде е...ако не ејасно кога ке дојдам дома ке ги нацртам у PAINT!!!
-
бојан фала ти многу !!!
јас вака сватив
(http://i443.photobucket.com/albums/qq159/dariophoto/POJACALO%2070W%20TDA1562Q/NewBitmapImage3copy.jpg)
ако не е така поправете ме ???
-
дап, така е, како што гледав на даташитот така треба да е е...
-
само мислам дека од мобилен многу слабо ќе е
ќе ти треба некое пред појачало
-
ке пробаме вака а засто да е салбо ? па и тој треба да е слаб сигнал затоа и иде на појачло за да се зголеми но ако е потребно предпојачалце ке се напраи лесно е тоа
-
еееех сега за предпојачало проблем ке се прави...лесно е тоа за 50 денари ке го направиш...
-
Па излезотт од мобилниот е премногу слаб за да го побуди доволно појачалото, ова го имам испробано и тикажувам од искуство
инаку ќе засили да ама не како што треба ;D
-
А колкав треба да биде мах. влезен сигнал?
-
па колку што разбрав до 760mV RMS
-
a slusalkite kolku davaat?
-
Aко може користите кирилица
-
прилично малку не сум сигурен зависно од тип до тип на мобилен, а тоа што тие се толку „јаки“ не значи дека дава многу снага мобилниот, тоа зависи и од типот на слушалките
-
ПОЈАЧАЛОТО НЕ РАБОТИ :( :( :( :( :'( :-\ :-\ >:( >:(
-
како бе не работи??? сите делови ти се добро залемени? да не имаш негде спој некој... или па прекин на плочката???
-
све е добро залемено све е во ред веке 500 пати прелемив :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
кога ке го уклучам појачалото мебраната на звучникот ке се спусти надоле или ако го свртам обратно +/- ке се крене нагоре му ставив влез од телефон , го пустив цело време крчеше незнам што е проблемот али знам дека некој јак напон му иде на звучникот а зашто незнам дали е до шемата незнам >:(
исто така свети и диодата но мног слабо
и веке неам живци од сабајле се мачам и :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[ :-[
-
сите премостувања ли ти се направени??? види тоа жичката што е под пиновите од интегралецот да не прави спој некој...
лед-от може да свети заради:
Diagnostic pin with information about:
– Dynamic Distortion Detector (DDD)
– Any short-circuit at outputs
– Open load detector
– Temperature protection.
и зјапав у даташитот и се е ок, тоа значи грешката е кај тебе...земи убаво плочката исчистија види да не си направил некој лош лем, или па две ноџиња да ти се допираат едно со друго од интегралецот..и на што напон го пушти да работи??? и исчисти ја плочката од флуксот што е оставен при лемење...ако незнаеш како да го исчистиш пиши ке ти кажам...
-
УТРЕ од сабајле ке проверам усте еднас сето ова споеви кај премостувањата нема убаво ги разгледав
скоро сите елементи ги прелемив и пак нејке :'(
ке земам утре ке го извадам интегралецот и од почеток ке го залемам вајда е до некој спој несто
плочката е исчистена све убаво
ја пуштив на трафо, и ставив AC\DC претвпрувач има во темата со појачалото
влезен напон на појачлото е 17v 6А а оно до 18v прима
утре ке пробам и со послабо трафо и пак ако нјке сето ова ке ја фрлам >:( >:( >:( >:( >:( >:(
и ме интересира дали некој ја има направено спрема истава шема по која ја праев јас? да не е шемата грешна ? :-\ :'(
-
Ја направи истата грешка како и јас... Плочката однопаку ти е испечатена, треба да е свртена огледало... :-\
-
ај те молам малце по детално јас ја правев со алсерски принтер ја испринтав и со пегла на плочката
а како мислис на опацки фактички елементите треба да ги лемам директно од таа страна,кај што се водовите? бидејки гледам некој се така лемени поточно на таа страната се елементите отозгора лемени ?
