Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 26.07.2010, Monday, 02:21:33
-
Доколку имате некоја стара зачувана ламба од типот ЕЛ 84 и нешто малку материјал направете ја оваа шема која потекнува од Грција и беше едно време многу популарна .Ако имате старо радио што работи, на пат сте да направите предавател од 3 вати. Пробајте.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/FM_3W_Transmitter_With_Tube_EL84.gif)
-
Јас имам PL84
Како што гледам според модулацијата ми личи на FM предавател па не знам дали EL84 може да даде 3W на 88-108MHz бидејки EL84 во предавател на средни бранови дава само 5W. Ако грешам поправете ме
-
ПЛ и ЕЛ не е исто.Знам дека сигурно ке работи со ЕЛ84.
-
Греењето кај PL84 е 12,6V, а кај EL84 е 6,3V, освен тоа се потполно исти.
-
Греењето кај PL84 е 12,6V, а кај EL84 е 6,3V, освен тоа се потполно исти.
да тоа е така :)
А снагата кај неа е до 30MHz а за 88-108МХз е мала и не верувам да даде 3W освен ако ти лично не го имаш направено и мерено.
-
Е,полека.Се работи за ЕЛ84.Погледај по даташитовите,не се понаша исто како ПЛ84.И не се работи за 5,туку за 3 вати снага.Греењето е како што гледате 6,3 в,има 300В напојување ,два калема и кондензатор (воздушен) на излез.
-
soory за грешката 5W, корегирав ;)
-
Е,полека.Се работи за ЕЛ84.Погледај по даташитовите,не се понаша исто како ПЛ84.И не се работи за 5,туку за 3 вати снага.Греењето е како што гледате 6,3 в,има 300В напојување ,два калема и кондензатор (воздушен) на излез.
Се согласувам со Батка, освен греењето има мали разлики во капацитивностите + различно е изграден :) Тоа и овозможува да се докара до таа фрекфенција. Лично сум видел FM предаватели по 60тина вати со PL519-ски :)
-
разлики во капацитивностите + различно е изграден :) Тоа и овозможува да се докара до таа фрекфенција.
Ова е интересно, значи да си барам EL84
-
moze da se zeme i druga pl, el , ecl itn ne e mnogu kriticno za tako prost predavatel ne treba da ispolnuva normi na EBU (european broadkast union)ke raboti so sitevidovi so mali izmeni na semata na holandski pisuva moze i pl84 so izmena na greenjeto toest 15volti
-
ова изработено е или онака информативно ?? бидејки имам дома една ел84 а деловите како што гледам ке ме фатат околу 20-30 денари па си велам да пробам. ;D
-
епа пробај направи го. Јас имам пробувано, ризикувано, пари фрлано и тоа е тоа... животот си тече и понатака :) Во слободно време направи го... јас немам таква ел. цевка иначе ке го пробав во наредните 20 минутки ;)
-
па и јас имам пробувано, ама сепак кога паричните средства те држат "врзан" не можеш мнгоу да се расфрлаш ;D ;D туку ај ке видам ако земам делови од алфа ке порачам и за ова и ке пробам, иако сум песимист :) патем само ова е за прадавателот ?? направи,убаци и пали вози или треба и нешто друго ?? истотака ме буни малце ова со антената од кај ке најдам 50омска антена? и каквта треба да е ? со кои тримери се променува фрекфенцијата, за што служат сите тримери? шема од напојувањето??? ништо од тоа нема :(
-
ова изработено е или онака информативно ?? бидејки имам дома една ел84 а деловите како што гледам ке ме фатат околу 20-30 денари па си велам да пробам. ;D
па и јас имам пробувано, ама сепак кога паричните средства те држат "врзан" не можеш мнгоу да се расфрлаш ;D ;D туку ај ке видам ако земам делови од алфа ке порачам и за ова и ке пробам, иако сум песимист :) патем само ова е за прадавателот ?? направи,убаци и пали вози или треба и нешто друго ?? истотака ме буни малце ова со антената од кај ке најдам 50омска антена? и каквта треба да е ? со кои тримери се променува фрекфенцијата, за што служат сите тримери? шема од напојувањето??? ништо од тоа нема :(
Де де па за 30 денари... ако си песимист батали... што да ти речам :) Најдобро БАТКА да и одговори бидејки шемата е од него. За антена не бери гајле ке ја направиме или со железо или со отпорници
-
абе ајде ке пробам ама ;D ;D ;D некако не ми иде работата ;D е како сега натената ке се направи дај тоа објасни, па да го направам овоа ;D и батка те чекаме да кажеш нешто повеке за шемата ;D
-
само пази оваа направија работи директ на 220V. Никако не чепкај со голи раце додека е под напон.
-
не се секирај, струјата се плаши од мене ;D ;D(шала) во секој случај знам дека треба да работам со поголемо внимание отколку вообичаено.