Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: gerce on 27.05.2015, Wednesday, 23:03:14

Title: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF, шасија 21CK-3
Post by: gerce on 27.05.2015, Wednesday, 23:03:14
Здраво.Телевизорот има проблем со тоа што кога ке го вклучам на напон светне зелена диода за вклучено,но кај хоризонталниот степен се слушаат осцилации како да сака да се вклучи ВН трафо но несака да се вклучи.Измерени се напоните од 9,12 и 103 волти на секундар. Дали е можно да е отидено ВН трафо?Проверени кондензаторите на B+,транзисторот исправен,мерен напонот за ргб засилувачот 230 волти што ми е   чудно а треба да биде 180  волти,ама пак на излезот за 25 волти од ВН  трафо нема ништо.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 28.05.2015, Thursday, 22:21:04
Прашањето не е, дали е неисправен трансформаторот туку, Која е шасијата!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 28.05.2015, Thursday, 22:49:35
Тома шемата ја најдов како neo tv-1423.Шасијата не ја знам.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 28.05.2015, Thursday, 23:13:38
Шасијата е напишана и означена на самата шасија.
Решение е слика од шасијата или да се испишат ознаките на релевантните елементи како што би било, ознака на процесор, високонапонски трансформатор, вертикално излезно „коло„, тонско коло, тјунер, итн итн итн...
Ајде напиши или сликај па да одиме понатаму!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 28.05.2015, Thursday, 23:20:22
Слика немам мегутоа деловите се:
процесор-st92195
видео процесор-stv-2248
вертикала-tda-8174
тон-tda1905
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 28.05.2015, Thursday, 23:43:21
Овие податоци се недоволни за да се определи која е шасијата.
Под NEO TV-2151TXF и NEO TV-1423 има најмалку три различни шасии.
Дај го линкот од каде ја имаш симнато шемата за NEO TV-1423ххх (NEO TV1423ххх).

процесор- ST92195 а што следува после 5!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 28.05.2015, Thursday, 23:45:24
Еве ја шемата.
заборавив да напоменам дека напојувањето е различно од оваа на шемата. Другото е се исто.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 28.05.2015, Thursday, 23:57:14
Дали сликата е слична со твојата шасија!

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/trh1t3b54f0pmcuzrku9.jpg)
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 28.05.2015, Thursday, 23:58:42
Не.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Zan on 29.05.2015, Friday, 00:00:30
Прочитај ја ознаката од шасијата. Зошто непотребно ги комплицираш работите?
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 00:11:39
Зошто тв-то е на еден пријател па не е кај мене за да ја видам шасијата.А шемата ја најдов по моделот на тв-то.Да не погодуваме цела вечер што е како е имам уште еден ваков Neo tv-2151 дефектен тв дома само со друга шасија.Утре ке ја видам шасијата и ке ви пишам.Проблемот со тв-то што е кај мене беше соберана слика по хоризонтала и јако пиштење на хоризонталниот степен. По проверка на кондензаторите и транзисторот почна воопшто да не стартува.Ама ајде тоа ке го оставиме за утре.Поздрав
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: GigaWatt on 29.05.2015, Friday, 14:43:50
Да не погодуваме цела вечер што е како е имам уште еден ваков Neo tv-2151 дефектен тв дома само со друга шасија.

Па нели се различни шасиите ???. Зошто да ги гледаш ознаките на тој што го имаш дома кога станува збор за различна шасија, нема поента ???.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 29.05.2015, Friday, 15:55:47
Вака gerce и останати кои читаат и имаат потреба понекогаш да побараат помош.
Името или „брендот„ во денешни услови кога најмалку „79.56%“ од апаратите од белата техника и електрониката  доаѓаат од таму од кај изгрева сонцето, илити Кина не значи скоро ништо или „2.38%“ нешто. Тие произведуваат разни склопови а и готови производи од било која област а истите се вградуваат во разни „марки и модели“ кои носат бомбастични имиња (се вели трговска или комерцијална „патка“) за да може да му се потури (читај да се излаже потрошувачот).
За да не должам многу најмеродавен податок (96.39% ) за кинески прозводи е точниот назив или ознака на шасијата од лице место (иако понекогаш и тоа не е доволно)
Во корист е!, на оној кој бара помош, да ја напише ознаката на шасијата, ознаките на сите IC-а, екран, високонапонски трансформатор и друго што смета дека е релевантно.
Пред да ја постави темата со сите релевантни податоци,потребно е да ја опише неисправноста, каква е и со што се манифестира и да напише кои дејствија ги има направено и што и каде има мерено со податоци за истите.