-
Да и јас така ја правев... Ја имаше плочкава во pdf документ и дирекно принт, си ја испечатив, ја направиви плочката, залемив се и гледам после незнам какви маки, пробувања видов дека плочката требало да биде свртена од наопаку (по текстот на плочката приметив и потоа се уверив кога ја видов изработена од другар ми). Пробај одлеми ги и залеми ги на страната од бакарот или направи нова плочка...
-
Немој да се нервираш, во потполност те разбирам :)) Сите грешиме, уствари и така ќе научиме...Многу пати ми било полесно глдајќи ја шемата сам да си нацртам како таа да изгледа, одколку да користам готова, бидејќи од тоа што сакаш побрзо да ја направиш ке направиш утка....Лабаво :)))
Нема потреба да се нервираш...Така ке направиш уште поголема збрка и може да се случи и уште повеќе да згрешиш...
Ова е школарина ;)
За друг пат ке ја провериш шемата два пати.
Со среќа :)
-
1ooпати ја проверив 4 дена полека го правев и :-\
-
Види овде напишав нешто во врска со тоа:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=630.msg4330#msg4330 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=630.msg4330#msg4330)
-
Сето е ок! Ама пишете колку е С1 =? и се до С8 =? , потоа колку се отпорниците Р1 =? и се до Р4 =? , која шифра е интегралното коло , што е ова ЛС + и ЛС - , што е ова ИЦ1 , и ова кај со пишува “ТРАФО“ - АЦ/ДЦ ( ИНВЕРТОР )? ОЗНАКИВЕ МИ СЕ НА МАКЕДОНСКИ МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ РАЗБЕРИТЕ ШТО САКАМ ДА ПРАШАМ НА Пр: Р1- отпорник.
-
Шемата е превземена од овде:
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf
Слична шема има и на други места во форумот каде што се спомнува интегрираното коло TDA1562Q
-
Ај пишете што знача сите ознаки и колку е на пример С1=? и така натаму ве молам оти сакам да се обидам да го направам.
-
Сите основи на електрониката пробај да ги најдеш во делот за туторијали:
http://elektronika-mk.net/index.php?board=55.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?board=55.0)
-
Ама во ред то се потрудив да ги најдам ама не ги најдов , ако сакате написете ги елементите со се како се и другите ознаки .
-
Ај писете каков трансформатор треба и звуцник од колку ома максимум и со знаци она AC/DC INVERTOR
-
звучки ти требаат од 8 омиколку што знам, колку што знам ти треба симетрично напојување значи трафо 2x12V 70-80W
AC/DC инверотр ти е склоп за напојување ( треба да се вика конвертор, погрешно е напишано ) значи то е претварач од наизменичен напон во еднонасочен
а инвертор е обратно од еднонасочен во наизменичен напон
-
за да направи моно со тда 1562q не му треба симетрично напојување со обично трафо 12 в работи колку сто знам само што ке треба да го претвори со грец од ац во дц напонот
-
За да се нацрта семата на плоцка мози со пегла така ? Се пецати прво на лист и после со пегла на листо на плоцката од кај со е бакаро ? И во растворо за да падни бакаро обелезаното нема да падни ? Писете несто ако гресам ! :)
-
имаш тема за тоа провери си
-
Еве ти ја темата:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=341.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=341.0)
-
Jas go imam napraveno istoto pojacalo proektot bese od Emiter spisanieto,plockata ja kupiv gotova od Gac vo naselba aerodrom samo gi zalemiv elementite,napraviv proverna na plockata kako e zalemena,napraviv presmetki za toa integralno kolo za kolkav ladilnik e potreben da ja regulira temperaturata i se koga bese ok edniot izlez go povrzav na woofer so 10" bas na akumulator 12V 55Ah (otprilika5,5A) vo kola i pojacaloto si rabotese super.Ne ja punese desetkata ali lupase solidno :D !Probav da go bridzuvam izlezot bez izlezni tranzistori i moknosta skoro duplo se namali! Najiskreno da vi kazam imam napraveno mnogu pojacala so TDA integralni kola i ne se nesto naj naj,spored mene STK se nesto najbolje za pojacala!
-
стк се 1000 пати подобри од тда
-
Ај ако е можно да се пишува кирилица пошто ќе има проблеми ( ќе ви бришам постови )