Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: GigaWatt on 09.07.2010, Friday, 16:24:41
-
Продавницата на Еелктроинвест се затвора (перманентно), значи нема да работи повеќе, баш денеска бев таму (навистина штета, имаа добар избор на пластични кутии и конектори, како и подножја за EPROM-ми :S). Газдата на продавницата рече дека ќе објави на сајтот на Електроинвест (Македонската верзија) цени за сите компоненти кои му се останати (најверојатно во некој .xls фајл) по поволни цени (значи со големи попусти).
http://www.electroninvest.com/mk/index.php
Еве го линкот до Македонската верзија на сајтот, па од време на време (кој сака и кој е заинтересиран се разбира) проверувајте да не случајно го upload-ирал каталогот ;).
-
Штета, сега ќе треба да купуваме кутии од логинг по петпати поголема цена...
-
Или сами да си ги правиме... јас мислам ова е најпаметен избор, цените на кутиите во Login се премногу високи :S.
-
Колку се цените во логин ?
-
Па не знам, не се 5 пати поскапи, ама се дефинитивно барем 2 пати поскапи (барем последен пат кога видов, ова се донесува на пластичните кутии).
-
Па не знам, не се 5 пати поскапи, ама се дефинитивно барем 2 пати поскапи (барем последен пат кога видов, ова се донесува на пластичните кутии).
А колку се цените во електроинвест ????
-
Па не знам, не се 5 пати поскапи, ама се дефинитивно барем 2 пати поскапи (барем последен пат кога видов, ова се донесува на пластичните кутии).
А колку се цените во електроинвест ????
2 пати поевтини од логин :)
-
А колку се цените во електроинвест ????
Па зависи, ама на пример помалите кутии се движеа околу 100-200 денари, поголемите околу 300, 400, 500 денари. Во Login истите (или слични) кутии беа сигурно дупло (а некогаш и повеќе) поскапи.
-
Вака се мешам ама Електронинвест имаше и добри ладилници со екстра цена!!
-
Абе супер што затвараат - сега ке можам да си ги продадам 555 -ките по десет денари за парче! ;)
-
Абе супер што затвараат - сега ке можам да си ги продадам 555 -ките по десет денари за парче! ;)
aма со подножје како кај нив?
Иначе сменете го насловот на темата оти продавницата не се затвара. затворена е и просторот се издава.
-
Јас мислам да не се затвора се додека не се дознае колку „стока“ му останала на газдата и по која цена ја дава, можно е да има заинтересирани кои сакаат да ги купат производите со некаков си попуст ;). Бидејќи јас веќе купив нешто од таа роба (еден RC метар) можам да ви кажам дека има попуст ама не е огромен, со други зборови производите не се „баш како за џабе“. Дава некаде меѓу 25% и 50% попуст на производите, што мислам дека е фер цена ;).
-
Дава некаде меѓу 25% и 50% попуст на производите, што мислам дека е фер цена ;).
види тоа е распродажба, или ке стави добра цена или ке му стојат деловите дома како со нова електроника.... еве еден пример јас последно што прашував беше за еден транзистор кој кај нив беше екстремно скап и беше 500 денари а појак транзистор од тој во друга продавница е 270 денари. Да не зборам за странство каде што тој транзистор од 500 ден тамо беш помалце и од 1 евро. И што, ке ми даде попуст од 30 или 50% Пак е премногу и нереално. Стварно ми се смачи од вакви работи па ми иде да си нарачам од странство па макар биле 50 парчиња во кутија.
-
Добро, јас искрено повеќе мислeв на мерни инструменти и мерна опрема, не на делови. А искрено мислам дека и газдата мислел на попуст на мерни интрументи, не толку на делови (освен ако деловите не се скапи се разбира). Јас RC метарот го земав со 25% попуст, што според мене беше фер цена за квалитетот на инструментот и опсегот на мерење, како и прецизноста на мерењето (чинеше 2000, ми го даде за 1500 денари). Јас и кога го post-ирав topic-ов, мислев дека повеќето ќе бидат заинтересирани за купување на мерна опрема, не на делови. Или ако купуваат делови, декa ќе купуваат цела кутија, или некоја друга поголема количина ;).
-
Абе за 555 не ти треба подножје,неуништиви се :D
-
aaa не се, мене ми се скина една жичка од него >:(
-
Баш е штета што се затвара електронинвест трафата беа ефтини :D
-
на негово место е ASWO!!!Бев таму има неколку работи за жал!! :'( :-[
-
Ништо немаат, вчера барав подножја за ИЦ и немаа... :o
-
A што продавница е тоа ASWO нешто за електронски компоненти или пак нешто друго? :)
-
има нешто делчиња!!Најосновни (најбарани од електроничарите) како некој транзистор и неколку интергрирани!!
-
Колку што видов, сега за сега не се нешто ептен снабдени со компоненти, можеби во иднина малку повеќе, но можете да нарачувате компоненти ;).
Јас од таму си земав „трето раче“ за 270 денари, а слично такво (ако не беше и исто) во Loging беше 500 денари ;). Еве и слика од него ;).
(http://img820.imageshack.us/img820/2990/sdc10507r.th.jpg) (http://img820.imageshack.us/img820/2990/sdc10507r.jpg) (http://img375.imageshack.us/img375/7921/sdc10508.th.jpg) (http://img375.imageshack.us/img375/7921/sdc10508.jpg)
-
Handy tool nice! ;D :D ;D :D
-
лалалала GW јас имам исто такво за 200 денари од пазарче ;D