Во случајот NEO TV-2151TXF и NEO TV-1423 се безвредни податоци или податоци за погодување!
Па сега кој како сака и милува, а Севишниот нека му е напомош!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 17:35:13
Toma,потполно си во право.Зборот ми беше дека на шемата што ја закачив хоризонталниот степен е потполно иста,и према неа и јас се ориентирав при барањето на дефект.Затоа мислев дека од неа ке може да дискутираме и да најдеме решение.Бидејки тв-то пред да дојде кај мене ја собирало сликата по хоризонтала пред воопшто да ја снема сликата.Многу добро ми е јасно дека има разлика од тв до тв во шасиите,но мислев дека шемата ке биде од помош.Инаку gigawatt да го имам истиот модел на тв дома со исти проблем,само што незнам која е шасијата и дали е истата како претходниот.Затоа до после ке ви пишам за моделот на шасијата па да пробаме да најдеме заедничко решение.Се извинувам за недоразбирањето.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 29.05.2015, Friday, 21:34:39
 Ако сликата без деформации само се стеснувала (десна слика), логично би било сликата да се издолжува (слика лево ама издолжување) кое би требало да е резултат не намален B+.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/8yic2vgb6apjqy08s2ku.jpg)
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 22:07:40
Toma,тв то што ми е дома е со шасија 21ck-3.Сега пред малку го разгледував,значи кога го вклучив првиот пат слика имаше ама стесната.Ги проверив кондензаторите на B+ мрежата и оние кои што се во хоризонталата и се беше окк.Исто така го мерев транзисторот и тој е добар.Е кога го вклучив повторно покажа бела слика со повратни линии.Го мерев B+ напонот и е 117 волти арно ама сега нема слика и се слуша пиштење на ВН трафо претпоставувам,и кога ке се доближам до него мириса на изгорено.Инаку напојувањето е ок.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 29.05.2015, Friday, 22:40:26
Шасијата  21CK-3 е со TDA9351PS-N3-3 во кое нема тонско коло TDA1905 а има  AN7523N и TDA8174A и тоа би била шасијата 21CK-3, а ти приложи шема со ST92195xxx во кое има TDA1905, што би требало да значи дека шасијата е TV2K. Шасијата  T2S01 исто има ST92195xxx но нема TDA1905.
Ајде сега снајди се!!!

Лоша снимка ама шасија 21CK-3
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/0yvozx14gp8gjju3w2um.jpg)
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 22:43:06
Тома јас ти приложив шема од претходниот телевизор кој беше исто NEO-2151 само со друга шасија.Овој е друг тв што ти ја кажав шасијата.
Затоа уште сношти спомнав дека неможам да ја видам шасијата бидејки тв-то не е кај мене,ама имам друг со исти дефект.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 29.05.2015, Friday, 22:57:56
Под NEO TV2151 има неколку шасии и тоа: NEO TV-2151TXF, Ch. PX20025----5C, NEO TV-2151TXF Ch. 21CK-3,  NEO TV-2151TXF Ch. T2S01(06), NEO TV-2151TXF  Ch. CTV5 (ST) итн...
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 23:06:17
Сега станува збор за шасија 21ck-3
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 29.05.2015, Friday, 23:16:20
На сликата за 21CK-3 на местото каде што треба да стои ВН трафото првиот пин од десно има син кондензатор и по на десно кафен. Прво погледај дали тие се во ред.
А тоа
Quote
покажа бела слика со повратни линии
Имаш ли 200V.

Дали напојувањето е со CQ0765 или со трите транзистори...
Дали ВН трафото е BSC24-2422DK.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 29.05.2015, Friday, 23:42:34
Напојувањето е со 3 транзистори, а вн трафо е тоа.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 00:01:54
Класична постапка.
Исклучи го колекторот од ВН транзисторот да „виси„ и на местото на плусот од кондензаторот за В+ спрема минус (маса) приклучи светилка од 220V 100W и вклучи го ТВ-то со далечинскиот управувач и пиши што се случува.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 30.05.2015, Saturday, 17:32:55
Светилката свети.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 17:48:05
Quote
На сликата за 21CK-3 на местото каде што треба да стои ВН трафото првиот пин од десно има син кондензатор и по на десно кафен. Прво погледај дали тие се во ред.
А тоа
покажа бела слика со повратни линии...
Имаш ли 200V.
Ако имаш тестер за ВН трансформатори испитај го постоечкиот.
Ако немаш тестер тогаш познат од тебе исправен ВН трансформатор поврзи ги В+ Сol, Abl и маса да се осигураш дали е неисправен постоечкиот ВН трансформатор.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 30.05.2015, Saturday, 18:17:51
Tома наместо напон од 200 в има 117 волти,а кога се слушне клик како да сака да стартува напонот доага до 130 волти.Синиот кондензатор ми покажува 9 микрофаради а кафен нема,има црн кој е 4,7 микро 160в и тој е исправен.Немам тестер за ВН трансформатор а ке пробам да најдам некое исправно ВН трафо па ке пишам што е како е.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 18:29:25
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/21_CK_3.jpg)
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 30.05.2015, Saturday, 18:34:22
Да да во хоризонталата се е проверено.
Само да прашам дел од тие кондензатори се за отклонската намотка,така да на исклучена хоризонтална отклонска намотка треба да се појави вертикална линија,така ли?
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 19:24:47
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/21ck3.jpg)
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 30.05.2015, Saturday, 22:00:07
Toма,го пробав со ВН трансформатор(BSC 25-N0576) како што ми кажа и тв-то се вклучи.Имаше ззвук како да се демагнетизира екранот,претпоставувам дека тоа е од ВН трафо.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 22:28:05
Провери уште еднаш дали се во ред елементите посебно диодите во секундарот од BSC24-2422DK и ако тие се во ред има логика да треба да се замени истиот!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 30.05.2015, Saturday, 22:31:43
Tома ако е така да пробам да го приклучам како тест ВН трафо па да видам како ке се однесува?
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 30.05.2015, Saturday, 23:27:58
Quote
да го приклучам како тест ВН трафо
На кое трафо мислиш на BSC24-2422DK или BSC 25-N0576. Тие два не се компатабилни!
Ако мислиш на  BSC 25-N0576 не е истиот распоред и ги нема истите напони во секундар.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 31.05.2015, Sunday, 00:08:09
Мислев на оригиналното, да го поврзам да видам како ке се однесува.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 31.05.2015, Sunday, 00:14:59
Пробај !
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 31.05.2015, Sunday, 16:51:55
Предмалку пробав до оригиналното вн трафо, ги поврзав 4 те пина и несака да се вклучи.
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: Toma on 31.05.2015, Sunday, 18:19:07
Сега мене ме интересира до каков заклучок дојде и што и кои се твоите идни дејствија!
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF
Post by: gerce on 31.05.2015, Sunday, 18:27:29
Како и пред да ви пишам на форумот така и сега 100% сум сигурен дека е дефект вн трафо. Сепак голема благодарност до Тома за идејата за тестирање со друго вн трафо. Ни на крај памет не ми пагаше дека можам така да го тестирам хоризонталниот степен. Благодарам.
Title: NEO TV-2151TXF шасија 21CK-3
Post by: Toma on 02.06.2015, Tuesday, 08:24:58
Ќе напише ли некој во насловот од темата дека се дискутира за ТВ со шасија 21CK-3 !
Title: Одг: Проблем со телевизор NEO TV-2151TXF, шасија 21CK-3
Post by: GigaWatt on 02.06.2015, Tuesday, 10:53:37
Додадено ;).